1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работење заедно со партнерот

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Дали сте биле во ваква ситуација? Дали мислите дека ваквата ситуација е поволна или неповолна за партнерите? Кои се добрите, а кои лошите страни и кои преовладуваат? Што доколку се случи да морате да работите со партнерот?
    Јас со мојот се запознав на работа, да не се најдовме таму не верувам дека некогаш и би се запознале.
    Инаку тогашната работа не беше некоја сериозна, па не ни пречеше во другата врска што ја имавме, баш ни беше интересно, украдени бакнежи, смешкања, погледи... :)
    Нормално, друга е работата во посериозно опкружување.
    Ајде, вашите мислења на темава. :)
     
    На Animali и t-sweet им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Позитивната работа е тоа што ќе поминувате повеќе време заедно, иако тоа може да биде и негативна истовремено... Зависи од луѓето во врската и зависи од тоа каква е врската.
    Убаво е што таму ќе бидете измешани со луѓе и ќе го запознаете каков е партнерот во однос на другите колеги.
    Исто така, зависи од работата, зависи кој во каков сектор работи, и какви информации до кого стигаат, како тие влијаат врз работата, како врз партнерот, дали треба да ги знае, дали не треба.

    Многу фактори влијаат, од личноста, до тоа каква е врската и каков ви е профилот на работа.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Многу ми се допадна темата,пред се,зошто отсекогаш сум сакала да работам со него.Различни професии имаме,па го зафркавам да отвориме приватна фирма едниот директор,другиот заменик за да си работиме заедно :lol:
    Предност не знам дали би било тоа што заедно ќе бидеме цел ден,зошто може од работа глава да не крениме,па воопшто да не приметиш дека работиш со него.Убаво е што заедно одите,заедно се враќате,се заштедува на бензин пример.Не си создаваш фантазии дека може е со некоја колешка :lol: ,бидејќи ги знаеш сите.Негативно е што може лошо да е прифатено од околината,па да се содадат некои проблеми од другите колеги-во смисла ништо не работат,само се муабетат се шетат,заљубени гулапчиња,итн...Затоа,ако се работи со партнерот,треба дас е разграничи професионално од љубовно.

    Баш би сакала да прочитам искуство од некоја што работи со партнерот ^_^

    Мене лично,како што спомнав ми е голема желба,ете убаво ми е кога пример ќе видам двајца доктори маж и жена,си имаат ординација-како моите матични,си се консултираат за едно ,друго,си пијат кафенце,доручек,абе мераци :mm:
     
    На Tatjana95, cresa-jagoda и Inana им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Да, ама лошо е што кога ќе дојдете дома немате веќе за што да зборувате или цел ден сте биле заедно и дома пак заедно... Тоа е за мене главната негативна страна. Или пак немаш на кого да се жалиш од работата, бидејќи он се знае, или пак он ти се качил на глава, а не можеш на него да му се жалиш за тоа.

    Иако би можела пак да работам со него, ама само ако јас би била главната или да бидеме рамноправни. Не би можела да работам под него.( :wasntme: )Би имале премногу расправии и не би било добро за врската.
     
    На Animali, Dust, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Хаха, и јас како Rainbow си ја најдов љубовта на мојот живот на работа :D
    Кај нас позитивно беше тоа што бевме од сосема различен сектор, и долг период немавме никаква (принудена) директна комуникација на работа. Не бевме ни во иста канцеларија, така што се случуваше воопшто да не го видам некој ден на работа. Лани дечко ми напушти и отиде да работи во друга фирма, јас уште сум кај овие :devil:
    Мене лично би ми пречело ако моравме на пример да поминуваме низ период да бидеме заедно и на работа, да имаме директна соработка. Едноставно, премногу ми е да го гледам нон-стоп на работа, па после пак....Не знам, мислам дека на моменти не би можела да исконтролирам некои мои реакции, сигурно би ми се испуштило „душо“, „срцко“ итн :$ . И на него многу би му пречело истото, сме разговарале за ова. Можеби затоа и ни опстана врската, поради фактот што на работа се гледавме многу ретко...Среќа што имаме сосема различни професии, така што не верувам дека би имале прилика заедно да работиме, па дури не би можеле ни заедничка фирма да отвориме (како Ели25 и партнерот ;) ), од што не се наоѓаат професиите ама баш никаде, во ниедна точка :)
     
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Со оглед на фактот што јас со момчето се запознавме на факултет, воопшто не ми смета и сега што работиме заедно...

    Таков ни беше факултетот - бараше многу заеднички труд, па заедно си учевме, си правевме програми... што кога излезе случајно да треба да работиме заедно, нас ни беше и добредојдено... имаме веќе пракса во тоа и многу добро сме синхронизирани...

    Башка, после тоа, дома, не трошиме време за она - како си помина на работа.... :lol:

    За мене е убаво, затоа што знам дека имам некој кој ќе се грижи дали ќе заглавам или не на работа, и со кој секогаш можеме да ја преполовиме работата со цел да имаме повеќе време за нас двајцата...
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Се разбира дека има и предности и слабости во се', па така и оваа ситуација не е исклучок. Но сепак зависи од личноста и карактерот на секој од нив. Има луѓе што сакаат повеќе слобода, колеги и колешки од работа, друг муабет, отколку оној со партнерот. Но јас лично кога би се нашла во ваква ситуација би била многу среќна. Мислам дека со оној што го сакаш и 24/7 да си заедно никогаш нема да ти биде здодевно. Се разбира, нема сигурно партнерот постојано да е со тебе, ќе се разделите некогаш на пауза или кафе, тој со колега, ти со колешка и слично. Значи за се' има решение. :)
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас па отсекогаш сум сакала да се разграничи работа со љубов.
    Секако против љубовта не можеш да одиш и ако се случи на работното место одлично, иако нели и да нема љубов барем кај повеќето девојки има симпатии за одреден вработен и обратно, па си го исполнуваш времето за трачарење со колешките и манијачење ако ништо друго :D
    Зборот ми беше јас никогаш не сум имала желба да работам со дечко ми. Работа си е работа, за тоа си имам колеги со кои можам да комуницирам нормално, со кои не мора да внимавам што зборам зашто после нема со нив во кревет да одам, можеме и да подвикнеме и подкараме, си имаме класичен однос на колеги.
    Со дечко тука е полошо, може да се карате за работа и проблемите со работа и дома да ги пренесувате и не дај боже да си ја уништите љубовта заради работата. Јес да кај некои може напротив ќе се зацврсти, ама па аман 24 часа на ден само и само со него. Јас па лично сакам и приватен живот па дома кога ќе отидам не сум го видела со часови да му се џитнам во прегратка. А лично немам проблеми со љубомора и со тоа он нешто прави со колешки и обратно тој за мене да го мисли тоа, го имаме разграничено и тоа, така да мене глупа ми е таа причина за желба заедно да работиме за да видам што прави со колешки. Тој што работи ќе работи, тој што сака да швалерисува секаде ќе го прави тоа.
    Сепак тоа си е различно мислење, јас сакам дечко ми да ми е дечко/маж што и да е, додека колегите да ми се колеги :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сум се нашла во ситуација да работам заедно со партнер порано. Всушност и се запознавме на работното место и после неколку месеци почнавме врска иако јас работев со негов другар во др.компанија со него не се знаев од претходно. Она што со сигурност можам да потврдам е дека секојдневното гледање развива блискост, јас бев излезена од сериозна врска претходно и при излегувања контактите со спротивниот пол ми беа тогаш лаузи, вака спонтано го прифаќав и му дозволував да ми се доближува постепено, еден врнежлив ден кога скоро сите беа на терен поради вонредни околности ние бевме во ретките кои останаа в канцеларија и мислам дека тој заеднички поминат ден беше кулминацијата на зближување кога првпат разменивме броеви, па потоа ми прати неколку пораки за пријатно попладне и добра ноќ пред да ме покани да излеземе за првпат. Инаку имаше убави моменти онака едвај чекаш да одиш на работа, се дотеруваш со посебна инспирација, очекуваш да видиш дали ќе ти ја забележи новата фризура, па као случајна размена на допири и погледи, насмевки веќе да не правам муабет :D .

    Откако стартувавме врска се искомплицираа работите искрено повеќе отколку позитивни имаше негативни моменти. Во позитивните и јас ќе ги наведам украдените бакнежи и допири (не си сама Рејнбоу), заедничкото доаѓање и заминување, заедничко доручкување и кафе значи доста време се поминува заедно, доста се помагаш меѓусебно и со обврски, но и со совети околу др. колеги и надредени. Ама :!: кога бевме нешто лути пречеше тоа во смисол на зголемена нервоза и опаѓање на концентрација, зголемена раздразливост и колку да се трудевме иако сепак не направивме крупни нарушувања на професионалноста дури и кога не работев со него, кај себеси ја мразам таа црта што кога имам некој поголем приватен проблем не успевам да го исклучам дури сум на работно место. Значи сум успевала да бидам професионалана и да сум навремена со сите обврски, ама длабоко во себе знам дека голем дел од енергијата ми ја црпел проблемот кој иако не се видело ми ја намалувал продуктивноста и расположението. Да имам свич копче за исклучување на ова би било идеално. Затоа, сепак би сакала во иднина да не сум на исто работно место со партнерот сепак мислам дека мене лично повеќе ми одговара оваа опција за да нема трансфер на приватни негативни емоции на професионално ниво или обратното некоја закачка на работа да придонесе за дигнати носеви и дома. И згора на се‘ сметам дека е подобро да се има повеќе слободен простор за подобар развиток на врската во целина.
     
    На RainBow и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D мислам дека имам некаде спомнато ама ајт ќе си пишам пак, мое искуство.
    Јас тазе дипломирана се запослив во една фирмаааа и таму имаше еден дечко кој ужасно ме нервираше. Се замислуваше типот нешто и летеше во облаци. Избегавав да бидеме во иста канцеларија. И така си поминуваа деновите и јас контам дека тој е еден од газдите и си викам ок, мора да се понаша и лигави малку како и секој друг газда :$ .
    Моја девиза беше и сеуште е дека работа и задоволство не се мешаат. Типот ме навлечува на некои теренски работи као јас тоји уште еден колега, успат паѓа кафе, некогаш ручек али јас ни на крај памет дека тој скромно си крои планови. И една сабота звони моб. и као нема кој јас и ти мораме да го завршиме ова а успат земи клучеви од канц. да земеме печат јас сум ги заборавил. И мене ми пука филмот и викам ајде уште ова ама ќе мора некако да се разбереме за работа околу викенд. Завршиме раб. и као ај на кафе и викам ај, тамн да расчистиме некои работи. Типот отвора карти и јас целата :x :x :x . Да скратам...
    Беше упорен и на крај ми се вовлече под кожа :) . Тој го остави тоа партнерско место, започна врска со мене за да после 1,5 год. ме ожени :D . Да и ден денес ми е маж :D .
    Нашата врска уште од старт се издефинира дека работа и задоволство не оди заедно. Имаше жртва од негова страна ама така се поклопија коцките да се отвори друг пат за работа.
    Еве денес на пр. само делиме канцеларија заедно ама многу ретко се среќаваме да работиме во исто време (некој мора да го чува малиот). Иако тоа ни е приватна работа и ни е од втор степен на земање приходи. Иако сме различни професии од друга страна пак се надополнуваме околу завршување на некои обрски и златно правило постои да дома не се дискутира за работа. Ако и работата ја носиме по дома кај ќе ни биде крајот ;) .
    Како и да е, тоа е мое искуство и според мене мислам дека не е ок ако двата партнера работат заедно. Тоа мешање на емоции и не постоење на некаков си мал авторитет не е позитивно за вршење на работа
     
    На cresa-jagoda, Ariel и eutixismena им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Досега не ми се случило партнерот истовремено и да ми е колега, можеби затоа што се омажив пред да се вработам :D
    Инаку не сум за работење заедно. Бизнис енд плежер строго одвоено.

    Веќе имам кажано дека по природа сум си малку љубоморна и посесивна, па претпоставувам дека ќе сакам целото слобоно време (пауза) на работа да биде со мене, да ми се насмевне кога ќе ме види, гушки, бацки итн.итн., а тоа би ми пречело во поглед на продуктивноста на работата. Повеќе ќе се замарам како изгледам, дали ми е размачкана шминката или ми штрчи некое влакно на фризурката, отколку да си ја гледам и вршам квалитетно работата.
    Од друга страна пак, ако сакам да бидам со колешките, а тој сака за време на паузата да сме заедно или обратно, пак би можело да дојде до судир на интереси и нормално конфликт.

    Ако цело време сме заедно и на работа и дома, само за работа ќе збориме. Работата ќе си ја носиме дома и обратно, врската ќе си ја носиме на работа. Ако пак ни се поврзани работните активности и обврски, не дај Боже јас да сум му шефица, па кај дома шефувам, уште и на работа :wasntme: ќе биде весело.

    Според мене- не... подобро секој од партнерите да си има посебно работно место, затоа што може не сакајќи (притаено) работните и љубовните проблеми и недоразбирања да се испреплетат и поврзат, а тоа никому не би му било од корист, напротив само би се одразило негативно и на врската и на работата.
    Вака тој на работа, јас на работа, а дома заедно.
    Попросто кажано, здравје :D
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мајка ми и татко ми работеа едно време заедно, колеги беа. Не се гледаа многу на работа затоа што работеа во различни хали. ама знам дека јас и сестра ми тоа време ќе ги истепавме. Дома само за работа се зборуваше. По цел ден, сите нервози им беа од работа, сите муабети им беа за работа. На ручек за работа се збори, додека гледаш филм за работа се збори, по телефон за работа се збори, абе ужас. |(
    Сега полесно се трпат :)
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.734
    Немам вакво искуство.
    Порано бев сигурна дека не сакам, ама сега веќе не сум :)

    Во случај да работиме приватно, во наша фирма, дефинитивно да. Имаш исти цели, на иста бранова должина си, и никој не може да ја заврши работа како некој свој. Мал семеен бизнис ми е сон во последно време.

    Имам една пријателка, работи заедно со сопругот. Им се случувало тоа - дома да се зборува само за работа, и на крај се договориле дека за работа може да се зборува само на работа, и во кола, кога одат или се враќаат од работа. Не се заедно во канцеларија, ама имаат допири буквално секој ден, и тоа го гледаат како позитивна работа, зошто секогаш си прават услуги еден на друг, па работата лесно оди :)
     
    На cresa-jagoda и joelle им се допаѓа ова.
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Па зависи каде работиш, јас во минатото не сум имала случај да работам со мој партнер, а сега еве веќе 2,3 години работам со мојот сопруг ( ако се смета тоа дека имаме кафетерија и работиме заедно секој ден, тој малку повеќе, а јас малку помалку) :$ :lol: и можам да кажам дека не е едноставно, нити ми се допаѓа тоа работно место, не само за мене, туку и за него, како за мене така и за него, доаѓаат секакви луѓе и мажи и жени и сега не секогаш ќе бидеме пријатно изненадени со по некоја случка, па ќе дојде до љубомора, па ајде мала караница..........не сум ЗА што се однесува до мене, но засега немаме друго решение и од тоа живееме па за натаму ќе видиме нешто подобро :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    интересно имав вакви ситуација каде партнерот ми беше и колега се криевме од повекето колеги па интересно беше :D по некој скриен бакнеж па азебанции по смс хахах убаво у секој случај
     
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Pozitivno bi bilo samo dokolku se raboti vo sopstvena firma kako sto rece ariel.. Inace ne postoi nisto pozitivno ako se raboti zaedno.
    Sto ako se zatvori firmata nenadejno? Ostana familijara na ulica.
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Од мене не. Особено ако заедно се живее со партнерот.
    Едната причина убаво ја изложија погоре. Ако се затвори фирмата, фактички цело едно домаќинство на улица додека да се најде нова работа. Но, во меѓувреме, тоа би претставувало одење се` отпочеток кога е домашниот буџет во прашање.

    Друга работа. Што доколку во фирмата има високо компетитивна атмосфера? Што ако мораш всушност да се натпреваруваш со партнерот? Што ако надредениот е повеќе задоволен од работата на едниот отколку од работата на другиот и тоа го покажува отворено? Едниот потсвесно ќе се чувствува инфериорно во однос на другиот (ма колку и малку да важи за амбициозен) и ете ти, носење на проблемите од работа дома. Наместо да се тешат еден со друг за проблемите, вака постои голема тенденција, расправиите да се носат дома.

    Трета работа. Не е пожелно да се биде во исто окружување со партнерот 24/7 подолг период. Не го сметам за здраво за еден ваков однос. На некои им успева, мислам, ама пожелно е во текот на денот мааалце да се одмориш од нечие присуство.
     
    На SwanMay, cooll, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Важам за прилично независна личност која единствено се` потпира на себе кога станува збор за некаков проект, план или слично.

    Воедно, не претпочитам тимска работа и според тоа би ми било многу тешко да водам бизнис или да бидам вработена во иста компанија заедно со партнерот. Тоа е така бидејќи слабо поднесувам некој да ми шефува, бидејќи тешко наоѓам компромис. Затоа сметам дека е најдобро секој одделно да си работи.

    Волците сити, овците на број што велат.
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Ami ne rekovme sefica da ti bidi.Samo koleska.
    Partnerka jes da e ekvivalentno na sefica ama sepak..:D
    A spored opisot ne so partnerka,treba da baras firma vo koja edinstven vraboten ke si ti.
     
    На Glasna и Valerin им се допаѓа ова.
  20. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Имам работено заедно со дечко ми во иста фирма но бевме во сосем различен сектор. Мојата работа немаше никаква поврзаност со неговата па си функциониравме супер. Во текот на целиот ден се гледавме само на пауза па можеби поради тоа беше и така. Но доколку би работела скоро цело работно време со него не би сакала. Можеби и би доаѓало до конфликти поради работата па да се чувствуваме напнато и двајцата.