Бреј сите пoчнaa белешки дa пишувaaт сaмo јaс си гo зaбoрaвив рaкoписoт. Плaнирaм дa фaтaм дa пишувaм мемoaри и јaс...иoнaкa oстaнувaм недoискaжaнa вo пoследнo a и мoрa дa се преземе нештo, пa не сум мoдернa вaкa без писaнијa ... Spoiler: дoбрa ви нoќ ( штo имa врскa нaслoвoв нa песнaвa? бaш е приспивнa ) вaшa М,
Пет години на Фемина ? Многу време. Ако не напишев не ќе беше официјално, толку време заслужува простор и пост во темава.
Еве едно вицуле за убаво претпладне http://puls24.mk/zanimlivosti/vicot...ta-se-bara-pomosnik-vo-ginekoloska-ordinacija
Се покажа точна онаа народната рани куче да те лае многу ми е жал за уличните кучиња,и секогаш ги хранев ,често доаѓаат некои во двор,ќе им дадам храна си одат,едно постаро куче со денови ми остана во двор,иако улично и целото искубено и непроверено од болести,го оставив привремено ајде,ама поквареното ми ја зеде најомилената римјанка,леле во срце ми беа тие римјанки,најмогу си ги обожавав,жими се,само да ми се појави пред очи,ќе му ги искубам сите влакна од телото гнасно куче,од толку чевли надвор ,мораше да посегне по моите и да де,ќе си купам нови,не ме сваќајте погрешно,ама си ги обожавав па
Толку многу му се восхитувам, а никогаш не сум му кажала. Мојот татко... Синоним за се што треба да биде еден родител во очите на сопственото дете. На чекор е кон седмата деценија од животот, а физичкиот изглед и интелектуалниот дух не го напуштаат. Витален, здрав и верен придружник на природата. Ниедна работа не може да ја започне, а да не доживее свој краен облик. Принципиелен и амбициозен во секој поглед, умерен во говорот, со сериозен став и строг однос кон себе си. Смирен, толерантен, полн со разбирање и моја голема поддршка. Репер за успешна и одговорна личност. Никогаш не сум го слушнала да каже дека остарел, годините го совладале, а уште помалку дека физичката работа го изнемоштува. Напротив, таа го одржува во форма и го прави таков каков што сите го знаат, силен и цврст. Го гледам и молчам... Многумина би биле среќни кого би го почувствувале неуморниот телесен дух и во период кога тешко се балансира меѓу годините и потребите. Потсвесно посакувам да го наследам неговиот моќен ген зашто духот го имам. Би сакала јас да бидам неговото огледало. Еден ден... И не можам да ја разберам онаа група што ја живее чевртата деценија кон која и јас чекорам, а се вбројува во веќе стари и неволни за работа. Се чувствуваат физички празни како полначот одамна да им прегорел, а имаат уште толку животна километража зад себе што треба да ја исполнат со труд и дела. Главата горе, ведрина и оптимизам секогаш и секому му се водич во секојдневието. Секое утре е поразлично од изминатото вчера. Животната активност е тест за сечија работоспособност. Таа не одржува. Енергијата и работата се еквиваленти кои преминуваат од еден во друг облик. Одлуката сами да ги уништиме е личен избор на деградирање на телото и духот. Целта ги оправдува средствата кога имаат аргументирана позадина. Секој потег има нешто позитивно што вреди да го направиме без оглед на возраста и да биде наше обележје за сеќавање.
Последниов период не ми се верува колку мали испрани мозоци има т.е дозволуваат политиката да им го пере мозокот.Гледам деца по 18-19-20 години како на социјалниве мрежи се грабнале,вмро,сдсм очи си вадат за кого?за некој си што не ја дава фотелањата народот меѓу себе да си копа очии.Оффф каде ли отиде овој кутар и сиромав народ,овој истоштен народ.Јас на 18 до 20 години си имав свој филмови 30000 во главата,како ке имам девојка,како ке одиеме на летувања,колку ке се сакаме,како ке се шетаме по кејот на вардар,ке се качуваме по планини,здраво ке се храниме,како еден ден ке си најдам нормална и стабилна работа,дека еден ден ке изградам семејство.Јас на 20 години врска немав,ни кој е на власт,ни кој меѓу кој се препуцаваат од што мојот живот секогаш бил поважен од политиката. Баталете бре политика,шетајте создавајте моменти кој ке ги паметите целиот живот,турете и пепел на таа проклета политика,не за џабе старите викаат политика је к*рва. Имајте убав ден,СКОПЈЕ ВЕ САКА
Doma isporastureno, mirisa na farba, a mene prv pat ne me nervira. Do sega ne cuvstvuvav nekoja posebna vozbuda, no kako sto minuvaat denovite se poveke se raduvam na ubaviot period koj mi doaga. Samo cekam majstorov da zavrsi da mozam da zasukam rakavi I da se fatam za rabota, zosto najmnogu od se mrazam da sedam so skrsteni race I da ne mozam da bidam od korist.
Премногу се нервирам кога ќе видам колку неписмен народ сме во глобала гледано. Толку правописни грешки се прават по социјалниве мрежи, што стварно човек треба да се запраша дали воопшто луѓево 8мо одд завршиле На писмени по македонски во основно/средно вака ако пишувале, не знам како завршиле воопшто...навистина не знам.... Неможам, незнам, несакам, мајками, сеуште, видиги, свати, хитно, мешање на кои и кој, мои и мој, бевНе, купивНе, уште многу вакви зборчиња и еден куп србизми И не зборувам за тие што си пишуваат на дијалект, туку баш за оние што се прават културни демек литературно пишуваат. Нормално сите грешиме, и јас грешам, ама со вакви грешки вистина не знам како завршиле 8мо.
Ова година од почетокот ми тргна надолу... Буквално. Ќе ме изненади на убаво или ќе ја истурам со последни сили?
Многу сакам дебелки, но подвижни жени кои лесно се движат, нашминкани се, носат златни додатоци и косата им е интересно теткасто зафенирана и фатена во штипка. Носат широки шалварести панталони и обавезно ниски сандали или апостолки. И гласно зборуваат и го живнуваат просторот околу себе. Имаат и розево карминче, не мора да е баш пинк, ама розово, нијансата варира. Сигурна сум дека знаете за какви жени зборувам. Ете такви сакам за лето, многу ми е убаво кога таква ќе ми го направи денот. Тукууу... кои сме ние? Македонци! Што сакаме? Летен одмор! Ќе одиме? Да! Имаме ли пари? Па...од септември ќе му ја мислиме, јоло!
Тапа ден, мрзлив, топол, досаден. Од сабајле ќе се разработиш турбо и два три саати пред идење дома ти се приспива, ти се исклучува мозокот, буквално не знаеш што со себе и само се молиш никој да не те испозамара тој период. А таман се решив да учам, баш го погодив периодот-лето, спарно лето. @Lilit , мене една таква теткица со шалварчиња ми го прави денот секое утро во автобус. Дознавам се што и се случило вчера а богами и неколку дена пред тоа. Доволно е гласна за да на сите патници им го направи денот. Туку мразам панталони-шалвари, не знам зошто. Некогаш добро стојат на некого ама никогаш не би облекла такви. За летен одмор сите се снаоѓаме финансиски, па после дали имале дали немале, пак прерачунаваме колку би заштедиле за некоја друга потреба, доколку не би отишле нели. Ама пак исто би избрале Што ми беше зборот, летово мора у Грчка да се отиде, по можност на Јонско море. А читам ледено доба ќе имало во наредни триесетина години, океаните се ладеле, па да искористиме потопла вода.
^ Јас ќе бидам тетката со шалварчињата еден ден, осеќам, зошто ги сакам, баш вчера си купив едни. Мислам ако критериумот го поставиме само шалварчиња да се за другото тром тип на човек сум. Периодов слушам муабет - абеее шооо Грчка, евтина е, еве у криза се едвај чекаат гости, ќе одиме да се избањаме. Цела фамилија 4 души, а од септември до мај месец ја слушаш збори за мој кеш кредит, кредит за реновирање, трошоци за деца за облека и школо, за трошоци за зимници, пуши како турчин. А извини, не требало да се мешам во туѓ лајф стајл, ок онда ти не ми се мешај у дневно расположение со твоите финансиски проблеми, шибај во Неа Врасна и не ме замарај. Некако веќе не ми станува жал за немаштијава на луѓево, недомаќини да не речам... шузнам. А помладите строго се на Киклади летово, тоа што работи за петнаес илјади, шоимаврска! Јонско дегустирана ствар е од прошли години, сега идејата е - ајде да се пикнеме на Периса на Санторини, да носиме Аргета и да потрошиме неразумна сума на пари за фрапеа, а да идеме да ја сликаме Оја и да мисли светот дека бескрајно сме уживале... ах уел...во превод, дај да му ја извадиме душата на моторчево најмено за 15 евра на еден ден и бензин за 2 евра. Ама зајдисонцето давидатистедекасмебилебичз!!! Или ајде да одиме на Иос и да јадеме макарони секој ден, да пиеме по еден Хајникен во дискотека, ќе си носиме друг алкохол од дома, влез во дискотека и онака е бесплатен, а ќе се протриеме низ едвај полнолетни англичанки... И по цел овој циркуз, ете ја агенцијата Јупитер касни со све и трчка по туристите накитена со свичиња и алки и нуди одмор за 1000 денари и некој без опции се излажал и платил 500 евра за Ипсос на Крф... Многу достоинствено! Цареви сме. И не ќе беше пресмешно ако пред три недели немаше коментар - ете фонтаната сега, ќе се ладиме, луѓето и онака немаат пари за на одмор.
Жештини, пекол, ме отепа времево, убаво е вакво време да,ама сега да бев на плажа покрај море и едно коктелче или пиво, ах.........
СДК ... Онаа личност која ви делува дека е толку независна од се', всушност внатрешно чувствува голема потреба да биде зависна, од нечија љубов.
Те изневерил, те нaтепaл, и aјде сликa и емoтивнa испoвед цел свет дa знaе декa кретен е. Сo силa те врзa вo пoдрум дa не избегaш? Не. Првиoт пaт вo ред билo дa прoстиш и неверствo и ќoтек, пa aјде и втoр пaт, aмa третиoт пaт цел свет ќе знaе. Ќуркa. Кaкo тoa двaпaти е вo ред дa те нaтепa a третиoт не е? Oвa кaзнa му е шo не се пoпрaви? Не oпрaвдувaм нaсилствo, aмa и пресерaвaње пo нетoв веќе aмaн. Пaк зa нaслoвнa збoрaм.
Никако не сме ние луѓево. До пред некој ден колку е ладно за никаде е дај малце нека затопли, е сега кога е топло , не се издржува многу топло .
Немаше да бидам толку детална и речита и сликовита како @Lilit ама со нејзиниот последен пост ми ја долови поентата. Значи не можам да ги поднесам како цела година кукаат дека немале, едвај врзувале крај со крај, ова било скапо, она било скапо..... а во лето оп! одмор. Тоа не е скапо, а? Абре освен апсолвентската екскурзија (која ми ја платија моите, а џепарацот беше мој заштеден), на одмор не сум отишла. Единствено капење во море ми беше на истата во Шпанија во април во мраз вода, ама ајде, којзнае дали ќе појдам уште еднаш во Шпанија, заеби ладно. И онака немаме бојлер во Охридсково. Ќе погрешев душа, сум била два пати на одмор со моите како дете.... со шатор во Љубаништа. Ми се повраќа и ако уште некој ми се пожали дека немал пари ќе го потсетам дека ќе му заврнат кога ќе треба на одмор да оди. А јас годинава најверојатно повторно ќе летувам дома со цревото. Ама не се жалам, има и полошо.