Денов убав може да започне Ме мерна згодниот работник од маркетот, башка ми залупа срцето.. конечно и тоа да се случи да ме забележи Него доста за тоа, си направивме со мајка ми убав шопинг, го чекам понеделникот за да се вратам во убавата ми Мкд, ми фалаат некои луѓе, ми фали и готвењето таму. Све ми фали.
Обожавам совети од типот ееее ќе помине, време треба само...или она не се секирај што е твое ќе си дојде, или не се секирај се ќе биде во ред, или пак тапкања по рамо, не знам само кој е побудала јас што се отварам или тие што така ми кажуваа, ваљда јас та на нив лампионите ги болат за чуствата мои... Туку што сакав да кажам...а да освен тоа што обожавам погореспоменатото, исто така многу омилено нешто ми е кога ќе налетам на статија каде што некоја гола пејачка ја дигаат до небо како имала боженствен глас, значи да се разбериме ако таа има таков глас нема ни потреба да ги покажува своите скапани атрибути, како само таа да има ц*цка и г'з, другиве девојки рамни штица...вронг срцка, ама за к*р не го бива твоето пеење па ниту тебе искрено те бидува, само шоу стриптизерски бизнис права од тебе, ама многу си паметна да го сватиш тоа...а најчудното е што и паѓаме на тоа, какви ли само коментари на Фб добиваат, супер си срцка продолжи така, многу си ми слатка mwa, фала на пријателство лепотице, да ти го п*кнам...да да понекогаш и такви добиваат, а имено и тие се најискрените освен за тоа за ништо не ги бидува, а и овие погоре лепотаните само за тоа се токма, само лампионите ги заборавиле во кесата кога си собирале од нова година пикнати во тамниот ќош на ормарот.... Еј да не се разбериме погрешно, немој пак сега секој втор коментар на идните "ѕвезди" да биде таков, или недај боже на надарена девојка...не за друго блок ќе си заработите, а вака одвреме навреме барем очина ќе плакните...Убав ви ден !
Обожавам личности кои секогаш се расположени за разговор. Оние кои се непресушен извор на идеи, богати со знаење, секогаш подготвени да поделат по некој долгоочекуван и баран совет, оние кои се хумористични и саркастични, оние личности од кои секогаш ќе научиш нешто ново. Се што правам, го правам за себе. За јас да се надоградам и да бидам подобра од вчера. Јас припаѓам во групата на оние луѓе кои кога ќе пронајдат песна/албум ќе ја/го слушаат по цел ден, секој ден, додека не им здодее. А, како што ми се чини, тоа наскоро нема да се случи. Сончев или не, денот ќе биде убав само ако вие го направите таков.
Дами и шизици што праите? Добри ли сте? Јас како времево.. си здосадувам, па се повлекувам и ме нема некое време. Ништо ново на запад иначе. Исти приказни, исти песни. И се нешто фали.. за да не те остаи раат. Бидете ми добри, останете ведри и убави како денешново сонце
.. Ама е незгодно да правиш муабет со некој на кого секој втор збор му е пцовка, ама онака, си кажува без да приметува, веќе му е станато секојдневие и узречица. Ии види го оној тиеам; Сега како да ти објаснам ебате; Мислам не иде така бе мамето.. Па непријатно е, маме му! Или употреба на брат, страшно ме иритира и уште не се навикнав да го слушам тоа или да не го перпципирам. Абе брааат, ми треба нешто; Брат, знаеш како е, навика. А бе, БРАТ, знам дека е навика, ама и те како можеш да се одвикнеш од тоа! Секако, тука е и пеер. Да бе, пеер. Веќе кога и момче ми се обрати така, си останав онака пеерски, без зборови. Не можеш да ми бидеш другарче ако вака зборуваш. Чаочао. п.с Имајте убав ден, без употреба на вакви зборови.
Колку е сексуално настрана македонската популација, а оно мислев дека јас имам забегани фетиши. Имам многу сличен број со некоја, со некоја Нина. И само ми се јавуваат господа со раздразнети гласови - Ало, Господарка Нина ??? И јас будала се смеам долго после тоа, ама никогаш не одговарам со "да" за да видам како ќе се одвива дејството.
Најголемо разочарување ми е кога ќе бидам тука за некој кого сите пријатели го отфрлиле, буквално го шутнале настрана. Ќе седам со нив со часови, ќе зборуваме постојано. Единствена пријателка ќе им станам, и ќе станат толку фини со мене. И одеднаш, старата гарда се враќа и ги прима во друштвото, и што се случува? Јас веќе не постојам. Сфаќам дека сум била само резерва настрана, и ќе побараш нешто и тие магично баш тогаш немаат време, баш тогаш мораат да одат. Празни ветувања само, зошто? Затоа што помина моето, јас си го сторив своето и веќе не сум потребна. Ќе се бутаат во нивното друштво, а јас ќе стојам само настрана, надевајќи се дека ќе се сети што сум сторила за неа, ама не, и светот да се сруши, нема ни да помисли на мене, едноставно не сум ѝ важна, никогаш не сум ѝ била.
Почнаа да ме фаќаат нервози од ракава што не можам да функционирам нормално. Ме пукаат депресии. Уште кога ме шиеја, ми прпепрачаа да си појдам на психијатар поради претрпениот шок и болка. Ама не, јака сум јас т.е. јака се правев ама сега ништо не ми е по ќеф. Ова бетер од пмс е. Сечи пак банани, пи*ка ти матер И нека врне надвор. Мразам сонце.
Никогаш немаше ни да помислам дека во животов ќе ми затреба гаќа месо боја. А со оглед на тоа што ја немам, попладневнава прошетка ќе ја правдам со: „Лето е, Охрид сум, луѓе по купаќи шетаат по чаршија. Големото чудо ако знае некој шо боја гаќи носам. Битно носам некакви.“ Не дека ме тера некој со сила да го носам фустанов, ама инает.
Абе незнам како да кажам.. Убаво е да си хуман, убаво е да помогниш некому ама не е ич убаво да објавуваш низ фејсбук, шо знам мене ми е ептен глупаво И тоа да пишиш цел реферат па и слика со личноста на која си и донирал.. За мене тоа е ниско и просто. Донирам и јас колку можам и кога имам ама никогаш не сум ставила на фејсбук или на твитер или на незнам каде ама едноставно нема потреба, јас си знам дека денес сум направила среќна некоја личност, дека сум направила нешто добро и доволно е, не мора сите да го знаат тоа.
Ги поддржувам сите протести, меѓутоа пред малку ќе доживеев срцев удар, па не ми се ни симнува доле да видам што се случува. Убаво пладневно задремана и од еднаш сирена како за засолнување како пред бомбардирање. Веројатно протестираат кај Грујо пред зграда, ама ебал ве Грујо и вие одете по ѓаволите,5 минути ми требаа да се соземам и да ми текне што може да се случува. Значи буквално во состојба пред срцев удар бев.
Јас СДК во врска со постот на Мини факт е дека треба да се бориме за љубовта и да преминеме преку гордоста но понекогаш може и далеку подобро ќе биде да си останеме горделиви и да не простуваме. Ова го велам од мое искуство за да неи биде мака и да не се самообвинуваза нешто што било во минатото затоа што ако простела може проблемот пак ќе ви ви висил ко балон и кад тад ќе пукнел и пак се ќе се врти во круг ... Така првиот пат јас простив на истите такви убедувања ко тебе Мини што ти ги кажале и не сакав да верував на други луѓе но ситуацијата иста се повтори тој со ништо не се обиде да го сопре тоа ја што го доживував и на крај топката ја префрли на мене јас сум дозволувала да ни се мешаат во врска, секој сум слушала и на се сум вервала и незнам што и на крај ко идиот се извинив и ништо игнор и корпа добив и ко малку да ќе беше болката сега уште се чувствувам бетер понижена Поентата е следен пат работите на вага убаво да се премерат за кои нешта вреди да се погази гордоста за кои не затоа што на некој и душата да му ја дадеш малку ќе е , а ако простиш ќе те сметаат за будала и ќе си земе за дозвола понатака да те гази ко тепих пошто заљубен човек од љубов се ќе прости и на крај со свои камења поглава си се удирал. Поздравче Мини и уживај со новиот дечко/сопруг , не дозволувај минатото да ти влијае на сегашноста.
Баш пред некој ден зборувавме со другарка за ваквите изрази и таа исто како тебе размислуваше,демек се така и викале кога барала утеха или се жалела на некои со свои маки. Ама вака ако размислиш поубаво,што да ти каже слушателот? Ова што ти го кажуваш се типични зборови за утеха,малку да се потсмири оној со проблемите,да си земешсила што се вика,бидејќи некогаш оние практичните совети едноставно не вршат работа па дури некој може да пререче,демек ти сега ќе ми солиш памет или нешто слично. И мене ме фаќа моментална нервоза кога се зборам и зборам за некој проблем и и на крај некој ќе ми рече само дека ќе биде подобро,дај му време на времето,ама никогаш не сум го зела како негативност,бидејќи некогаш е доволно само да те ислушаат,се разбира тука се бираат вистинските личности,а не кој и да било. И да не ме сфатиш погрешно,не дека имам нешто против твоето мислење,онака ми текна за муабетот
Секогаш може да ја процените интелигенцијата на луѓето по шегите на кои се смеат.Исто така, веднаш можете да процените и за оние луѓе кои се смеат на работи кои воопшто не се за смеење.
Za ova ne se soglasuvam. Do sega od ova moe zivotno iskustvo imam zaprimeteno deka segite nemaat vrska so intelegencijata. Rabotev za gazda od Finska,mlad,nekolku godini pomlad od mene,neznam kolku jazici znae i kade se nema biznis niz svetot.Spored mene dosta intelegentno mlado lice,no navistina mi bese cuden kako se smee na segi za koi ne bi pomislila deka mu se smesni. Odnosno smisla za humor za koja go mislev istoto kako i ti. Istovo se povtori i so drugiot gazda koj e Makedonec no izrasnat vo Avstralija,paralelno si tera i tamu i ovde biznis i dosta cesto patuva. Sto se nema da ne iznenadi vo zivotot. Ili strancive imaat cudna smisla za humor ili nie makedoncite sme dosta pointelegentni,ili treto. Defiiinitivno anglissskiot humor mi e najnehumor.
Океј е знаеме дека сите ви се петки,многу учите се си знаете,без врски сте ги добиле оценките,нас што не ни се сите петки сме многу глупави и неамбициозни и одвај чекаме да завршиме школо, крадеме лажеме, а чат-пат и на кровот спиеме. Ај ве молам олабавете. Многу ми е мене гајле дали ви се петки или не ви се и дали сте ги добиле со врски или со учење. Распустов некако ептен брзо ми мини ама ако. Не очекувам да биде посебен затоа што знам оти нема да биде, поарно ич да не се надевам отколку да бидам разочарана,нели. За времево па аман више,до вчера смрзнував со дебела тренерка,денеска седам под сенка и се потам,мислам стварно.. И ако седите дома и чекате да ви се случи нешто интересно да ви кажам оти на чекање и ќе си останите оти од дома седење спомени нема. Излезете дружете се, помалку мрчење повеќе дружење,повеќе алхохол,повеќе забави ЛЕТО Е ЉУЃЕНЦААА.