Порано покрај редовната работа имав и ангажман на уште 2 места да речеме за викенди и беше супер со приходи плус. Дали сте за ангажман на повеќе места? Мене конкретно не ми беше напорно, напротив бев исполнета и финансиски немав проблеми. Но со тек на време таа хонорарна работа се намали и сега сум само на плата. Ваше искуство?
Повеќе работи истовремено е многу напорно. Можеби навистина е финансиски исплатливо но цело слободно време да го трпшиш на работа долг период ми е неприфатливо. Бев во ситуација еден период да имам работа плус и сфатив дека не е тоа за мене.
И денес работам по повеќе работи, но не со темпо како порано од причина што сега немам толку понуди за хонорарна работа, поради корона кризата пред се, а и се ограничив да прифаќам понуди кои се исплатат. Она што бара ангажман, а носи малку пари, одбивам.