И ова лето покрај цвеќињата, во саксии имаме засадено шери домати, босилек и магдонос Рано наутро, куќава празна, а јас собирам од сè по малку додека шпагетите се спремаат во кујна. Работна недела, главата ми пулсира, а јас се обидувам да направам што е можно подобар распоред на сите обврски. Имам чувство дека заглавивме во лавиринт и многу пати завршивме во ќорсокаци. Одбивам да се демотивирам, ама имам потреба од некаков позитивен фидбек од целата работа, труд и време што го вложувам. А ако до пред некоја недела барав одмор на море и излежување на плажа, сега радост ми се кратките моменти поминати со кафе и книга. Е вака
СКД жешково ме потсете оти некам лето. Сакам кога би живеела покрај плажа. Ама вака не е фер. Почнав да припаѓам.
Време да ставам крај на период кој не ме исполнуваше, ни ме надополнуваше, ни бев среќна. Тоа е, толку. Од денес се ставам самата себе на пиедестал, и никој друг нема да може да ме симне и да ми стане позначаен од мене. Доста беа падови, разочарувања, обиди да се залепи скршена вазна мислејќи дека може да биде прекрасна како на почетокот. Заслужувам да немам ненаспани ноќи и уморни утра од грижа и размислувања за како да поправам се. Заслужувам повторно на моето лице да ја краси вистинската прекрасна насмевка од 8ца до 8ца од кога образите ме болат. Заслужувам да се сакам онака како што те сакав тебе. Заслужувам долги и инспирирачки разговори под ѕвездите. Заслужувам да работам макотрпно и сама да си ја искројам иднината. Заслужувам кафето кое ќе го пијам да го поделам со личност која ќе направи да ми биде слатко иако го сакам горко. Заслужувам да се чувствувам среќно. Од сега сум слободна, слободна да го добијам тоа што го сакам, слободна да полетам без да се плашам дека некој ќе ме спречи, слободна да бидам онаа девојка која имаше желби, амбиции, надеж и жестоко се бореше за себе и своите идеи. Не бев заробена до сега, далеку од тоа, туку се плашев, се плашев да бидам храбра и да го побарам она кое го сакам и кое сметам дека го заслужувам. Бев понесена од идејата да се посветам за среќен крај и убава приказна. Но, заборавив дека таа приказна веќе одамна не беше реална, веќе одамна се изгубив во неа и заборавав на несреќните моменти, надевајќи се дека како со магично стапче се ќе се поправи. Ама поправка нема.
Пробав да ја средам собава за десет минути и натрупав се што најдов во шкаф, кога повторно го отворив да си го најдам дуксерот баш се што имав во шкафот ми падна на глава. Дали јадам ќутек од космичките сили за мрзата?
А кога мајка од инает ќе ти стави ќебиња врз алиштата што си нафрлала во шкаф за да ти одржи лекција? :') IT'S EVEN WORSE! СДК, спремна сум да изедам слон и да спијам цел ден. Се полека изгуби смисла - излегвање, вежбање, љубов, пријатели, ама баш се. Досадно е и монотоно - мразам монотоност. Сакам нешто ново, ама со делови од нешто старо и конечно убедив другарка ми да иди на одмор со друштвото Ама ајде ладно кафе со многу мраз ублажва секаков стрес и напор
А Бу! Сакам да кажам... дека времево љеееетиф на кроф. Уште малце Нова година и така. Пред некое време се зачитав на интернет, дека во средното уво имало некоја течност за рамнотежа, којашто кај одредени луѓе била пореметена и тоа предизвикувало зачестено паѓање. И прво нешто што си помислив: - Таа сум! Којзнае што сум прочитала, али нема везе, идам кај матичната, ми дава упат за на ушно. Идам кај овој на ушно овој ми дава упат за на неврологија и на упатот пишува: губи рамнотежа, паѓа. Океј нема везе, од неврологија ме пратија на снимање на главата и цел месец натака - навака, за на крај да се испостави дека ја сум ти природно несмасна и соплива личност. Така што дечки, друг пат не си читајте симптоми на интернет, пошто ќе умрете после неколку часа, ради грижите и симптомите што сте ги нашле - а не дека навистина ви е нешто. Али битно да се дешава нешто, нели. И така, во последно време некако и се одвикнав од дремење на интернет - освен овоа за симптоми! Времето си поминува, се среќавам со некои мали моменти кои среќа значат... и оние не баш пријатните, ама не се жалам. Се замарам со глупости. Печам чоколадна торта со вишни и црвено вино. Одморот седма година по ред како што го прерипувам. Животиште... Уште се плашам од темница. Секој ден претрчувам од соба до соба, навечер сум комедии, се лупам во се' живо и диво, ама шо ќе праиш... Уште да се случуваше тоа само навечер - добро ќе беше. Дете. Ќе падне - ќе стане, ќе се изгори, ќе се лупне... така растат деца. Останете со здравје.
Почитувам луѓе кои не читаат книга затоа што сите ја читаат и не гледаат филм затоа што сите го гледале. Кои стојат зад своите ставови и интереси, се свои во секоја околина и никогаш нема да ги видиш во друго светло, во обид да импресионираат во друштво со дијаметрално спротивни карактери од нив. Кои не судат според кориците без да ја знаат приказната зад истите, и не оформуваат, ниту пак менуваат мислење за некого само поради зборовите на мнозинството околу нив за истата личност. Личности за кои едноставно е подобро таму каде што не припаѓаат, да бидат отфрлени поради тоа што се, отколку да бидат сакани за тоа што не се. Нека целта во животот ви биде да бидете свои и среќни со тоа што сте и што го имате, а не совршени, воедно дозволувајќи и посакувајќи им го тоа и на луѓето околу вас.
Ова беше бурен викенд. Но луд. Прекрасно си поминав. Затоа сум како утепана моментално. Ииии оној момент кога ти доаѓа да викнеш сељаку, ме заследил на инстаграм, ми лајкнал слика и ми ставил блок, е македоништина. Spoiler: АПЕЛ Вратете го знакчето со попот!
Добро, готово е знам дека те изгубив не мора на секои 5минути кај тебе на профил да бидам, ми фали прегратка многу, има толку луѓе околу мене но сепак сум осамена. Ама сепак сум расоложена, зошто да не бидам ? Ете тука е одна моето маче да ме расположи и да ми извади одма котелец на новата блуза ццц
Повеќе од половина од вас кои имате пишано дека филмот Fifty Shades of Grey не ви де допаѓа, лажете. Истите вие имате ниска самодоверба и ако некој член тука на форумов ве фасцинира, за истиот тој да покаже интерес кон вас правите работи кои мислите дека ним ќе им се допаднат. Сите вие кои имате така напишано дома ја имате книгата, филмот симнат во компјутери, еден куп слики од него, сите рингтони и знаете се за филмот. Ама нели, не ви се допаѓа, грд е, не го бива. Ветрушки.
Моите родители постојано се натпреваруваат во се па дома имаме доста натпревари Денес решиле да се натпреваруваат во готвење и двајцата готват доручек ручек вечера и десерт па така за доручек имавме вафли полнети со нутела (од татко ми) и американски палачинки (од мајка ми) а за ручек и двајцата избрале индиска храна (многу слична). Моментално ја спремаат вечерата и дури тука ги слушам Дај ми го тенџерето А не јас прв го земав Дај ми го ножот Не може јас прва го земав Ама тоа ми е среќниот нож И како да не се здебелиш со вакви родители?
Jer ti se ljuuubis, na tako dobar nacin. Nemas pojma koliko mi znacis, nemas pojma kako mi nedostajes.... Анчиии!!!!
Палтото и краватата никогаш не биле господин, како и фустанот што не бил дама. Карактерот е луксуз кој не може секој да го има и да си го дозволи.
Ме трогна со твоево откритие. Алал да ти е, останав без зборови. Епа тоа е, си подлажнуваме по малку, спиеме на таван и еве почна и главава да ме чеша денеска. Од недостигот на самодоверба почна СЕ'. Кутрите ние што мораме да фасцинираме некој лик што поима немам ни дали воопшто постои. Ама без самодоверба сме, шта чеш. Признавам, и книга имам прочитано дури три пати, и филмот секој ден си го гледам по пет пати, го знам секој детал, постери по соба имам залепено, музиката ми врти дома, коси корнам, а од утре почнуваме кампања против сите што не го сакаат филмов, ќе делиме флаери, греота се луѓево, дај да ги просветлиме што е секс, да ги насочиме кон правиот пат и светла иднина. Деца, опрајте се. Пуштете таму Cinderella, шо убаво филмче, не туку чепкајте по филмови каде што не ви е местото.
3 godini so femina,se sekavam deka se registrirav ovde za da baram sovet za eden problem mislev deka nikogas nema da ja zaboravam taa licnost no vremeto leci se,devojkive ovde me sovetuvaa da go zaboravam kako voopsto da ne postoel vo mojot zivot,taka i bide,blagodaram mnogu za sovetite i poddrskata ovie 3 godini
Сакам да кажам толку многу работи, но кнедлата во грло и солзите во очи не ми дозволуваат. Моиве ме прашуваат што ми е, а единствено нешто што сакам е да ја извадам сликата од глава и да не ги вознемирувам. Здравје луѓе, здравјето е најбитно. Роденденот фин. Дувнав свеќи не замислив желба, заборавив. Еве сега, посакувам здравје за сите! Една торта малце ми беше, па денес правев уште една Домаќинка, да не чујам лош збор.
Не ни верував дека повторно ќе се вратам тука за да чкртнам нешто. Ама се' си бива. Две форумџики ме прашаа дали сум била активна тука, па некако ми зафале розевово катче, кај шо сите сме се' само розеви не. Искрено, се прашував колку време поминало од последното предремено лето тука па пресметав дека е отприлика 3 години. И така јас наминав. Многу работи се променија во мојов живот, на форумов, во државава ама годи ако си навратиш спомени. И ми годи некако периодов, некоја хармонија владее кај мене. Најблиските околу мене, сонце, утринско кафе испиено со сестра ми и ништо важно не е. Убаво ми е. Тоа сакав да кажам. Убаво ми е и што ве посетив. И убаво ми е ако се сетите на мене. И да, обожавам летни ноќи.