1 година постара,ај да видам што ќе ми донесат овие нови двоцифрени бројки,првата е иста втората се смени само имам кажано милион пати,од секогаш си ги мразев родендените и не правев прослава,ама денес сакам да одбележам онака поинтимно со другарките,знаете јадење и пиење и добро муабетче,во секое време ќе ми дојдат..барем со нив имам нормални теми,кои не вклучуваат муабет од типот леле остана немажена а ја надмина 25 та год,леле дечко немаш леле ова леле онана големо од дома ми зборуваат за мажачка а за душебрижници по фб што ми честитаа и во 4 очи и да не зборувам,нема да се омажам кога ќе сакате вие,макар и пред џелат да ме ставите..знаете за што се каам само,што дозволив на 25 години да се осетам стара и да ми донесат дома маж од Австралија,што подлегнав на глупите дофрлања и мешања,шуќур што не се согласив ама до ден денес се каам што убаво не им откачив на тие што го донесоа а згора на се и моите инсистираа,ама во другиот свет можи ке успеат Еден апел до девојки слични на мене,не потпаѓајте под ничиие влијание,и осеќајте се како што доликува на вашиот дух,немојте само ради околината да имате дечко и да се мажите на сила...долго време сум сама да,периодов сум имала безначајни и кратки врски од неколку дена или една вечер и добро знам дека тоа не е тоа,ама сеуште верувам дека некаде стои за мене некој напишан од судбината,верувајте и вие Ајт на здравје за моите 26 годинчиња,и што би рекол Татко ми,од денес тераш накај 27
Немој толку да очајуваш. И не,на никој не му оди како подмачкано.Зе се треба труд,треба да се бориш во животот,а не да се водиш од мислата дека ништо не ти оди.Секој има подеми и падови во животот,само треба да научиш да се справиш со нив. Ова не го сфаќај како критика,туку како добронамернен совет.
Ја гледам сега фемина. За мене потполно нова. Не сум вомтек. Ќе се научам. Ми недостасуваше. Ми њедостасуваше ова едно место каде што можам се да си кажам.
Па мене фемина и не ми е некое место каде што можам да кажам било што...односно што и да пишеш ќе се најде некој "паметен" кој на тоа едно мислење ќе ти го објасни целиот твој живот и дали било правилно или неправилно.И не сфаќам бе..како можат ...потполно се согласувам со тоа дека сме различни...со тоа дека секој си има свој живот и не можеш одма да му судиш...дури и напорно е да се објаснуваш послем тоа со некој што е стручњак за твојот живот.Едно е да си кажеш свој став околу некоја тема...ама друго е да ги притискаш и да им се нафрлаш на другите со твоите размислувања околу животот. Spoiler oва не е поврзано со горниве мислења.
Насмевнете се! Или ќе им ги стоплите срцата со насмевката, или ќе ги изнервирате. Во секој случај вие победувате.
Јас уствари сакам да прашам.... 1. Зошто се мора да биде толку комплицирано, заврзано, исплеткано...? 2. Кога веќе еднаш ќе можам да живеам раат од грижите поврзани со одредени работи? Ми се смачи..
Денес подготвувавме роденденско изненадување. Јас и тој. Чудо едно како и за личност која му нема никакво значење во животот се труди да и го разубави денот. Како што јас правам за него, за мајка ми или најдобра другарка. Несебично и без корист. Додека ги дувавме балоните по пат, не здогледа едно мало девојче и и шепотеше на мајка си. Тој се врати неколку чекори и и подари еден од балоните. А јас само го погледнав прашувајќи се дали ќе живеам доволно долго за да уживам во таа добрина и човечност.
Некој кој велеше дека ме сака денес ме понижи како никој досега... Боли. Многу боли. Зошто бе? Зошто?
Полошо нешто од жена нема.....и јас сум женско, сега сум девојка ама со тек на време и жена ќе станам и свесна сум за ова што го пишувам ама точно е. Машките се поглупички и понаивни ама жена брате ауууу Змија? ма змија може вода да и носи на жената. Ѓавол? ма ѓаволот не може за малиот прст да и се фати. *има исклучоци и кај мажи и кај жени, ама во глобала....
Можеби сум последната личност на која ќе се сетиш, сега кога си далеку и зафатен со и така предобриот и богат социјален живот. Ако сакаш и до крај а свет отиди од моите мисли нема ни метар да мрднеш. А до кога? - Незнам Додека не ми здосади тоа залудно чекање и надевање, искрено имам надеж овој пат дека се ќе биде поинаку, дека се ќе биде како што кажа, а и немаш причина да лажеш. -Така мислам. И не, не сакам да ми бидеш цимер, ниту пат да ти бидам жена. Знам дека ќе ме вараш. Затоа ќе ти останам љубовница, од времето да речат другите, засекогаш. Ќе останам една блудница, една грешна мајка, која сиот живот им веруваше на погрешни. Ќе останам жена која секогаш ќе те чека, кога онаа твојата ќе заспие кога ќе го бациш синот за добра ноќ, и без изговор ќе излезеш и дојдеш кај мене, да се покриеме со јорганот од немири,страсти, интриги. А докога? - Незнам Додека не ми здосади.
Не можам да ги разберам "жените" што на 20 години купуваат трилитарка,седнуваат во парк или маало и пијат и си подзапевнуваат брига ме што си ти од мене старији..јас не ги разбирам ни оние на 18 и помали ама ова веќе излегува од контрола..Уствари не само жени бе...сите сите сите..и мажи и жени сите сите!И нели стандардно после тоа има глупирање да се знае дека они ПиЈАле,накај дома има испревртување и муабетот "гоВна се направивме".....О леле о леле..дете мило
Често се случува две вести во исто време да бидат добра и лоша, да не знаеш дали да се радуваш или тагуваш. Од друга страна пак тој е секогаш покрај мене. Заедно плачеме заедно се радуваме Лежиме еден покрај друг а си пишувме на фб и се смееме додека стомак не не заболи, се симнува мајка ми и таа се смее на нашата смеа а незнае зошто се смееме Колку пати го напишав смеа? O.o денов шашав.,во главава сваштарии. НеМајте ваков ден Посакајте ми среќа за утре, ќе ми треба, многу, како за почеток.
Многу, значи многу мразам кога некој ми се меша во животот кога некој наместо мене донесува одлуки.. Побогу жено имам 25 знам ваљда да проценам што е добро за мене и што сакам Ако сум рекла дека не сакам да одам таму, дека не сакам да го работам тоа, значи стварно не сакам! Божее ...
Страв ми е дека ако е се океј, нема да бидеме океј. Дека кога има нешто дисфункционално сме најдобри. Не сме пар што би одел во кино заедно, држење за раце ми е неприродно, преправање пред него и глумење нешто што не сум не успева. Високи очекувања ќе ме убијат.
Отвараш нет-вести и го имаш ова: -Се самозапалила девојка во парк -Се фрлил некој под воз -Усмртена од возило во движење -Украдени 2000 евра -Затворен познат криминалец... Е*бате вестите. Едно убаво не прочитав. Се прашувам - КАДЕ НИЕ ЖИВЕЕМЕ ?