Ракомет

Discussion in 'Спорт' started by angel4e121, Feb 25, 2011.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Joined:
    Aug 1, 2013
    Messages:
    1,212
    Likes Received:
    1,290
    Убав спорт е ракометот. Не сум многу добра кога е во прашање ракомет, иако не е некоја филозофија.
    Да речеме дека сум просечна.
    Но затоа најмногу сакам да гледам ракомет и со нетрпение чекам да дојде зима само за да гледам светско/европско првенство...
     
  2. zezez

    zezez Истакнат член

    Joined:
    Feb 16, 2014
    Messages:
    11
    Likes Received:
    3
  3. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Joined:
    Mar 25, 2014
    Messages:
    4,860
    Likes Received:
    22,261
    Gender:
    Female
    ракомет... ехх ;(
    - овдев на ракомет цели 7 години... :/ бев тотатло заљубена во тој спорт ама на секоја утакмица морав да повредам рака, нога,грб што и да е секогаш бев оштетена... :lol: :lol:
    - имав многу планови со ракометот... се додека не се појави дечкими, сега маж се заљубив во него и полека почнав да се тргам од спортот и се омажив. секако дека не се жалам за тоа пресреќна сум.. ама кога ќе ми спомнат сега ракомет плачам хихихиихихиххих :D :D
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2014
    Messages:
    3,307
    Likes Received:
    22,601
    Gender:
    Female
    Ајде нека ни е со среќааааа :party: :party: :party:
    Денес ни тргна ракометот и Вардар и Металург..
    Ајде ајде Вадрареееееееееееее
     
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Девојки да не знае некоја кога излегуваат во продажба влезниците за натпреварот помеѓу Вардар и Фленсбург и по која цена? :)
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Joined:
    Sep 15, 2012
    Messages:
    1,153
    Likes Received:
    1,399
    Повелеле :)
    http://www.kurir.mk/sport/rakomet/15439 ... -Flensburg
     
    Vikica.cuci likes this.
  7. SimonLimon

    SimonLimon Истакнат член

    Joined:
    May 11, 2012
    Messages:
    28
    Likes Received:
    7
    Девојки и момци, дали некој/а од вас има купено карта за натпреварот Вардар- Фленсбург и дали ја препродава? Итно ми треба една карта, па ви се замолувам ако има некој нека ме контактира во ЛП.
    Фала однапред. :)
     
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Луѓе, гледа ли некој ракомет?
    Вардар го игра првиот натпревар од двомечот против Флензбург на гости во Германија, на полувреме имаме водство од 1 гол, резултатот на полувреме е 13 : 14.
    РК Вардар има животна шанса за прв пат да се пласира на големиот FINAL FOUR турнир во Лигата на Шампионите за машки ракомет!!!
    Одлична игра во првото полувреме на нашиот Вардар, пред се на голманот Ангелов кој буквално здиве на голот, од желба за победа и поволен резултат ми изгледа дека ќе ги изеде стативите!
     
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    1,517
    Likes Received:
    1,059
    Слаби Фленсбург, после олку промаршувања од Душебаев и Дибиров можеа со поголема разлика да водат, плус дома играат. А и ние можевме да водиме и да си сме посигурни. Се надевам дека во Скопје ќе ги здробат 8)
     
    GordanaL likes this.
  10. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Браво, секоја чест за дечките, херојски се бореа и играа со срце!
    Почетокот не ветуваше многу, Германците го отворија резултатот и држеа водство се` до 8:5, а после Ангелов влезе во ритам и со неколку добри интервенции ја стопивме разликата, па дојдовме до водство од 1 разлика и се играше гол за гол се до полувремето.
    Многу сум разочарана од Дибиров, премногу технички грешки и изнудени шутеви од неизградена позиција, форсира од мал агол на лево крило без потреба (немаме ни пасивна, ни ништо!).

    Во второ полувреме Германците ја стегнаа одбраната, и се до 35тата минута имавме водство од два гола, и во рок од една минута дојдовме до -1.
    Нормално, и добар потег на нашиот тренер, земавме тајм аут, и ни се одби од глава. За само три минути веќе бевме во негатива од 3 гола.
    Дибиров повторно направи неколку очајни грешки, Лазаров промаши пенал, а во одбрана Абутович доби 2мин исклучување.
    Цели 10минути игравме без постигнат гол, и преку пикер погодивме за 24:22.
    Почетнички, очајни грешки на Вардар во последните 2 минути и Германците имаа шанса преку контра да ја зголемат предноста, ама Ангелов се здиве и не видоа гол.

    Игор Карачич беше најпрецизен со 10 гола, Брумен изигра одлично во одбрана, натпреварот го изгубивме во промашените пенали и технички грешки (имавме 5 повеќе од Германците ако не се лажам).
    Според мене, колку и да сум пристрасна - последниот шут требаше да биде гол, ама среќа што судиите го поништија. Не знам кога ќе се научат дека на 30 секунди до крај, топката се држи до последниот свиреж, па ако треба се шутира во публика само за да се добие на време, а не се прават глупости!!!

    ''Мала'' забелешка за судиите, тие романските цигани - гром да ги утепа косата ми побеле од нервоза, гласот ми се фати од крештење, добро свиреа се до моментот во второто полувреме кога Вардар поведе со 2 гола, па 3 пати им поништија гол и ги вратија на 9 метри!!!

    Искрено, верувам дека во Скопје тешко им се пишува на Германциве, како што гледам уште од сега имаат страв во коски, рацете ќе им се тресат во Борис Трајковски.
    Негативата од 2 гола ќе се стопи на домашен терен со КОМИТИТЕ.

    Ќе ја играм кец у кец, сигурна ко солза, ALL IN!!!
     
    GordanaL and Dog-lover like this.
  11. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2014
    Messages:
    1,630
    Likes Received:
    13,331
    Gender:
    Female
    Ние супер си игравме (освен тоа што бевме малце несигурни и неодлучни) и мислам дека дури можевме да победиме, ама ради овоа судииве што не ни признаа 5 гола победија Германчиштава.
     
    1.9.9.2 likes this.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2014
    Messages:
    3,307
    Likes Received:
    22,601
    Gender:
    Female
    Одлична игра!!!
    Да се знае кој е кој, макар што можевме и да победиме со тие промашените пенали. А плус и непризнаените голови. Ама тоа е, беше и помина среќа што голманот Диви не спаси скрос.
    Како и да е сега е редот кај нас, едвај чекам, и како и до сега така и сега ќе бидам таму и ќе си навивам.
    Ајде ајде ајдеееееееее Вардареееееее!!!!!!!!!! :inlove:
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    4,641
    Likes Received:
    23,871
    Gender:
    Female
    Го гледате ли натпреварот? Страшна атмосфера има во салата, браво!

    Се надевам дека барем Вардар ќе влезе во полуфиналето, кога веќе Металург нема. :)
     
    Dog-lover likes this.
  14. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Joined:
    Sep 15, 2012
    Messages:
    1,153
    Likes Received:
    1,399
    Иако сум фан на Металург, сепак навивам и за Вардар. Искрено многу ми жал заради сето што се случи, но дефинитивно судиите беа тие кои го уништија сиот натпревар. Да победеа Флензбург, а да немаше вакви испади на судиите немаше да ми биде криво како што ми е сега.

    Но, главата горе!
    Следната година финалето ЛШ ќе го играат Металург - Вардар! ;)
     
    Ivy89 and Dog-lover like this.
  15. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Joined:
    Feb 13, 2013
    Messages:
    1,510
    Likes Received:
    3,743
    Gender:
    Female
    Cе бореа до крај и играа со срце! !! Бравоо ! :muscle:
    Ова не беше пораз !!! и тоа каква победа беше. :)
    Ја гледав цела утакмца и можам да кажам дека не уништија судиите !!
    Сепак секоја чест за момците !!.

    ВАРДАР :l: :l: !
     
    Pirana and Gordana10 like this.
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Јас незнам зошто секогаш судиите ни се криви нас. Далеку од тоа. Да дека имаше неколку грешки во судењето, но имаше и на двете страни грешки. Последниот пенал беше коректен. Е сега што нашиве не успеаа да се справат со притисокот и да ги одржат тие 3/4 гола предност, тоа си е наша грешка.
    Јас сум фан на Вардар и ми е премногу кирво што на крајот се изгубија и дозволија да им се случи тоа. Но како што кажавте, нема потреба од разочарување, баш напротив, огромен успех е ова, им покажавме дека Вардар може и знае да се носи со европски клубови како Хамбург, ПСЖ, големата Барселона итн.
    Другата година и понатаму да одиме!
    А и од догодина очекувам повеќе Македонски ракометари, оти нели Македонски клуб е :)
     
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Јас избегнувам да ја гледам кривицата и да се вадам на судии, ама добро, ПО КОЈА ЛОГИКА СЕ КРЕВА РАКА ЗА ПАСИВЕН НАПАД ПОСЛЕ 15 СЕКУНДИ АКТИВНА ИГРА?
    Кој пенал бил коректен? Оној што им го досудија откако ни ја земаа топката на пасивна? Фаулот врз играчот на Фленсбург беше направен на 8 метри, а тоа не е простор за пенал.
    Пак ова ЕХФ мафијотиве... Нервен слом ќе доживеам од нив...

    За пофалба е што ниту еден клуб не го победи Вардар во Скопје!
    Прво полувреме беа катастрофа во одбрана, за разлика од второто кога се соземаа, а и Германците влегуваа од грешка во грешка.
    Што да кажам за играта, уште сум под импресии, ова е најгорката 'победа' на Вардар сезонава.
    Горда сум на публиката, го гледав натпреварот со луѓе од други земји и цели 60 минути треперев, буквално секое влакно на телото ми се наежи, се препотив како да сум излегла од под тушот.
    Баш ми се измешани чувствата.
    Вардар денес ми го наполни срцето, ама ми го испразни новчаникот!

    П.С. Викицацуци, тоа што Вардар е Македонски клуб не значи по дифолт дека Македонците мора да бидат во поголем процент и да имаат поголема минутажа.
    Вардар е Македонски клуб, а не Македонска репрезентација. :)
     
    Dog-lover likes this.
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    ^^^
    Јас сфаќам дека како Македонски клуб немора да значи дека повеќето ракометари да бидат Македонци. А, и фала шо ми објасни дека е Македонски клуб, а не репрезентација, за малку смешав јас :)
    Инаку, мене друго ми беше муабетов. Тоа е напишано во контекст на тоа што постојано се изјавува како тоа Македонскиот ракомет е во напредок, а потврда за тоа се нашите клубови, како Металург и Вардар кај мажите, така и ЖРК Вардар кај жените. Е сега мене малку тука ми е криво, да дека Македонскиот КЛУБСКИ ракомет е во напредок, ама поради што? Поради еден куп странци кои играат кај нас, а притоа има и доволно добри Македонски ракометари кои со сигурност би биле одлични, но само доколку им се даде шанса да играат. Тука лежи и проблемот со нашата репрезентација во моментов, а и во годините што следат. Ракометарите остареа, некој мора да ги замени. А кој? Ракометари кои имаат голем потенцијал, но кои секако немаат големо искуство на големите натпревари и играат само во нашава "лига". На пример Пецаковски.
    Така да јас само напоменав дека чим веќе Македонскиот ракомет е во напредок, зошто не им се даде шанса на овие млади играчи? Зошто не им се помогне во стекнувањето искуство и подобрувањето на нивната игра? Како инаку тие би се развивале и би го достигнале својот максимум, играјќи средношколски натпревари?
    Да не ме разбереш погрешно, цел мој живот сум со ракометов, го пратам постојано и сум во тек со настаните. Памтам и кога Македонските клубови со Македонски ракометари успевале и ја покорувале Европа. Имаме потенцијал, треба да го искористиме, а не само да носиме играчи од страна. Нели некогаш си се запрашала зошро Данците, Норвежаните и Французите, Германците и во голема мера Шпанците и Хрватите секогаш ги имале најдобрите клубови и репрезентации како во машка така и во женска конкуренција? Токму поради гореспоменатите причини. Тие ги задржуваа своите играчи во своите клубови(со исклучок на Хрватска во последниве две години), а дополнително тие се развиваа и во својата репрезентација.
     
  19. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Те разбирам што сакаш да кажеш, и согласна сум со тебе дека Дејан Пецаковски е жив пример за тоа. Но, колку ги има такви како него? И дали знаеш дека Дејан цела негова кариера се влече со повреди, и тоа е една од причините што немаше напредок (освен оваа сеозна во Металург, бидејќи Червар си носи негови третокласни играчи на екскурзија).

    И на мене ми е криво што не им се дава шанса на младите (читај - не се работи правилно со младите), но во овој Вардар нема простор за повеќе Македонци, барем не во следната сезона. Доволни се тие што ги има, а најголема грешка според мене беше заминувањето на Ојлевски.
    Приоритет на клубовите е освојување на титули, а не градење на млади македонски играчи.
    Младите почнуваат со 5минути игра, па зависно од покажаното се зголемува или намалува нивната минутажа, а сезонава во Вардар и немаше баш голем избор на млади таленти (овој проблем има многу долги корени, ама не би да почнувам сега).
    Не е тоа затоа што Вардар не ги направил, туку едноставно толку ни е силата, а за понатака ке видиме.

    И јас го пратам ракометот, само за разлика од тебе јас цел живот сум директно вмешана во овој спорт, не само во Македонија туку и подалеку, па знам некои работи малку подобро. :)
     
  20. Tara12

    Tara12 Нов член

    Joined:
    Apr 25, 2014
    Messages:
    28
    Likes Received:
    0
    тренирам сега омилен спорт ми е , во свети николе (овде) има а сигурноо има и во Скопје. Во цела гемерацоја од сите женски знам да играм