1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    Ми треба рецепт за посна торта, ама побогата. Има ли некоја?
     
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    http://moirecepti.mk/?s=Посна торта
    Еве имаш овде.
    Мене за што и да ми треба рецепт секогаш барам на странава.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    aj ovde kje prasham. za pocvrst da e shlagot za da moze da se ukrasuva podobro mi rekoa sherbet da stavam. kolku kolichinski sherbet odi na primer kesa shlag i dali treba da chekam da se oladi sherbetot?
     
  4. nikolija2

    nikolija2 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Овошна торта
    -5 јајца
    -10 супени лажици млака вода
    - 10 полни супени лажици брашно
    -10 супени лажици шеќер
    - едно пециво
    - 15 супени лажици шеќер ( за шлагот)
    - јаболки 1 кг и тесто
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.311
    Пол:
    Женски
    Некој колач со банани?
    Имам дома повеќе, па да ги потрошам.
     
  6. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Некој рецепт за торта со кафе и слично од искуство која Вас Ви се допаднала? :)
     
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Најлесната и за мене највкусна :) .Бисквитна торта.
    Бисквитите ги потопуваш за кратко во млеко со јакобс кафе,редиш ред колкава сакаш да ти биде тортата и мачкаш со фил по желба или пудинг.Би ти предложила со карамел фил..Па редиш бисквити и повторуваш со фил.На крај ја филуваш со хопла.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Фала ти :*
     
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Торти со кафе :inlove:

    Иако во основа секоја класична пандипан и ванила или чоколадо крем торта можеш да ја збогатиш со кафе или со попрскување на пандишпанот со истото или со додавање во кремот.

    Еве што сум правела

    Чоко- мока торта
    d4cd7650bc3a7ceab3ae75deb0328443_view_l.jpg
    За дното
    - 200 гр мелени чоколадни бисквити
    - 100 гр ситно кршени лешници
    -120 гр омекнат путер

    Се мешаат состојките да се добие хомогена смеса и се обложува дното на кружно тавче и ставаме да се лади

    Ганаш
    - 150гр чоколадо
    -75 мл слатка павлака

    На оган ја загреваме павлаката, тргаме и го фодаваме чоколадото да се стопи. мешаме убаво да се соедини и прелеваме врз тортата

    Мока крем
    -200гр чоколадо
    -60гр путер
    -2 жолчки
    -170 мл кафе ( еспресо е во рецептот )
    -250мл слатка павлака изматена
    -1 желатин
    -50мк течна слатка павлака

    Го ставаме желатинот во вода да набабри.
    Кафето да е ладно.
    Ги топиме путерот и чоколадото и ги додаваме жолчките и матиме со миксер. Ги додаваме желатинот, течната павлака, кафето и убаво изматено ставаме во фрижидет да се лади. На крај ја додаваме и изматената слатка павлака и ја филуваме тортата и ја оставаме преку ноќ да се стегне.

    Ама утредента имаме фантазија што се топи во уста :mm:
    Малку захтевна за правење е иако не се печи, ама вреди за секој миг потрошен на неа.


    Како фан на Џејми Оливер, сум ја пробала и оваа негова торта ао кафе иако повеќе би ја нарекла колач ама е вкусна
    1-Najubavata-torta-so-kafe-na-Dzejmi-Oliver-www.kafepauza.mk_.jpg


    Потребни состојки

    -200 грама мелени бадеми
    -200 грама темно чоколадо
    -175 грама путер
    -70 грама шеќер
    -4 јајца (со одделени жолчки од белки
    -20 мл јако еспресо

    Начин на подготовка:
    Загрејте ја рерната на 170 степени и подгответе го тавчето со масло и хартија за печење. Додека се загрева рерната стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот и еспресото. Потоа матете ги жолчките и шеќерот околу пет минути, односно додека добиете бледа густа смеса. На таа смеса прво додадете ја смесата со растопеното чоколадо, а потоа и мелените бадеми. Во друг сад изматете ги белките, па и нив додајте ги на новата смеса. На крај, останува само уште да ја испечете тортата во добро загреаната рерна околу 25-30 минути.


    Или како што ти спомнав погоре, еве една вкусна варијанта

    Нескафе торта / Капучино торта

    ness-torta.jpg

    Тесто
    -6 јајца
    -140 гр шеќер
    -200 гр брашно
    -30 гр какао
    -ванилин шеќер
    -прашак за пециво

    Се мешаат брашното, какаото, ванилин шеќер и пецивото. Јајцата се матат со шеќерот па му го додаваме брашното мешаме со шпатула и печеме на 180 степени 30тина мин.
    По ладење сечиме три кори

    Крем
    -200гр шеќер
    -200гр омекнат маргарин
    -50мл млеко
    -5 жолчки
    -4-5 лажички нескафе/ капучино

    Се мати добро и се лади во фрижидер

    Прелив 1
    -100гр шеќер
    -200мл вода
    -малку арома рум

    се зоврива и се прелеваат трите кори

    Прелив 2
    -50гр шеќер
    -30гр маргарин
    -30мл вода
    -лажичка нескафе / капучино

    се зоврива и се премачкуваат трите кори

    Се реди кора-фил до крај и се лади. Вкусна кафе торта.


    Се надевам ќе пробаш некој рецепт:)
     
    На Tatjana95, SunnyGirl2, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, може да го пробам рецептот со лешниците и онака ги имам вишок, и рецептот од предходната членка, па ајде на торта кај мене:lol:
     
    На ♡BuBaLe♡ и bebaa им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
  12. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Жени, помош. Стопати го имам правено филот со пудинг млеко и жолчки и секогаш си излегуваше мазен и кремаст. . Синоќа ја спремав тортата за роденденот на ќарка ми и кога го направив филот видов дека има мали трошки од пудингот низ него. Да го фрлам ли или може да се поправи некако? Да додадам ореви сецкани? Совет, било каков? Не ми се допага идејата да го оставам таков бидејки и при јаденје се осеќаат грутчињата пудинг.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Додади ореви, лешници, бадеми, желе, ресани..... Нешто од ова ќе ти заврши работа.
     
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    @La.loca рецептот го има напишано Bubale погоре за чоко мока торта, само што јас ја направив без жолчки :)
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    @Kikikikiri0405 Еве ти рецепт :)
     
    На ♡BuBaLe♡ и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Да кажиш што стори, може во иднина на друг ќе му се најде за совет :mm:

    Мене еднаш ми поздагоре филот, ама во огромно тенџере го варев, 32 жолчки имаше, па фати на дното малку загоре и при претуривање во друг сад ми се изгреба од кората фатена на дното. А во цајтнот бев, огромна торта за родеднен правев, да купувам јајца и наново да правам немаше шанса, а рецептот беше грчка торта, во филот одеа 2 кила ореви мелени, чоколади рендани и бисквити кршени, па ризикував се да оди по фира, но на крајот не се осети воопшто ништо :lol:
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Некој да има убав испробан рецепт за трилече? :wasntme:
     
  19. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    ТРИЛЕЧЕ
    За тесто: 10 јајца, 300гр шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 300гр брашно и 1 кесичка пециво. Се матат јајцата и шеќерот, се додава ванилиниот шеќер и откога добро се измати се додава брашното и пецивото. Се пече на 180 степени. Се вади испеченото тесто настрана да се олади.
    Во длабок сад на тивок оган се става 1 литар млеко, 1 литар хопла и 300мл кондензирано млеко, се загрева но не да зоврие. 1/3 од ова се става во плехот од тестото, се става тестото, а останатите 2/3 од млекото се дотураат на два пати.
    Одозгора се става 800гр карамел.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Фала :) Ќе се проба сигурно.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.