Искрено денес ме изреволтира тоа што некои сакаат да стигнат до слава преку името на Тоше па сакав да видам дали и други го имаат моето мислење ..... Мислам дека е многу лицемерно на тој начин анонимни луѓе да стекнуваат слава посебно преку нешто за кое секој Македонец е емоционално поврзан ... Исто прочитав дека и некој Бугарин ја препеал истата Полско цвеќе .. па незнам дали некој гради кариери или па некој др пере пари преку тоа... Незнам дали е во ред но мене ме погоди тоа што искрено не е испочитуван како што заслужува....
Треба да се провери песните кои ги преработуваат под кои околности го прават тоа. Можеби тоа е со дозвола на менаџерите. Се прават такви работи. И понекоја од песните на Тоше е исто така преработка на грчка музика. Типичен пример: http://www.youtube.com/watch?v=vWe1F5AfkXE http://www.youtube.com/watch?v=IsneR-V5W3g
Највероватно е со дозвола, ама како може така едноставно да се продаваат неговите дела мислам дека не треба да се преработуваат ..... нека остане онакво какво што е
Според мене не е во ред да се преработуваат песните, ако е со злонамерни цели, значи би требало да се знае зошто би се преработувале истите.Мене лично не ми се допаѓа препеана песна, некако не ми е убава, за разлика од оригиналната која ми се допаднала.На ваков пример имам налетано многу пати, еден кој онака ми се коси со оригиналот и ми има оставено впечаток, тоа е дел од песните на Стинг, препеани, воопшто не звучат убаво на увце.Самиот оригинал си има своја убавина, нешто по што го прави посебен и впечатлив, а секако дека тоа ќе се изгуби ако се копира.Не велам дека некои преработки на песни не можат да бидат убави, но за дел од нив можат да бидат лоши.Затоа и би требало да внимаваат за каква цел е преработката на песните на Тоше и не е само поради неговите песни, туку општо.Доколку се за злонамерни цели, потполно се согласувам истите да се спречат, да не се реализираат.
Џабе им е се, Тоше беше еден и единствен. Но дефинитивно мора да се најде начин и сите негови песни да бидат заштитени.
Погоренаведениот пример не е во ред зашто уште додека Тоше беше жив имав слушнато дека самиот тој си има изјавено како Студена му е единствената препеана неавторска песна. Пребарав и низ Интернет каде пишува дека верзијата на Деспина Ванди е издадена во второто издание на албумот Gia (2001 г.), а онаа на Тоше во Ако ме погледнеш во очи (2002 г.) така да тоа и не ќе да држи баш. Се извинувам за оф - топик.
И да ги препеваат и да ги крадат, џабе им е. Песните не беа толку убави колку што Тоше знаеше да ги испее, така да, џабе иста кошула ќе прават со друг штоф...
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... lKjuPYeM4A Шо е бе оваааа оу мај гад лееее неписмени беее баш ме изнервираааа
Тоше ја има препеано оваа. Всушност на тој албум има неколку препеани грчки песни. Во последниот албум Тоше имаше неколку препеани песни. Меѓу нив Цреша е препеана. Затоа не го разбирам гневот на фановите што се нафрлија на кутриов пејач од Малта кога и Тоше препеваше песни, акјо некој препее негова песна, треба да се гордемее, особено ако е некаде од странство.
Спојлер Преработки се прават речиси на сите познати песни во светот, а некогаш за жал преработката е дури попопуларна од оригиналот. Во моментот ми текнува на Skinny love преработена од Birdy, а многу од тие што ја знаат песната немаат ни слушнато за Bon Iver, оригиналните изведувачи на песната, додека пак од толку преработки на Big in Japan (преку 10) бев збунета кој е всушност оригиналниот изведувач. Истото е со многу песни, многу анонимни луѓе се стекнуваат со слава преку преработка на веќе постоечки песни. Јас која и песна да ја испеам сигурно нема да бидам славна, а поентата ми е дека има нешто друго освен песната која тие луѓе ја изведуваат што ги прави славни. Понекогаш преработките можат да бидат недостиг на креативност на артистот, а некогаш и голема љубов кон песните. Не сум против преработки, нека ги има. Како на друг начин ќе се пробијат некои талентирани луѓе на музичката сцена ако не посегнат кон она што го слушаат луѓето за да можат да направат дистинкција помеѓу оригиналот и преработката? Не можете да ги заштите песните од тоа да бидат препеани. Всушност - тоа е добро за песната која продолжува да живее на различни начини и допира до различни луѓе преку различни изведувачи.
Јас сум против преработките на песните од Тоше затоа што никој како него не може да ги пее неговите песни,па колку сака нека е добар изведувач и добар пејач и затоа преработките на песните од Тоше треба да бидат со закон забранети за да на тој начин се заштити печатот,ликот и делото на балканскиот музички крал!
Против сум за преработките на песните на Тоше, но факт е дека тоа нема да се спречи бидејќи се случува постојано на многу песни. Но без разлика на преработките како Тоше неможе никој да ги испее неговите песни и тој си е еден и единствен