Еве ја ќе ти објаснам Потребни состојќи: -Три поголеми компири(излупени и исечени долгонавесто) -5 супени лажички масло -сол -црн бибер Загреј ја релната на 246 степени Целзиусови. Стави ги компирите да се киснат во жешка вода 10 до 30 мин. После ја истураш водата и ги оставаш да се цедат на крпа. Земаш плех и на него ставаш хартија за печење и убаво ја премачкуваш со масло (4 лажички). После на хартијата за печење наросуваш сол и црн бибер. Компирите врати ги во садот и додај им го маслото па стави ги на хартијата за да се печат ама гледај убаво да ги распоредиш да бидат само еден ред, не едни над други и покриј го плехот со алуминиумска фолија. Вака ќе ги печиш едно 5 мин. и после ја вадиш фолијата.Повремено се превртуваат и се печат околу 20 мин или додека не заруменат.
Некој го има пробано рецептот? Ми се виде лесен, сакам да го направам. Компирите сигурно ли живи треба да се, да не ја утнам, некаде поназад прочитав рецепт за плескавици со варен компир?
Maјка ми прави нешто слично ама нема во тоа кромид, туку тиквичка рендана, и се превкусни. Ете сум заборавила да пишам тука. Овие се нешто слично ама мене не ми се допаѓаат поради кромидот
За оние што не сакаат прженици во последно време постојано вака ги спремаме компирите. Лупени, покрупно сецкани на коцки, се варат во покриено тенџере со вода колку за да ги покрие, со покрупно сецкани моркови. Им ставаме во варењето и една лажица сол. Кога се веќе варени додаваме и брокула, уште некоја минутка на оган, па се цедат. Може да им се додаде и зачин и загреано масло. Одличен прилог за секое јадење.
Ај еве и од мене еден рецепт за Компирчиња Компир со презла: Ги лупите компирите. Потоа ги сечете на поголеми парчиња (ако е помал компирот на пола само исечете го , а ако е поголем на 4 парчиња) потоа откако ќе ги измиете директно уваљајте ги во презлата Потоа едно по едно ставете ги во тавче (не му ставајте ни зејтин ни вода ) значи секој компир посебно да биде не еден врз друг . Посолете ги одозгора со вегета , попрскајте ги само со зејтин сите и толку Печете додека да се заруменат . Не се нималку мрсни , а превкусни се . Крцкави .. Многу брзо се прават и печат
cocolady јас истото го правам ама наместо презла ставам зачини и црвен пипер и ги печам на хартија за торти со многу малку зејтин, превкусни се Француски компир Варени сецкани компири се ставаат на дно на ватростален сад, врз него се ставаат зачини што сакаш, исецкано сувомеснато по желба и најгоре бешамел сос ( пржен зејтин со 2-3 лажички брашно и една чаша млеко се вари додека да се згусти, а на крај му се става рендан кашкавал или сирење). Тоа се потпекува додека да се зацрвени. мммммм прсти да лижеш. Оригинална рецепта за француски компир е плус со тркалца од варени јајца врз компирите, ама вака мене ми е некако тешко за јадење, па ги отфрлам јајцата.
Женски, комриите ги исецкав на мали кругови, бидејќи мали беа компирчињата. Сакам да ги испечам во рерна. Па можи да ми кажите дали да му ставам масло во плех само на дното, или треба и компирите да ги полеам, да бидат во масло.. ? Не сум искусна, заради тоа и го поставувам ова просто прашање хееххехе
Мислам дека треба и врз нив А кога ги печам јас компирите некако мнооогу време им треба да се испечат-саат време сигурно, дали ставам премногу зејтин незнам што му е проблемот. Колку отприлика време им е потребно?
Еве и од мене еден рецепт што е многу лесен, а притоа и вкусен Компирите се сешат на коцки, се ставаат во тенџере, се додава вода колку да се покријат компирите, не повеќе , се додава коцка за супа, малку сол, путер, може доколку сакате и некој друг зеленчук како морков, брокула, грашак и се вари се додека да испари водата целосно. Навистина е вкусно и здраво пред се, за разлика од пржените
Бидејќи не јадам пржени,највеќе си ги сакам варени или печени,печените дури и повеќе а ги правам така што.. Го мијам убаво компирот и не го лупам само го сечам на половина вертикално,сецкам маслинки и ги ставам врз половинките и потоа ги преклопувам двете половинки,и ги виткам во фолија како бомбончиња и ги ставам да се печат.Од маслинките самиот компир добива многу убав вкус,откако ќе се испечат ги вадам и половинките ги сечам на коцки,ги преливам со путер,вегета,чили во прав и лук.
Еден интересен рецепт за компири, мене ми е омилен, а е релативно здрав! Компирите ги лупите, ги сечете на пола па ги варите, ама не да бидат премеки, и преварени, туку до пола спремни. Се вадат и се длабат во средина, и тоа од средината се меша со сирење. Со малку зејтин се пропржува кромид, пожелно млад, заедно со перцата(зелените) и тоа се додава на смесата од компирите и сирењето, и се зачинува по избор, пожелно бибер и сол. Со смесата се полнат половинките издлабени компири и по желба идозгора се ренда уште малку сирење. Се печат околу 30-40 минути, додека да се растопи убаво сиренцето. Сe сервираат со било кое месо, салата, а јас обожавам да ги јадам само нив,или како предјадење, или како мини ручек кога не сум многу гладна. Полнењето може да биде по избор, можете и нешто друго да изберете.
овој рецепт е за сите кои обозаваат помфрит но се на диета ги лупите и ги сецкате исто како за прзење потоа ги прскате со многу малце зејтин,сол,црвен пипер...мозете и други заЧини да ставите по вкус.по плекЧе ставате хартија за пеЧење и ги редите но внимавајте да не ги лепите многу,загрејте го споретот на 200 и пеЧете 20 минути одприлика.испагаат подеднакво исти како прзените а понемрсни и поздрави се а мене и повкусни ми се така
ПОИНАКОВ ПЕЧЕН КОМПИР СОСТОЈКИ • 8-10 средно големи компири • 200 г печурки • 200 г кашкавал, рендан • оригано • сол и црн бибер • масло за готвење ПОДГОТОВКА Компирите излупете ги и замотајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава за печење, ставете ги во рерна на умерена температура и печете додека компирот да омекне. Потоа извадете ги компирите од рерна, и оставете ги на страна да се изладат. Кога компирот е доволно ладен да се држи во рака, исечете ги на половина и издлабете ја средината од половините, која ја оставате на страна. Во тава за пржење, на малку масло запржете ги печурките со зачин и оригано. Потоа, додадете ја издлабената средина од компирите, промешајте и пропржете уше 2-3 минути. Со оваа смеса наполнете ги издлабените компири, кои повторно ги редите во тавата за печење. Откако сите компири се наполнети и наредени, посипете ги со ренданиот кашкавал, така што ќе се покрие целиот компир. Вратете ја тавата во рерната и печете додека да се растопи кашкавалот.
-пржен -сварен тврдо и правам топчиња и во топчињата ставам сиренце ги увалкувам во јајца и ги пржам -на пареа со пилешко -манџа -пире -каша -пинџур -"лотки" - на пола сечен и потпечен во намрсен плех, и одозгора со вагета,сол и црн бибер итн
Јас ги правам на овој начин: Ги сечам и ги ставам во плех и ги печам. Кога ќе бидат веќе готови ги посипувам со кашкавал и јајца. Преубави се. мммм...
Јас ке ви предложам да го направите овој рецепт :http://www.kulinar.mk/recepti/Topcinja-od-kompir-i-slivi.html Всушност се работи за благо од компири....многу е вкусно,брзо и евтино за правење.
Печен компир според Џејми Оливер Млади, поголеми компири се лупат и се варат во солена вода 7-8 минути. Потоа се цедат и се сечат на кругови дебели околу еден сантиметар. Се редат на тава обложена со хартија за печење. Потоа се полеваат со масло, сол и гранчиња сушен рузмарин. Се печат во горниот дел од загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (но бидејќи рерните печат различно, гледајте кога ќе почнат да заруменуваат). Многу се вкусни и декоративни, а ако сакате да бидат покрцкави можете да ги сечете на потенко. Еве како треба да изгледаат.