Плескавици од компири лупиш околу 1 кг компири и ги рендаш (значит живи ), потоа рендаш и 2 лавици кромид, им тураш сол ги оставш пет минутки да отстојат, им ја истураш водата (не премноу да се цедат) се става 2 јајца 2, 3 лажици брашно, 1 лајца вегета , бибер , сол, сето се меша и се добива смеса која не е баш сува ( значи смесата не е сува како за плескавици од месо туку е потечна), на загреана тава со зејтин ставаме од смесата со лајца и настискуваме одозгора да добиете облик на мала плескавица , пржетеи и превртете без страв , нема да се распадне. Количината на компирите и не е битна , не мора да се кило компири кратете , додавајте али да си ги направите овие плескавици многу се вкусни, кај нас дома овие плескавици се стандардно јадење
Во последно време ги правам печени ама со лушпа. (Ова важи за млади компири, оние со тенка лушпа) Значи не ги лупам компирите, убаво ги мијам и во зависност од големината ги сечам на две, три или четири тркалца. Ги редам во тавче за печење со маслиново масло, ги посолувам со вегета, додавам пола филџан вода и врз секое компирче ставам парче маргарин. Превкусни се, лушпата дава посебен вкус.
На една свадба во предјадењето имаше како овие салативе со павлака/мајонез што се, меѓутоа основата беше компир. Сервирано беше како топка сладолед и го осетив вкусот на компирот само не знам како го имаа приготвено. Дали некој знае од прилика? Патем, превкусно беше.
Вчера го прочитав рецептов и цела ноќ не спиев И логично за да ми се исплати несоницата денес си го направив Превкусно беше,само што јас во јајцата ставив и сирење,пробај и така,супер е.
Па вака, незнам дали мизлиш на ова. Јас имам една салата нон стоп ја јадам, зиме бидејќи ни гори шпоретот и можам во секој момент да си сварам компир. Значи ти требаат два големи компири или четири помали, две или три јајца, зависи дали сакаш да оди повеќе на јајца, сирење и некои ја јадат со шунка ама ние дома слабо ја јадеме па не ја ни купувам посебно за салатава. Значи се ренда на големо или на мало, кога е на мало мене ми е и по вкусно ама многу ми е некако работа а да и заборавив да кажам мајонез,а како што велиш ти може и да измешаш и мајонез и павлака. Има различни варијации незнам дали на таа мислиш но многу е вкусна, само таква си јадам и тоа по цела горе наведена доза. Па можеш и како топчиња да ја направиш, во случај да не е таа нема да зажалиш ако си ја направиш ептен е вкусна а може и ко доручек и вечера да ти послужи со кифличка или лепче. Мх, мх,мх... А и да се сејаваш ли на други состојки што ги имаше како изгледаше па да ти помогнеме
Салата со туна и компири Потребно е: 1 kонзерва туна 150-200гр маслинки(исчистени од семки) 1 павлака 4-5 варени,па рендани компири Бибер,сол,зејтин(послатко е со маслинов) Сето ова се соединува,салата е преубава
Девојки јас денес прв пат пробав да направам рестован компир ама незнам зошто го утнав некако ептен ми се изгмечија компирите и не ми останаа на коцкички. Прво ги сварив потоа ги пропржив со кромид и убаво ги зачинив се си направив како што треба, но коцките не ми останаа цели ај дајдте ми некој совет.
Па може да кажам така нешто. Специфичен вкус имаше дали од некој зачин, не знам. Во секој случај ќе ја направам твојата Фалааа
Постојат многу начини за приготвување на јадења со компири и гледајќи ги сликиве сега ептен ми се сојаде. Ајде ќе ја терам мајка ми утре нешто да ми направи, сега касно е. Во прилог неколку слики, внимание компирољубките да не отвараат олку касно во ноќта. Spoiler http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/07/grilovana-kompir-salata.jpg И сега неколку рецепти... Чорба со месо, компири и домат. Spoiler Состојки: парче говедско или пилешко месо, малку масло, главица кромид, зеленчук за супа, магдонос, целер лист, зачинал, сол, лавор, мелен црн пипер, 2-3 компира, сварен и лупен домат, малку брашно, црвена пиперка. Приготвување: ситно сечкајте го кромидот и еден или повеќе моркови, како и зеленчук за супа. Потоа ситно исечкајте ги и магданосот и листовите целер и сето тоа продинстајте го на масло, а по потреба додавајте и вода. На парченца исечкајте го месото и додајте го на зеленчукот малку да се продинста. За оваа чорба количеството на месото и видот зависат од вас. Кога месото малку ќе се продинста, налејте вода до половината на садот, па зачинете со сол, зачинал, црн пипер, лавор и други зачини по желба. Оставете ја чорбата да се вари во наредните 40 минути. Кога месото е речиси сварено, во чорбата ставете ги компирите исечкани на коцки. Варете сé додека не биде сварен компирот. Кога е сварен компирот, во посебен сад направете запршка така што на маслото ќе му се додаде малку брашно, сето тоа добро измешано стевете го на рингла да се загрее и додајте половина лажица црвен пипер. Запршката се меша на ринглата и потоа ја додаваме во чорбата, мешаме уште кратко и вариме. Компир елкички Spoiler СОСТОЈКИ 5 поголеми компири 5 јајца (само жолчки) 30 г путер 2 лажички сол црн пипер мускатно оревче ½ шољичка павлака (или хопла) 1 јајце ( за премачкување) ПОДГОТОВКА 1.Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги. 2.По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка. 3.Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири. 4.Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна. 5.Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички. 6.Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака. 7.Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит. Печен компир со сирење Spoiler СОСТОЈКИ 3 компири (средни) 3 јајца 200 мл кисела павлака 100 г крем сирење 100 г кашкавал (рендан) малку сол малку Вегета малку црн пипер ПОДГОТОВКА 1.Излупете го компирот, исечкајте го на коцкички и ставете го да се вари. Кога водата ќе зоврие, варете уште околу 10-тина минути, а потоа исцедете го компирот. 2.Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег со додаток на неколку зрнца сол. Во снегот полека измешајте ја киселата павлака, сирењето и кашкавалот, и на крајот додадете ги жолчките. Добро измешајте, па додадете ги компирите и зачинете со сол, вегета и црн пипер по вкус. 3.Огноотпорна тава добро намастете ја со путер или масло, истурете ја смесата и ставете да се пече во рерна на 180 степени додека добро не зарумени одозгора. Топла компир салата со млад зеленчук Видео за подготовка. Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=XrAs9jZ2Bl0&feature=player_embedded А еве и текст за подготовка. Spoiler Состојки 3 компири Полн грст грашок 100 грама тврдо козјо сирење 4 млади кромитчиња Половина лимон 50 грама путер Една рака нане Подготовка Чекор 1: Време е за сецкање: Ќе почнеме со сечкање на различните состојки. Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки… Овде користиме жолти компири, но за овој рецепт одговара било кој вид. Следни исечкајте ги младите кромитчиња на парчиња со рамномерна големина… Лимонот пресечете го на половина… Сирењето исечкајте го на коцки… овде користиме тврдо козјо сирење за да добиеме појак вкус… На крај, ситно исечкајте го свежото нане… Тоа ќе му даде прекрасна арома на целото јадење. Чекор 2: Ставете ги компирите во зовриена вода и варете ги 15-18 минути… Неколку минути пред да ги исцедите, ставете го грашокот и варете ги заедно. Чекор 3: Кога ќе ги исцедите компирите и грашокот, на топлиот зеленчук ставете му сок од лимон и путер и оставете ги да се спојат… На крај, ставете ги сите останати состојки и внимателно измешајте за да не ја оштетите формата на компирите… Чекор 4: Време е за сервирање: Со лажица ставете во чинија и уживајте… Полнети компири Spoiler Потребни состојки: 1кг компири 2 домати 1 црвена пиперка 1 зелена пиперка 100гр моцарела 100гр свежо сирење магдонос половина главица кромид малку пропржено мелено месо Начин на подготовка: Компирот ставете го да се вари околу половина час. Кога ќе го сварите, оладете го и со мала лажичка издлабнете го за во него да направите место за полнење. На малку масло пропржете ситно исецкан кромид и на коцки исецкана пиперка, додадете мелено месо, зачинете со малку сол и бибер и ситно исецкан магдонос. Смесата оставете ја да се олади, додадете ги двата вида сирење и ситно исецканите домати, внимателно помешајте ги, па со оваа смеса наполнете ги компирите. Потоа потпечете ги во рерна во огноотпорен сад околу 20 минути на 180 степени. Доста е. Нареден пат повеќе...
ви се пријаде италијански тост од mcdonals немора да одите и таму да јадете земете сварете компири измешајте ги со мајонез и ќе го добиете истиот вкус а и повеќе ќе бидете нјаадени одколку со тостот кој е мн мал
Јас ги правам вака. Мерките се од око и по желба Ги сецкам компирите на коцки, ги ставам во некое помало тенџерче и им ставам малку зејтин, една лажичка можеби (ова за 2,3 компира) колку да се намрсат малце компирите, вегета и бибер и ги попржувам кратко, 5мин максимум (пазете да не се залепат). После им додавам вода онолку колку да се покријат компирите, ги покривам со капак и ги оставам да си се крчкаат. Ќе проверите со вилушка кога се готови компирите, водата ќе се измеша со компирите и ќе стане како сосче за мацкање. Ако не се варени компирите, а снемате вода, додадете слободно уште малку. Многу се вкусни за јадење и мацкање со мајонез или павлака. Мајка ми сака поинаку да ги прави. Ќе ги свари компирите, ќе ги исцеди од вода, па ќе им додаде врело масло и малце црвен пипер, ќе ги промеша и спремни за јадење. И вака се вкусни. А најчесто ги спремаме, сечени на подебели резанки, наредени во тавче со малку масло и зачин, покриена со фолија и во рерна.
Имам и јас еден рецепт со компири и многу е вкусен, една пријателка која живее во шведска ме научи да го правам компирите ги сецкате како за печење на кругчиња нормална дебелина, потоа додавате масло, со раце или со лажица ке ти промешате компирите и зејтинот, потоа додавате мноооогу малку лукче ситно сецкано и да не се ни приметува вегета по желба зависи јас не ставам сол повкусно е со вегета , солена хопла, односно павлака, да ги покрие компирите, и на крај мааалку млеко неколку капки и сето тоа се става во рерна и се пече ке видите и самите кога ке биде готово
Лесна салата со компири-Ги варите,ги сецкате на коцки,додавате варени јајца-исто на коцки,кисели краставички,може и шунка(мене ми е поубаво без шунка) Се додава павлака и мајонез. Лесна е,супер брза за ненајавени гости
јас ставам помалку од она малото делче од лук ...а не знам колку точно се пече сама ке си провериш кога се готови компирите на 250 ги печам. Можеби 40 мин не знам точно не сум сигурна .
Јас неколку пати ги направив овие компирчиња и се превкусни. Рецептот е на англиски јазик но верувам дека тоа нема да е проблем доколку некој сака да проба. http://www.annies-eats.com/2010/02/25/baked-oven-fries/
Компири со шунка и павлака ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 грама Шунка 1 мала лажица Црвен пипер малку Сол 1000 грама Компир 200 грама Кисела павлака Компирите ги сечеме на долгнавести парчиња. Шунката ја сечкаме на тенки парчиња. Потоа ги мешаме сите производи. Посолуваме и попрскуваме со црн пипер. На крај одозгора ставаме павлака. Печеме во рерна околу 40 минути на умерена температура. Едноставна домат чорба со компир Потребно (за 3 порции): течен доматен сос во тетрапак (или домашен), 1 кромид (може и црвен) лук суви зачински тревки сол црн пипер пиперка 1 поголем компир Подготовка: Сосот од домати сипете го во тенџерето и додадете исто толку вода (или и повеќе, зависно од саканата густина). Додадете цел кромид претходно излупен, лук, исто така, само излупен и компир исечкан на коцкички. Додајте 1 лажичка суви зачински тревки, малку сол, црн пипер, сладок пипер. Се варете околу 20 минути со повремено додавање вода, да не се згусне премногу, и повремено мешање. Место компир, чорбата може да се прави и со резенки за супа или и со резенки и со компир.
И ова е рецепт на Бади Валастро, не ми е пробан, не знам т.е. не сум била по пазар да видам дали има праз ....ако начекам обавезно го пробувам Во тенџерче прво се става павлаката да се загрее, па се додава едно рендано чешне лук (приметив дека на сите јадења Бади им додава лук ), се става малку сол и бибер. Во друго поголемо тавче се пржат 2 страка праз сецкани на ситни трчалцаа, се пржи на маслинов зејтин и се зачинува пак со сол и бибер. Во ватростално тавче се налева маслинов зејтин и се истураат (така без некој посебен ред) обични компири сецкани на тркалца и слатки компири (ако некој знае кои се овие слатки компири нека пише, бојата им беше црвена), па се става одозгора пржениот праз, па павлаката, па пак компири, праз, павлака и на крај се ренда пармезан. Се покрива со ал. фолија и се пече 40 мин. на 180 степени и уште 20 мин. без фолија. Бон апетит