1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Koга бевме таму да се распрашаме, се разочарав. Салата несредена во сета таа праисториска дрвенарија и излитени столици, ужас... :o А патот до горе полош од било кога, недај боже некој пијан сват ќе напраи беља! :geek: Чекавме сто саати некој да дојде да ни каже кога како колку што за свадба, тој што дојде комуњара невидена, еден од келнерите беше, несреден таков, неуслужлив максимално. Таму единствено вреди 1)локацијата , 2)манастирчето и ништо друго! Не ме ни зачуди што за разлика од сите останати, скоро цело лето викендите им беа слободни а сепак е место кое е пред се за летни свадби.
     
    На enca.69 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Алондра, во која сала беше на свадба?[/quote]

    Sun.shine бев во реновираната, онаа на сликата. Инаку младоженците не пречекуваа кај клавирот. :)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па затоа толку дерат за свадби на Пантелејмон, сега ми е јасно :)

    Како и да е, јас кога бев салата беше убаво средена, столици немаше дрвени ниту крцкави, туку убаво беа украсени. Јас си поминав топ, а мислам дека и останатите гости ја фалеа свадбата.
    Мене не ми смрдеше на комунизам ништо. Навистина. Но, може да се променило искрено не знам.

    Ама Грл и ти си избрала убаво местенце, глеј само да не паѓаме ко пингвинчиња на стомак и да лизгаме по подот фиуууу :D Сакам барем едно пајдушко да изиграм :wasntme:

    Се шалам ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Tие се столиците, ама замаскирани, а да појдеше према кујната ќе видеше шо е комунизам, ќе појдеме на пивце да видиш. Ко осумдесет и треќата.
     
  5. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    694
    Како што читам така и јас се пронаогам во она што го кажувате за Белви и останатите ресторани.Не ми се веруваше но сварно се нељубезни и ич незнаат да ти ги земат парите,ги чекаш едно саат време,па после уште саат за термин да видат и сл.
    Па затоа кога отидов во Њу стар се изненадив од гостопримството нивно и од салата и веднаш се решивме за таму и сега на лето ќе правиме свадба таму,а и пристапни се со цените,имаат супер услови,најбитно што е нонстоп е чисто и сл.
    Се надевам дека ќе ми биде супер свадбата :)

    А и јас ги избрав навлаките и ќе бидат со златната боја.
     
  6. Malecko-sk

    Malecko-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    А бил некој на свадба во ресторан Бисера во Аеродром ? :^)
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Не сум била, ама сум зирнала милион пати додека имало свадба пошто ми е во маало. Мене баш и не ме бендисува ресторанот. :?:
     
  8. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    Навистина ме чуди што кажувате за доплаќање за навлаки по 50 ден.
    Ние закажавме во февруари, за септември, и ништо не ни спомнаа за доплаќање..
    Се надевам дека нема да не зезат.. :(
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Континентал за свадби е топ, јас не би рекла дека немаат услужлив персонал напротив таму баш се сите ок. Бар на сите свадби што сум била и периодот кој сум го поминала таму. Ова со реновиранава сала баш ме заангажира за да се распрашам. Што се однесува до декорацијата за разлика од другите хотели е поефтино или пак мислам дека и не се плаќаше, колку што знам имаат неколку нијанси на чаршафи и комплети меѓутоа тој што прв ќе си закаже и резервира тој нели има предност да бира во случај ако истиот ден има повеќе свадби. Што се однесува до самите сервиси за на маса се ретики од оние кој користат целосни прибори значи сите големини на тањири и се знае која чаша за што е, по два пара виљушки и лажици. Пред се за тоа се професионалци нема што. Така да и мене едно од местата каде што би правела свадба ми е континентал.
     
  10. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    .. а какви се Вашите искуства со Ореов лад???
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^Јас сум била на летна вечерна свадба во Ореов лад, не е лошо, само мене не ми се допадна што гостите се раштракани, и освен збогатеното мени со мушички и летечи инсекти, другото е ОК.
    Е сега вчера почнавме да бараме ресторани, ние планира(в)ме свадбата да биде во октомври, меѓутоа се е зафатено до декември. А од тоа што прошетавме ништо не ми остави посебен впечаток, барем не е како што јас си замислував. Потрагата продолжува денес.
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Aко правите во големата сала се доплаќа 50 денари од столче, а ако правите во малата, за сега промотивно е бесплатно.
     
  13. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    pa da..vo taa sredna ili kako mu doaga, za 300 gosti sto e...
    dobro e ako e taka, zosto ova vo dogovorot nikade ne e spomnato..pa ako saka moze da ti rece "vi kazav" ..
    kako i da e, se nadevam deka nema, mi izgledat dosta profesionalno taka da ke vidime.
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам некој бил или правел свадба во Ханибал?
    Ве молам да споделите искуство.
     
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Сум била на 5-6 свадби, до мојата има време, здравје Боже... :D

    Сум била Ханибал 2 пати, како помала... Некако првиот пат поубаво го памтам. Помалку, но поубаво. Вториот пат шабански ми се виде, морам да признаам. Зима беше, затворена и не-толку-голема соба со тепих ко шо има секој дома, розово, мноооогу розово, и она шо е за да поминат младенците под него, арката, се нишаше. :rock: Знам нешо со оган дека донесоа у 00, ко на роденден се осеќав, фламбирано самтинг. Социјалистички ми беше ептен, барем тогаш. Имаше колички за послужување шо е океј, али од оние пластичните ко во градинка шо имавме. :D Плус чашите не се кршеа од патос, тепихот некако... :^) :D

    Континентал, не. Ако имаат нешо ново ок, онаа старата сала шо е и за матури и за се` живо останато, не.

    Пантелејмон, шо да кажувам... Си вреди локацијата и манастирот. Не ме бендиса тоа столаријата останата од Ное, тесно е, со некои пластични завеси? затворено демек да не дува, а ДУВА. Пола свадба надвор на ѕидче ја пројдов, со флаша и сако од братучед ми и Скопје си го глеав. Преубаво е горе, романтики невидени се, али ресторанот... За денски на пита и кисело млеко, да. :D

    И Палас, демек најлуксузната... Беше, шо е за право, не викам не. Лично, мноооогу ми се допадна приемот, во холот. Кај клавирот, тој дел ми е прекрасен. Салата, пааа... :wasntme: Арно е, подобро од останативе дефинитивно, мноооогу се играше памтам, пространо е. А големка свадба беше. Океј е, ме бендиса.

    И на веридба сум била на Водно не ми текнува хотелот/ресторанот како се викаше. Таму тргнав по скали надолу у вц и завршив у стриптиз бар. :angel:
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми се допадна Ханибал од тоа што го видов до сега. Порано може било крш, ама сега е реновирано. На прво место ми беше Журнал ама зафатени се термините.
    Еве како изгледа сега Ханибал
    http://www.hanibal.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=79&Itemid=35
    Ме интересира храната, услугата каква им е...
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со Олимпија? Слушнав дека било многу поволно, многу убаво, само го фалат. Во Радишани е.
    [​IMG]
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    368

    Да да, стварно е убаво...услугата добра ама и храната им е ств убава, сум била 2-3 пати еднашка заборавиле во порцијата компирчиња да ми стават па кога приметија ми донесоа цел тањир, најубави им беа хахаха
    може малку плочките се лизгаат ама во целина ств ми се допаѓа
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Мои блиски беа сега во Февруари на свадба во Ханибал,рекоа дека предобра услуга имало нон стоп трчале да не треба нешто,храната била одлична и местото поголемо од порано
    Јас бев на свадба кај другарка и ми се допаѓа,убаво е.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На 2 свадби бев во Ханибал и реновирано е, не е лошо. За средна свадба е супер, не е wow, ама колку пари толку музика, али ако е со повеќе гости нема кај да играш, едната од свадбите беше со повеќе гости и изналупале маси една до друга и играње 2 на 2 метри.

    Иначе го фалите Александар Палас. Да нели добро е приемот кај клавирот, коктел, али мене друго не ми се допаѓа ич. Многу се строги, ко на некое дефиле да сум, не на свадба. Не прави ова, не прави она, не ова, немој таму столот, чашата ваму. Интимна атмосфера на свадба и тоа во Александар палас е невозможно. Има некоја ладна атмосфера. За да се видиш со некои роднини треба да земеш двоглед. Никогаш таму не би правела свадба.

    А континентал ме потсетува на времето од друже Тито.

    Мене ептен ме бендиса мала свадба во Рагуза. Ама значи збориме за мала свадба. А Ореов лад ако има бубачки тогаш има и во Белви летно време, тоа е нормално на свадби на отворено со опкружување со зеленило. Јас ептен ги бендисувам тие летни свадби на отворено. Ајт еден убав ден може ќе имам таква свадба за неколку години :lol:
    А Белви од лани летото сменета е шефицата, новава е катиљ која ќе го унакази местото! |(
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.