Ролати од месо

Discussion in 'Рецепти' started by Viiiiip, Oct 20, 2010.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2010
    Messages:
    839
    Likes Received:
    400
    Рецепт за ролат од месо, што е вкусееен и убав на изглед за сервирање??? :D
     
  2. feit4eva

    feit4eva Истакнат член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    7
    Likes Received:
    1
    Знам неколку.

    1. Поголемо парче чисто месо (бифтек на пример) се засекува подлабоко, отприлика на средина и се чука со тој кујнскиот чекан да дојде со дебелина од околу 1-1,5 цм. По желба може да се премачка со масло или со маринада. Се ставаат по цела должина парчиња шунка или печеница, рендан кашкавал, печурки. Потоа се витка како ролат, се врзува со кујнски конец и се прицврстуваат краевите со чепкалка. Потоа се пече, надворешниот дел да биде попечен, а внатре посочно.

    2. Мелено месо, зачинето по желба, се замесува и се расплескува на проѕирна фолија. На средина се ставаат варени јајца, се витка со помош на фолијата и се става да се испече. На пола печење може одозгора да се премачка со кечап, да се стави сусам, ким, афион, а и не мора.

    3. Месото исто како за бр. 1. Филот се состои од пропржен кромид, малку сварен ориз, сварен сецкан спанаќ и несолена изварка. Сето тоа измешано убаво, по желба зачинето со вегета, бибер, кари, копар. Се премачкува врз месото во не многу дебел слој (најмногу 1 цм), се витка и се пече.

    4. Мини ролатчиња од месо. Помали парчиња чисто месо, се чукаат да бидат потенки и полесни за ролување. Се прави смеса од урда (или меко ронливо сирење), мајонез, сечкана шунка (убаво е и со сечкана чајна колбасица-ама помрсно е така), по желба може и сечкани кисели краставички (малку, колку за вкус). Се става од смесата врз месото, се витка, повторно може да се прицврсти со кујнски конец или чепкалка и може да се пржат, печат на скара или похуваат.

    * Месото во сите рецепти е по желба. Свинско, пилешки стек, бифтек, битно е да е чисто, или со најмалку можно маснотии.
    **Последниот фил може да се користи и за големите ролати. Исто како што и претходните два може да се искористат за мини ролатите.
    ***Немам наведено бројки бидејќи се си правам од око и по вкус.

    Совет: Да не се претерува со кашкавалот и сирењето бидејќи на лесно се топат па може да истечат од ролатот.
     
    RedWine likes this.
  3. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2012
    Messages:
    109
    Likes Received:
    61
    Ммммм....овие ролативе се многу вкусни,ама и за око се онака супер! Посебно тој со варените јајца на средина,многу убаво изгледа,ама и другиве се убави! Ајде кога ќе пробам да направам некој од овие рецептиве ќе се пофалам обавезно! :)