Епа вакааааа не сретнав ваква тема ако грешам делит со вереникот планираме после свадбата да живееме сами (тој има стан, скоро го купија) но распоредот воопшто не ни одговара. Значи има две големи соби, кујна и wc нормално е сега терасите се попуштени така да има простор за уште една соба и комотна тераса. Со оглед на тоа што планираме 3 соби да имаме треба да направиме некаков распоред и сето тоа да почне веќе да се средува, но немаме никаква идеја како сето тоа да го направиме Би ми биле добредојдени вашите совети и вашиот распоред на собите.
Радо би ти помогнала, но те молам макар груб нацрт на расоредот да ни дадеш, зошто вака ништо не правиме.
Станот ми е двособен. Плус кујна. Има и две тераси. На едната тераса се излегува од кујната, а на другата од спалната и дневната. Собите се големи. Купатилото е мало, ама тоа ич не ми е проблем. Дневната и кујната ги дели врата. Ходникот е голем. Задоволна сум од распоредот.
Јас во станот имам кујна и трпезарија во една соба, дневна во друга и спална и вц. А во куќата нова трпезарија и кујна и дневна ми се пуштени со полу круг и имам спална и детска соба салон вц и тераса исто се и двата ката истиот распоред го имаат само што во долниот кат има плус уште една соба односно подрум. Поздрав.
Јас би платила архитект да ми направи план и распоред. Братучед ми така направи, ко кутивче го средија станчето.