Имаше период кога мн раб ги одлагав,мн нови купени нешта ги чував за специјални прилики.Новите чаши само за специјални гости,нова долна облека само за специјални вечери итн итн... Се додека не ме снајде нешто мн лошо и неизвесно.Тогаш сватив дека секој ден е специјален,секој момент е посебен.Нема потреба од чекање... Веке ништо не чувам за подобри денови.. Ако денес ми се носи дреч кармин го носам,ако ми се носи секси веш под тренерка и него го носам,ако ми се пие кафе од посебен сервис си пијам.. Вчера малечката моја се спремаше за на свадба со свекор ми и свекрва ми.Мн беше возбудена но не си најде соодветен накит Тогаш зедов едно мое ланче со сваваровски приверзок.Поклон од мм за годишнина но мн мн ретко носено од моја страна.Го отворив и и го ставив. Но мамо ти ова го чуваше за посебни прилики-ми рече керка ми. Од тебе нема ништо по посебно во мојот живот - и одговорив. Си поминала супер на свадба.Играла до 2 изутрина
ај до некаде разбирам кога ке купуваш кифла од пекара да ти ја дадат тврда камен,ми се има случено повеќе пати,ама да ти дадат кифла жива уште немав видено....а јас гладна гладна таа жешка внатре цело тесто живо и така скубни одовде скубни од онде и пак гладна ....а и мн ми е мака да одам да и ја вратам......па уште продавачката му вели на тој што ѓи печеше кифлите додека чекав јас....ајде ајде не ќе ѓи препечиш ко предходните ох оф оф ШО НЕМА
Еден ден кога ќе станам адвокат, си велам и до мене ќе треба да имам мафијаш онака некое јако мажиште,како на филмовите јака слика а?(е вакви мисли ќе почнат да те мават кога ќе се поднапиеш и кога незнајш да пиеш)битно вчера супер си поминав Боже чувајме
Правев генералка на фб и ако продолжам со бришење листата на "пријатели" ќе ми дојде до 100ка....ама ако, барем ќе бидат луѓе што добро ги познавам и што можам асален муабет да направам. Ајде како да оставам некои од типот на: 01/06/2015 01:30 Nekoj: Inaku sakav da te prasam nesto. 01/06/2015 01:31 Jas: Ajde prasaj me.... 01/06/2015 08:03 Nekoj: hehe izvini sum zaspal vcera или Nekoj: Zdravo, kako si Jas: Dobro fala na prasanje, ti kako si Nekoj: Dobro i jas после 2 години Nekoj: Ej zdravo kako si Jas: Dobra sum, ti kako si Nekoj: Dobro i jas после 5 ипол месеци Nekoj: Zdravo, kako si Jas: Dobro ti kako si Nekoj: Dobro i jas Не знам дали јас сум таков човек што сака да му е се под конец ама со вакви створења не се губи време. На сите блок, делете....еден човек да се немало нормален муабет да направи. Чисто другарски колку да се убие досадата.
На лошиот збор возвратете со убав збор. Бидете вие,тие што се попаметни,подобри,подоблесни и културни. Не дозволувајте поради нечија дрскост да опадне вашата вредност ! Не дозволувајте поради нечија некултура да паднете многу ниско. Покажете дека имате вредност,почит и добро воспитување. -Денес на едно прашање добив одговор,ти глупава си или глупава се правиш ?! Се извинив поради прашањето и реков дека повеќе нема да прашувам .
Бела чорапа, чевел, пантолом, колан, кошула, лептир машна, сако, танга...добро добро да не претерувам, ова се основните начела за вечерно излегување, па мајкему дали идиш на свадба или идиш на забава. Секој викенд кога излезам, пола од момциве ги замислувам дека сите се дојдени на свадба, а DJ Џмиринка му е кумот, влегува целиот скоцкан ко за на свадба се поздравува со менаџери(читај сватови), се бацуе со другарки(читај деверуши) и иди да ми мава чуден поглед на мене...зошо, зошчо баш на мене ? Па зашо само јас сум единствениот кретен кој не сака да личи на зет кога излегува во кафич или ноќен, доволно е обична блуза, фармерка и патика и став кој нема никој да осудува според неговиот изглед. Можеби јас сум еден од онаа генерација каде што костум се носеше на свадба, а не во ноќен... Убаво се, но не споменав погоре каде му е невестата, што е со неа ?
Сите сме прочитале еден од оние написи во весниците кои соопштуваат дека некој го изгубил животот во сообраќајна незгода. Може ќе не здрма за кратко, но не останува во сеќавање зашто немаме во главата слика од настанот. Само кога ги гледаш луѓето повредени, кога ги слушаш сирените и го гледаш моторот на земја, размислуваш колку би било лошо ако на момчето му згасне животот. Ги потиснував солзите и се молев да се спаси, додека другите во автобусот нервозно гледаа во часовникот. Бидејќи нели судбината на непознат е помалку битна од тоа дали ние ќе задоцниме на работа или на кафе со другарките. Видов како го извадија од под моторот и како безживотно му висеа рацете. Знаев дека е готово и упорно барав некоја виша сила да направи чудо. Затоа што не може така да заврши. Треба да се врати дома и нема смисла родителите да добијат таква глупава вест кога мајката го пуштила детето да се прошета зашто било на распуст. Треба да заврши средно, факултет, а за да го направи тоа треба да живее. Една грешка, небитно чија и уништени се тие сонови кои треба да се остварат, љубов, радост и сите останати емоции кои треба да се доживеат. Мајка која се кае бидејќи не му кажала дека го сака. Сестра или брат кои не го прегрнале зашто не се чинело дека не ќе може да го направат тоа уште еднаш. Како ли е до пред само една секунда да си можел да чувствуваш, а сега да не бидеш способен да ги утешиш најблиските... На само седумнаесет години да се стави крај на нешто кое допрва требало да почне. Боже, прости му ги гревовите и веќе никој нека не замине од светов неподготвен и никој да не биде сведок на нешто толку страшно. Зашто те удира како да се работи за брат и помислуваш колку е ништожен животот.
Колку човек може да биде прост и мизерен за да на својот профил на Инстаграм става туѓа, украдена слика, во овој случај моја. Случајно една личност го здогледала тоа и ми кажа. И се обратив, и кажав да ја отстрани сликата, бидејќи на таа слика сум јас(секако она го знае тоа,бидејќи кога ја крадела сликата сигурно знаела од кого ја крадела) и никогаш повеќе да не и текне тоа да го направи. Ја тргна да, но воопшто не се засрами за тоа што го направила, ниту кажа едно извини.А девојката воопшто не ја ни знам која е.Кога е човек без срам, ништо не треба да не чуди. Дно дна.
Е зошто бе само јас да страдам? Ми се смачи од се и од сите. Барем еден ден да бидам среќна, ама не зошто јас да бидам среќна? Да ти се плукнам во животов никаков.
Родена сум во стабилно семејство како второ дете,кога сум се родила сум донесла многу среќа,моите биле пресреќни а посебно Брат ми кој имал 5 годинки,исто дедо и баба биле пресреќни што имаат внука конечно. Имав убаво детство со убави спомени,имав детски соништа и детски игри од кои некогаш излегував со искрварени коленца или скршени наочари,понекогаш како секое дете ќе наслушнев и кавга од родителите,ама се беше минливо,вистинската болка ја запознав на 10 години кога почина мојата најсакана бабичка,и верувале или не на погребот иако бев малечко не пуштив една солза,така ми е и ден денес,се држав во себе а проклето ме боли,ама затоа години со ред плачам кога ќе се сетам на неа и се молам да и е лесна земјата Сум имала преселба во друга куќа,друго училиште,запознавање на нови друштва,борби со самата себе,разни подеми и падови,често сум се затворала во соба и сум посакувала да ме нема,да не се разбудам наредното утро,а имало и денови кога сум била на врвот,кога сум посакувала да не заврши среќата никогаш.Сум се борела и со болест и со депресија,сум излегла како победник,му благодарам на Господ за се,исто имам правено и многу грешки,многу испуштени шанси за подобро утре,за подобра јас,ама судбината ми била таква нели?од судбината не се бега! Нормална личност сум ,знам да сакам со цело срце и да им помагам на сите околу мене. Посебно пресреќна сум со раѓањето на Внук ми,го обожавам и среќна ќе бидам уште повеќе кога наутро ќе ме изгушка и ќе ми даде еден роденденски бакнеж Моментално сум некаде измеѓу,лебдам над земјата,далеку во универзумот..не сум уште родена,ќе се родам наутро во 06.15 h....а дотогаш ќе мечтаам и ќе барам некој подобар свет,ќе може ли?
Ми крвари душата. На агонијата и нема крај и несакам да има, сакам да трае се додека не згасне животот во мене, а кога тоа ќе се случи ќе заминам со твоето име на усните.