Дали знаете отприлика колку се двизат цените во Ореов лад? Се се токмиме да одиме, никако да тргнеме... Па вака барем ориентационо да знаеме колку би не чинело!
Тоа е на пример ..приемот е од 7 до 7 и пол...значи понудата важи до 12 и пол. Понатаму се наплаќа, ама 5 часа и трае свадбата. А менито е сеуште тоа, само цените се со едно евро плус оваа година. Во цената не спаѓа торта, украсување и икебана на главна маса. Исто така има неограничено пиење, но жестоко си носите вие
Денес бев во Ореов лад. Цените ќе бидат зголемени за едно до две евра минимум од ова чудо што ми го прати, не се нормални. Имаат реновирано, стварно, ама се испозанеле според мене. Мислам цените можеби се во ред, само што мојов џеб не држи толку, хахахаха! Ама затоа ресторан Езерце на езеро Треска, е веќе друг муабет... Најскапо што може да фати е 12 евра, со тоа што жестокиот пијалок си го носиме сами, а во тие 12 спаѓа и украсување на салата, а погледот, луѓе, бесценет... Кога ќе имам повеќе време ќе ви го постирам менито, прекрасно е!
Здраво девојки, имам едно прашањe за сите кои веќе правеле свадба. Спремам свадба во јули во ресторан Ромео и Јулија ама во новиот кај Пинтија. Ме интересира мислење на некој што веќе бил или правел свадба таму. Неодамна слушнав мн лоши критики и ме фаќа паника. Ми кажаа дека пиењето не било ладно, услугата не била добра, храната ја носеле со комбе, климатизацијата не била добра. Би сакала да слушнам мислење на некој што бил таму. Фала.
Jas sum bila i na svadba i na stara nova godina i stvarno bese mnnogu loso se sto nabroja gore dole e tocno neznam za hranata ama klimatizacijata i pienjeto bese katastrofa!!!
Ми требаат совети... сè во врска свадба Девојки дали некоја правела свадба во ресторанот Ромео и Јулија или има слушнато гласови некој за таму?
За сите што си планирате свадби: обавезно погледнете го New Star во Визбегово. Скоро бев на свадба и преубав впечаток ми остави целиот амбиент
мислење за ресторан Ексклузив во Кисела Вода? или Рагуза? не знам што да изберам за свадба околу 120-130 луѓе. help please
Во Ексклузив правев матура и не ми е местото за свадба (можеби и може да се изведе убава атмосфера, не знам), а во Рагуза бев сега на веридба со околу 90 гости и беше преубаво, таман ти е местото за толку гости
И мене Рагуза повеќе ми се свиѓа, многу е поубав ресторанот од Екслузив, кој воопшто не ми е за свадба. Ние мислам таму полуматура правевме.