Утрово станав со многу енергија во себе и позитива имајте го ова на ум,никој не губи никого, бидејќи никој не поседува никого.
Не се сите машки исти, јас би рекла има машки што после разделбата со девојка си продолжуваат понатаму со некоја нова девојка, а има и такви што после разделбата почнуваат да ги напаѓаат другарките на девојката. Од толку многу девојки, баш другарките на бившата. Не знам колкави очекувања имаат овие сколовранци, најверојатно мислат дека некоја ќе се нафати и ќе излезе, а бившата ќе си ги сечи вените додека размислува како се бакнуваат другарка и и бившиот. Карактер познат како покварен или расипан совршено ги опишува момците што спаѓаат во оваа категорија. Никогаш не можам да си направам кафе какво што сакам. Или премногу е јако или па премногу е водлесто. Сега одвај го пијам и цело време го гледам да не се истури на кревет, зошто I am dangerous that way, keeping my coffee on my bed
За жал шансите многу појасно се гледаат кога заминуваат отколку кога доаѓаат. - Веќе докажано и памет за друг пат И конечно лето и време за одмор Самата помисла на плажа, друштво, забава и авантура ме тера да се чувствувам многу подобро Едвај чекам
Во ист кош ги ставам и оние коишто за немажените над 28 викаат „стари моми“ и оние коишто имаат спремни коментари и дијагнози за девојчиња влезени во брак под таа возраст. Ама, исти ми се скроз, не ми се едните со помодерни сфаќања од другите. Без многу носење суд за другите луѓе, а повеќе глеање на својата работа... искрено помодерно од ова ми нема.
Ами и ти сега... Модерно е да се гледа во туѓ двор и да се суди. Инаку како ќе им биде интересен животот на друг начин?
А да, ретро журки, винтиџ декорации, модата има обичај и да се враќа и то шо викаш, може ние сме демоде а не знаеме.
Туѓиот простор не е атрактивен затоа што е поубав од нашиот, туку затоа што е туѓ. Ако ја полеваме тревата со внимание какво што заслужува, ќе биде зелена. Погледот ќе ни го задржи и најмалото парче вегетација што го разубавува секој дел од нашата сопственост. Ценете го тоа што е ваше и ќе знаете што е добро. Добрите работи завршуваат брзо кога мислите одлетуваат некаде во соседството.
Земи две тегли и зрнца ориз.Во едната пуштај по едно зрнцe за секоја добрина што ќе ја сториш.Во другата пуштај по едно зрнце за секоја твоја грешка.За сето време биди строг спрема себе , но и праведено пуштај ги зрнцата.Кога ке видиш како едно мало зрнце ориз ја преполнува теглата немој да се изненадиш,да си поставуваш глупи прашања на кои одамна им го знаеш одговорот.Биди само среќен на зрната ориз кои си ги пуштил за твоите добри дела.Може нема да ја наполниш теглата до врв , но ќе ја спознаеш величината на едно мало зрнце ориз.
Убави времиња беа тие кога бев мало дете што многу сакаше да гледа во небото. Често пати ги набљудував облаците и се восхитував на формите во кои се појавуваа. И не го правев тоа сама. Не ретко се случуваше да се собереме неколку деца и да нагаѓаме кој што видел, небаре се натпреваруваме за некоја награда. Цели животински царства сме пронаоѓале низ облаците, а и секакви други форми, како копнениот свет да се пресликал на небото. Убави времиња беа тие и ми остана таа детска навика да гледам во небото до ден денешен. Но веќе не можам да најдам облак во одредена форма. Почнав да се запрашувам дали веќе не постојат облаци кои наликуваат на нешто од реалниот живот, или пак никогаш не ни постоеле и тоа што сме го гледале било само производ на нашата детска фантазија... Како и да е, сеуште ги обожавам облаците и во секоја прилика кога изгледа необично, гледам да го овековечам небото, па ми се натрупаа многу такви фотографии. Но кога ќе решам да избришам некоја - не можам. Секоја е убава на свој начин и поразлична од претходната. Ете така сега си чувам повеќе од 200 фотографии со облаци .
Девојче, не живееш сама, туку живееш кај баба ти и дедо ти во стан додека се летово во село. И не си ги плаќаш сама сметките, туку ќе ти ги платат они. Се кладам дека не знаеш колку чини детергент за перење, омекнувач, јајца, леб, млеко и јогурт од прва. Не влегувај во филмот, нас еве вака од страна многу ни е смешно за твојот комплекс, еве не знам. Оќе? Оќе.
Денеска, ајде повторно да помогнам некому, да му кажам нешто, да направам добро. И кажувам на една другарка на сестра ми за еден курс,се најдовме случајно. И и кажувам што е курсот како е, каде треба да отвори и да аплицира. И ми вели ( бидејќи ме нема на фб) : Речи и и на сестра ти, нека ми го прарипрати тоа икажи и на В да и прати ме знае мене, а бдв живеат да. Молам?? Зборо ми беше: Прво, ако стварно ме интересира нешто, ќе запишам бе.. Ќе се снајдам Второ, која е сега па сестра ми да ти прати, аддни ме... Трето знам дека претерав можи ама не ме бендисуваат неодговорни личности... 27 години имаш алоо... Четврто, изгледа ќе треба она бркај си работа и терај. Ај рилекс малце
Американски форум: - Ќе прашаш нешто и одма ти одговараат Македонски форум: - Ќе прашаш нешто и сите ти објаснуваат колку си глуп
Ви завидувам на сите вас што се ви е убаво во животот и се ви оди. Немојте сега да кажете дека секој си има проблеми. Не е точно. Има два вида луѓе, првите се оние на кои што се им е како подмачкано, буквално се им оди во животот, и оние вторите, што буквално ништо не им оди во животот, што немаат среќа во ништо, златна средина не постои.
Мајка ми вели ако не планирам уште да спијам со никој како секоја нормална воздрасна девојка,тогаш да си купам кученце и тоа со мене да спиело во кревет и да ме чувало... ДА мамо фала на подршката и советот...