Колку често ги поставувате? Како реагирате кога ќе ви ги постават и како "одговарате" ? Спојлер Не дојдов до ваква тема, па доколку сепак ја има КЛУЧ!
Реторски прашања Мразам кога ми ги поставуваат и затоа јас воопшто не ги поставувам. Мајка ми и татко ми се родени за да ми поставуваат вакви прашајна. Прееска на пример ме гледа дека пијам вода и ме прашуа шо прајш.... И што да му одговорам?!?? Од такт ме вадат. Или на сабајле за на училиште мајка ми,знае дека сум закаснета и упорно 5 милиони пати ме прашува Нема да закасниш?!
Реторски прашања Се случува да ги поставам, не често али се дешава. А коа ќе ми ги постават, исто, одговарам саркастично или само убацувам еден поглед Во главно, немам ништо против реторичките прашања, се зависи од ситуацијата, на човекот се може да му се испушти
Реторски прашања Секогаш кога си доаѓам од некаде татко ми ме прашува „Си дојде?“ "Ноу дад, итс мај гоуст“ Или на фб кога ме праша некој „шо прајш?„ „Оро играм “ Зар не знае, дека сум на писи лол
Реторски прашања Избегнувам да ги поставувам можеби некогаш на шала. А кога мене ќе ми го постават, одговарам во зависност од ситуацијата, најчесто со малку сарказам и иронија. Некои од нив се навистина смешни.
Реторски прашања Обичо не ги поставувам...Чат пат онака на шала... Ама преку глава ми е од тоа кога татко ми нон стоп ги поставува..Гледа јадам Што праиш...Гледа нервозна до в даске Како си.... Глупости
Реторски прашања Јас никогаш незнам да одговорам ниту па го користам прашањето кога ќе ме сретни некој: Кај си? ух зар не ме гледа пред него
Реторски прашања Жените не сакаат да им се поставуваат прашања. Секогаш кога ќе ми се јави газдата на тел. а јас на работа и ме прашува ,,што правиш,, а јас ,,еве седам,,
Реторски прашања Одговарам саркастично Доаѓа мајка ми и ме гледа како јадам и ми вика: ,,Јадеш'' ? -Не. Седам на маса и го гледам јадењето.
Реторски прашања Кога ке си дојдам од некаден и ке ме прашат:Ее си дојде ли (Не те носам дирекно на очно). Понекогаш и јас знам да поставам реорски прашања ама или на шала,или нешто ми се испушти
Реторски прашања Јас во веце. Мајка ми: Што правиш? Боже господе жено еве, учам за стафилококи и салмонела ебаго.
Реторски прашања Во 07:30h пред школски двор, другарка од клас: Ејјј што правиш ? идам на нива да копам, со ранец на грб
Реторски прашања Што правиш? и Кај си? во 90% од случаите се реторски употребени. Те среќава некој на улица -Кај си бе? Не знам што да одговарам на такви прашања. Не сме в темница па ќе ме бара кај сум. Колку во муабет да се најде човекот. Инаку истиве само за на телефон ги употребувам и таму му е и местото. Можам да прашам некого каде е и што прави само кога не го гледам.
Реторски прашања И јас имам слични прашања од мајка ми како една од феминките погоре. Јас во купатило. Доаѓа мајка ми на врата: Мајка ми: green.eyes? Јас: Молам, мамо? Мајка ми: Ти ли си? Никогаш не сфатив што сака да и' одговорам уствари....
Реторски прашања Кога ќе се вратам навечер: "Се врати?" -Е не, уште сум надвор Ретко поставувам реторски прашања, а кога некој ќе ми постави одговарам со сарказам и иронија
Реторски прашања Ги мразам тие прашања можеби на шала да ги поставам или да ми се испуштат Како на пример мајка ми: Дојде од град?(а ме гледа пред врата) Не надвор ќе стојам Или од комшите дојде од школо(а јас со ранецот на грб и ме гледа дека си одам на кај дома и упорно ме прашува) И јас што ќе речам Да Или татко ми иде оод работа а јас јадам ми вика што правиш? Седам на стол и се пулам во јадењето еба го Господе божее Ама колку да се најдат во мубает
Најдоброто реторичко прашање е,дали им верувате на политичарите?! Сега го прочитав на окно како анкетно прашање,а многу често кога ќе го чујам си се прашувам пак јас себе,зарем верување и политика оди заедно?! Како да верувам?!