Значи да се разбереме. Поштувам луѓе од секакви религии, нации, позадина, интелектуални достигнувања, финансиски состојби, ти реков - ми рече... Ама... ама... од оние коишто се откажале од студирање од икс причини, а не се финансиски и коишто пробуваат тебе да те спуштат со коментари „Ееее, па што ако имаш факултет, ја сум бољи од тебе“ или „Ееех, вие дипломираните пак едни стручњаци“, просто ми се превртува во цревата. Знам сега мора да се вадиме со грозјето е кисело , ама мајку му не ги мрази сите на коишто им успеало она коешто на тебе не ти пошло од рака. Ако толку ти значи и имаш можности, обиди се пак. Нека не ти стои како грутка непроголтана. Ја прва ќе ти честитам кога ќе дипломираш. Ако немаш можности, оствари се на друг начин бе чоек. Не е само факултетот. Не знам, испробај се во кулинарство, вези гоблени, што било. Битно оствари се, наполни се со позитива, исполни ја душата. Не сте свесни дека тоа е исто толку болна навреда за некој којшто вложил во себе и во своето образование, колку што и дискриминирање поради понизок степен на образование? Ама истата болка е.
Денеска ќе објавиме прислушувани разговори за договарање искачање со машко и женско друштво . Да слушнеме (М-машкото, Ж-женското) прва снимка дрн дрн .... дрн дрн....дрн дрн... Ж - Ало М - Ало ќе искачаме ли вечер Ж - Да бе. М - Кај сакаш да искочиме? Ж- Сеедно ми е , избери ти кај сакаш таму ќе идеме. М- Ај идеме кај ***** кафичот ќе седиме Ж- Еј неможам таму глупо е . М- Добро ајде идеме во ****** , мн е јако таму итн.. М- Добро ајде идеме во ****** таму баш е ефтино Ж- Ејј баш таму бившиот ми е а несакам да го гледам , ај друго место Ж- Не бе мн е скапо таму неможам да идам чувам пари за одмор. М- Добро ај идеме ***** , МОЖЕ ЛИ !?!? Ж- Не ај идеме ****** , таму супер место е... М- Оф леле ајде.... Втора снимка (М1 - машко 1 , М2- Машко 2 Дрн дрн .... дрн дрн..... дрн дрн... М1- Да? М2 - Е ќе исакачаме ли вечер? М1- Ајде бе... М2- Ај идеме ****** сакаш? М1- Ок може бе. Се глеаме вечер таму. Позз. М2- Позз. После овие снимки се гледа и докажува тешката состојбата на машките во Македонија . Низ какви психолошки тортури се ставени машките. Затоа да не дозволиме ова ЗЛО никогаш повеќе да не се повтори.
Вчера едно пишав, денес друго, ама што ти е живот и двете страни на паричката. Интервјуа преку скајп, супер работа... за мене, Петко и Станко, ама за некој друг па може не се. Стварно се индискретна работа, може не сакам да ми го гледаат домот успат додека ми го прават интервјуто? Никогаш не сум гледала така на тоа, ама сега...хм, инспирирана од други теми... Кој си ти што регрутираш луѓе од другата страна на светов, да ми влагаш во домов? Кога веќе сакаш да уштедиш на работна сила, вложи во една авионска карта на балканов, најди сродна компанија и направи си ги интервјуата... Може е 20ти век муабетов, ама стварно не ми текнало дека може и вака да се гледа на нештото. Па може на некој паметен просперитетен човек да му биде тоа сламка за спас од она во кое што живее, а позадината да влијае на одлуката на регрутерот оти нели може да му влијае на впечатокот. Хммм... животе...богат си со искуства. Кога гледам кој се не опајдури во државава се сметаат и ги сметаат за секс симболи и лепотици, на раб сум да помислам дека сечење на клиторис како во некои Афрички земји е сосема оправдана и нормална работа (секако не мислам така, метафорички, како гадост на нивната раскалашеност која ја продаваат скапо). Мислам... вреѓаат се женско ако стандардот е тој... Абе мислити, срати и цвече брати, није исто. Што вика другарка ми - да бе, може да изгледа како ферари, ама моторот ви гарантирам дека и е од Фичо. А и во право е... опјадурство е занает, да сме прави. Свашта.
Се нaдевaм oвa не е знaк. Нештo вo пoследнo ме прoгoнувaaт стaтии зa нaјубaвиoт ден вo живoтoт и тoa пaзете , не е тoa денoт кoгa си се oписменил, диплoмирaл, oткрил лек зa сидa... туку Венчaвкaтa. wow ej штo се десилo . Не знaм, не мoжaм дa рaзберaм, a дa бидaм искренa не се ни трудам. Свaдбa кaкo свaдбa, oкеј, зaеднo сте, се сaкaте, сегa ќе се стaвите нa хaртијa, кoмшиите ќе ве видaт, oрo ќе игрaте и? Се е истo уствaри. Мoже дo мене е, не знaм штo дa кaжaм, aмa префoсирaни ми се некoи рaбoти oсoбенo кoгa ќе им зaлепaт oнa Нaјубaвиoт ден, a oнa идентитет си сменил вo мaтичнo... И дa, ве мoлaм сите испoнaпрaвете свaдби гoдинaвa зaшo нaреднaтa билa престaпнa пa не дaј бoже тoгaш дa се склучувaaт брaкoви. . мaлку зaбезекнaтa, aмa сепaк сo љубoв, Вaшa М,
(Не)нормално - збор кој многумина го користат за етикетирање на туѓи постапки и вкусови кои (не) се вклопуваат во границите на нивните норми и предрасуди, а всушност има онолку субјективни дефиниции колку што има различни луѓе и карактери...
За родниниве сум стара мома на 26, а во дискотека на врата ме прашуваат дали имам 18. А и некако се чувствувам младо и лудо За една недела полнам 26 и во глава ми се увртело дека ќе се сменат многу работи со менување на таа една бројка. Што знам, можеби ќе станам попаметна А и возбудена сум за роденденот. Многу! Сакам една мала журка по дома, сакам убав фустан со шлицови и еден куп храна. Мајка ми ме части одмор под услов да одиме во село да ја светнеме куќата. Не дека ни е проблем, од деца рибаме теписи додека таа кречи. Секако сакам неколку дена во село, чист воздух, прошетки низ лозје и барање овошје. Вујко ми да не разгалува ко деца и да играме карти на тераса.
Јас еве жива и здрава, уште ме држи расположение од вчера Не ги чукнав круните и не се сопнав на фустанот, hooray! Од тоа најмногу се плашев Имав три ластичиња и вкупно 50 шноли во коса. Точно 50! И сега замислете ме во 3 саат сабајле после целодневна свадба и измешан алкохол, како се обидувам да ги извадам сите шноли по ред замотани во косава, за конечно да се фрлам под туш. Не се симнав од штикла цел ден, а и убаво играње удрив. И морам да си кажам дека следен пат треба да му го сокријам апаратот на татко ми пред да одиме на свадба, зашто слика и снима повеќе од тие што се платени за тоа Како и да е, прекрасно е чувството да си старосватица. Со мерак ги истерав сите салтанати и сега не ми се верува колку брзо помина сѐ она за што се спремавме со месеци.
Значи, не можам и не можам да сфатам како на луѓето им требаат 2 часа за да се средат за кафе ? Фармерки, маичка, патики и маскара ? Изгледаат сосема нормално, не се накитени елки а ми се спремаат 2 часа? Што правите толку време , а ? И она со доцнењето, епа жени мислам стварно. Моето време е доволно скапоцено да го губам на чекање.
Малку да мудрувам на темава. Јога бе , ко досега страсни практиканти беа па сега ташак ги заболе дека е забрането. Од религиска точка да, може да се прифати како неправилно. Таа нирвана, таа состојба на толкава контрола на потсвеста ретко на овие простори кој може да ги постигне да бидам искрена со целата интелектуална уназаденост и се тоа. Затоа и не го сметам за опасно. Немам воља понатаму да објаснувам да бидам искрена, истражувајте и разберете, премногу е опширна темата, не го собира образложението во вака лабав пост во СДК. Христијанското правило гласи - НЕ СУДИ ДА НЕ ТИ БИДЕ СУДЕНО !! Религиски гледано, лицата кои одлучиле животот да го поминат во служба на Бог се поподложни на искушенија од ѓаволот. Се вбројуваат во обични смртници како останатите и не знам зошто имате толку високи очекувања од нив. Тука се само да го предадат словото божјо. И пак и пак и пак . Не суди да не ти биде судено !!! Не суди ! Како се самовеличат некои луѓе преку фалинките на останатите. Ко ние сега усовршивме духовен живот па не грешиме. И тие грешат, ама за разлика од нас се поблиску до Бога штом животот нему му го посветиле. Испостивте, испочитувавте одевте во црква друг ден освен Велигден и Божик и сега уште јогата остана.
Секој момент очекувам вонредни вести...добар ден се извинуваме што ја прекинуваме програмата( читај турски серии) но имаме вонредна состојба, сакаме да кажиме дека нашите ни мили езерца замрзнаа... Па така да наместо купачи да си понесам кратко розево фустанче и опрема за уметничко лизгање, па да рокнам на сред езеро алл оф ме лов алл оф ју додека вртеливо ветерчето ми го дува фустанчето за да ми замрзни дупето... Е вакви нешта ти ида додека насабајле идиш во 5 на работа...
За мене само сивило, студ и зима. Летово не го поднесувам, мразам силно сонце и жештина, единствено добро е тоа што во овие три месеци нема училиште.
Жени бре! Мислам дека за сопствена свадба нема да сум толку возбудена ко што сум за концертов на Џудас Прист. Како ми тргна, за пола година, 80% бакет лист така на среќа ја остварив. Трет ден на 2-3 часа сон, тон кафе и музика. Bring it on, fellaz!
Сакам да кажам дека ... 1. Неделава воопшто не се гледаа вести во мојот дом. И да ви кажам благостојбата ни е на завидно ниво. 2. Пинк Ѕвездички треба за едно 15 години повторно да се емитува со ИСИТЕ пејачи. И тогаш да се вика Пинк Мутант. Па тогаш да видиме кој пее добро и да споредиме. 3 Гласајте за да ги поддржите Вашите фаворити во Пинк ѕвезди, Пинк ѕвездички, Ѕвездите на Гранд, Фантастик Шоу, Х фактор, Парови па ќе дојде и Големиот брат . и пари за јадење ќе ви даде Господ. 4. Легалиација на Геј бракови или Терористичкиот напад у Франција или изјавата на Никола Грувски ? 5. НАЈВЕЌЕ МЕ НЕРВИРА кога ќе се сретнам со некој познаник на улица и ни здраво да рече, одма ме прашува кај одам ? Ееј мајката, и секогаш на тоа прашање одговарам со "И да ти кажам, ништо нема да ти смени во животот", И да ви кажам, на следната средба веќе не го повторуваат прашањето.
Толку многу сум разочарана од сe..Немам воља а ни сила за ништо. Вака на дното никогаш не сум била. До кога вака? Уморна сум веќе..