Што кога доаѓа крај? Крај на се што е убаво, а љубов сеуште има... што тогаш? Што да се прави со спомените, со чувствата и надежите? Со заедничките планови за иднината... што со нив? Искрено тоа не се заборава, тоа останува таму некаде во срцето, затскриено како дел од минатото, дел од тебе.... засекогаш една тајна насмевка и една тајна солза.. Едно тивко, неизговорено „Те сакам“ ! Тоа едноставно останува и никогаш не може да се остави така да замине.... Но како велат: Најсреќните приказни, секогаш имаат тажен крај!
Среќна сум денес ... Си евоцирам спомени... Се присекавам на самата себе кога бев млада девојка, кога имав безброј фантазии, желби, идеи... И си се запрашав дали барем дел од тоа ми се остварило... Па, да, поголем дел... Мм, децата, кариерата се онакви како што сум си ги посакувала... И среќна сум заради тоа... Зошто баш денес ми дојдоа такви мисли??? Па најверојатно заради денешниот ден на кој пред многу години се омажив... Денес ги гледав фотографиите од свадбата. Јас и мм млади, убави, насмеани... Со многу надежи за убав брак... Се потпишуваме во матично, пиеме вино во црква, играме во ресторанот - фотографии преполни со среќа, бакнежи и љубов ... И што е најважно таа приказна започната на денешен ден пред многу години, сеушто среќно трае... Spoiler Ти благодарам љубов моја за сите овие среќни заеднички години...
колку брзо минуваа времето...колку брзо минува се ...не сакаааммм сдк....за тебе сам се борила ко да сам те родила ал није срце ничија колевка за бол....
Најубаво ми е кога домашните ке заспијат и остануваат некој си 30-тина минути само за мене(пред да ме фати сонот и мене) Тогаш одам во дневна,отварам прозор ,пијам нешто и се загледувам во небото.И почнува... Сеќавања,ликови,гласови,една насмевка,едни очи,навираат зборови,навираат солзи некогаш.Почнувам да зборувам сама со себе,па му се обракјам нему.На оној кој никогаш повеке неможам да го видам,неможам да го допрам,толку е далечен а сепак близу. Во исто време ми ја полни душата но и ми ја празни.Ми мами насмевка па ме расплакува.Го нема него нема ни пола од мојата душа.Дали гледа одозгора,дали чувствува колку фали? Секогаш истите прашања кои ја распоруваат душата а одговор нема... И нема ни да има
Тој што одгледува цвеќиња, сигурно знае колку е голема љубовта помеѓу човекот и цвеќето. Еве ја мојата лепотица расцветаа
Вечерта пред испит влегуваш на фб, гледаш во група сите плачат, паничат, никој не научил, хаос, не се знае кој што пишува, некој ги кажува прашањата ама никој не го прметува пошто сите бурек јадат на големо, некој паднал во несвест.....луѓе бе....
Убаво исполнет ден имав. Среќа ги немаше да ме распрашуваат зошто пијам чај на топло време, правам маска за лице,.. а може и тука биле, ама нешто не ги приметив. Ако така треба, уште еден знак дека напредувам.Не им се лутам, со умот дека на економски факултет, смер биохемија имало .....Ги разбирам. ништо не знаат, сигурно им е тешко. Оттука и традицијата, шом лимон пиеш болен си .
Сакам да кажам дека .. Ужасно сум без енергија. Во последниве 6 часа толку бев неподвижен и ништо не ми се правеше што ми се случува 2 до 3 пати годишно. Иако знаев дека не требаше да искочам ама ете го направив тоа иако со мислите бев наназад. Се заебав, се заебав што ме направи толку негативен што и кога дојдов дома привлеков мини расправија со моите. Сетоа ова ми се случи свесно.. и вака кратко сега го пишувам ова за да го искажам некаде тоа, доволно ми е да се повратам малце. Никогаш не правите нешто што во моментот не сакате да го направите, само ради атер на некој друг или да се направи нешто колку да се направи. Само тука важи тоа .. подобро ништо одколку нешто. Ајде утре е Петок, таман за соочување со старци у автобус. Уште од сега треба да почнам подготовки да можам да го поднесам товатор.. Пријатно.
Oh, vremevo ich ne ne posluzi. Vrne, li vrne, a nie bi da shetame.. Eh.. Se nadevam bar utre kje bide okej da shetneme malku na obala.
Остварувањето на многу планови, желби и нешта кои нè исполнуваат често се наоѓаат на другата страна од стравот од промени, многуте „што ако“ и „што ќе речат/помислат другите“ кои треба да бидат надминати... Добра ноќ!
Се случи. Го прегрнав и душава ми се исполни. Ми се насмевна и очите ми заблескаа. Ме допре и срцево ми затрепери. Ме погали по косата и ме мирисна. Мој е !
@Purelove92 Добро што ти текнало на песната од легендарната Тина,некои делови се баш како за мене,но само кратки зборчиња,сепак фала ти што го прочита постот со внимание,па и уште песна си пронајди @Luna91 Кој знае,никогаш не спомнале ништо,а и јас не сум отворила таква тема,се остана назад,важно се враќав дома со бел образ и чиста совест,не правев ништо погрешно @Anabelle.Amorette Не си свесна како добро и целосно ја долови сликата за мене,со твоите анализи,ти благодарам од срце,само го имаш изоставено делот со диетите,дека почнувам и се откажувам многу брзо,не се откажувам лесно од грицките,од полноноќното мезење на грицки Те гушкам најсилно
Ден 2 нозеве ми се гаааајдаааа мали тапанчиња на стапалата (плускавици) се повеќе се зголемуваат. Си велам -Јака си, можеш, И се трудам бре, многу, велат колешките никој досега толку брзо не реагирал на се како мене. Има и од оние намуртените (каде ги нема ?) што сакат да наредуваат за разлика од фините што појаснуваат фино. Фалби наслушнувам ама како трактор да ме газел Уште комарец ми фалеше да бркам во овие саати. Крвопиецу уморна сууууум!!!!
До пред малце правев со мајка ми муабет за буквално ништо..ете не и се спиело..ете ни мене не ми се спиеше..си седевме на тераса и си зборувавме..Абе ја гледам вака ми иде да ја изнагушкам од што ми е драга..кога она се смее,срцето ми се смее..Мајко,колку си поминала низ животов,секој лош момент да можев ќе го направев убав..Мајко,прекрасна си..Сакам да дојде денот да можам да и ги изнакупам сите ебени ствари што и требаат,сакам да ја прошетам каде ебено сака,сакам да и дадам што ебено ќе посака!....Боже,какво богатство спие во собата до мене
Се радувам што одам. Многу! А од друга страна малце ми е криво што нема да го видам овај викенд. А сакам. МНОГУ САКАМ! Толку голема душичка е! Остани со мене засекогаш!
Мамо, денеска ти е роденден! Среќна си, нели? Јас никогаш не сакам да те разочарам, ниту пак сестра ми. Ти благодарам што секогаш си тука со мене, иако понекогаш нели, како и секои луѓе имаме караници. Ти благодарам што постоиш, што си ме родила, си трчала по мене да ми ги собереш играчките, си чистела, а јас и сестра ми сме растурале позади тебе, си ме родила со големи маки. Знам, не е лесно да ги немаш денеска на својот сопствен роденден твоите родители, но таков е животот. Сега ме имаш мене, сестра ми и татко ми. Те сакаме затоа што си посебна. Среќен роденден мамичке, да си ми жива и здрава.
И повторно ноќ без сон. И повторно ноќ без тебе. И повторно сум љубовница. А која е иронијата на тој збор што содржи љубов? Можеби сум само очајна, но очајот ме прави подготвена на се, па дури и да сум мајка на твоето копиле, во тајност. А кога ќе ме праша каде е тато, ќе одговорам умре, умре, денот кога не остави и се врати ДОМА. Сега можат да живеат како зомби. Без емоции, во тага, зошто знае тој, а и таа дека НИЕ постоиме.