Абе ако се расправам со мајка ми јас и не и‘ признавам, во право е На нејзиното височество печената пиперка да и‘ се даде пиедестал, а јас, и покрај “загушливо, а мени се плаче“ време, ќе одам да печам пиперки во гаража. Салата мила, со патлиџан, мх мх мх!
Викенд дојде и нормално како и секогаш... Времето ужас! Да неможеш како човек да си се изнадотераш зошто мора да носиш палто или што и да е одозгора!
Во основно ни даваа книги на крај од година со оценките, нели за петките. Се чудев тогаш зошто на сите им дадоа книги од типот - историјата и културата на Македонија и слични рандом книги кои убаво ќе стојат во домашната библиотека за украс бидејќи со тврд повез, а мене ми ја дадоа Малиот Принц со обични корици. Не верувам дека беше намерно така, ама па не верувам и дека случајната случајност на класниот за мене е случајна. Се уште ја чувам, а баш утрово се загледав во неа додека се спремав. Потсетник, за читање повеќе од 10 пати во животот.
До кога вака? Ќе има ли крај ова? Не можам повеќе! Сакам да се откажам од се, од себе, од него, од нас ама ете и тоа не можам! Не е толку едноставно. Проклетство..
Времево надвор е бонбона..... Дувна ветер,ситен дождец,се диши....добро е.... Со лесно викендот за сите -оние кои ќе купуваат дрва за огрев,оние кои планираат да пивнат малку повеќе,оние кои ќе спортуваат....за сите вас....ветриштата секогаш нека ви дуваат во грбот....
SDK Bozem nema da Jadam blago, mavnav dve parcinja torta, eeee dve malku mi bese Edno pa dve, sto ti znaci da si vetis nesto Sam na sebe
Ангела,зошто ма две си изела? Јас за да не ме јаде нерва како тебе сега,сечам едно парче(кое вреди за две) и го бројам како едно.
Одамна немам пишано тука. Во последниве шест години се преселив милион пати. Два различни континента. Три различни држави. Околу седум различни градови, престанав да бројам. И процедурата е иста, заминувам со мал куфер најосновни работи а при селење не знам од каде завршувам со 4 куфери и 6 кутии облека, книги, сваштарии. Најтешко ми е кога треба да ги продадам или донирам затоа што неможам се да земам, а така лесно се приврзувам за ситници, облека, фустанчиња, маици.. Се тоа ми враќа различни спомени. Па така назад се враќам пак со куферче со некои основни работи и кутија спомени. Од секое место носам ситници кои ќе ги чувам засекогаш, мапи од различни градови, автобуски билети, влезници за кино и концерти, разгледници, подароци па и фискални сметки. Се сеќавам пишував тука пред да заминам на студии и буквално ја осеќам уште грутката во стомакот од страв од непознатото и заминав со мал куфер а големи соништа. И еве сега повторно истото, се пакував цела ноќ и се разбудив со грутка во градите. Станот треба да го отстапам на некој друг што доаѓа со неговиот багаж и соништа и не ми се дава, не ми се пушта толку лесно..Некој странец ќе живее во мојата соба, каде што оставив милион спомени, сеќавања а јас пак на нов почеток. И пак истото, нова соба, нови луѓе, а немам сила веќе. Пред мене стојат две понуди за нови две држави кај што досега не сум била. Најтешко ми е кога патувам и ќе ме прашаат од каде доаѓам..Не знам, не знам каде е моето дома. Родена во една држава, работи во друга стдирај во трета. Се мислам дома да си дојдам, ама никој во тоа не ме поддржува. Еден од дома да се пофали, не. Немаштија, нема работа, нема за леб, едвај крај со крај се скрпува и се плашам од шокот што ме чека дома ако се вратам. Не знам дали некогаш сум се осетила оволку сама, изгубена и збунета. Дома ме чекаат да славиме магистерска. А веќе и контакти имам изгубено со сите, кого да поканам. Најтешко е кога заминуваш а знаеш дека на никого нема да му недостигаш, никој тука нема да примети дека сум заминала. А никој освен моите дома и не се радува на моето враќање. Не успеав со дедо да се испратам, а тој најмногу се радуваше на магистрирањето. Со душа чекаше и само зборуваше за тој ден. Сега си ги читам мислењата и гледам сум напишала дека има рак и сакам да се вратам и да го видам, ама не стигнав.
Мене ми ја дадоа Сирано де Бержерак. Ликот неверојатно ми се поклопува со животов во последниве неколку години. Паметам колку се разочарав кога видов дека е драма (уште и во стихови), тој жанр никогаш не ми бил омилен. Aма се’ уште ми е меѓу омилените книги. Ме потсети пак да ја прочитам, да видам како ќе дејствува во овој момент.
Денес тргнав на прошетка која требаше кратко да трае, па не зедов ни чадор. Дуваше ветер, беше ладно, облаците беа натежнати и се чувствуваше мирисот на бурата која претстои. Наместо тоа, завршив на место далеку од дома. Ветрот почна да дува уште посилно, носејќи прашина и капки дожд кои го најавуваа невремето. Кога тргнав кон дома, почна да врне. Прво помалку, а потоа се засилуваше дождот. Прв пат после долги години ги чувствував дождовните капки врз мене. Додека стигнав до дома, силно врнеше и целата облека ми беше накисната, залепена за мене, косата ми беше мокра. Но јас бев среќна. Толку се израдував што посакав да шлапкам во секое вирче како што прават малите деца. Уживав во свежото ветре и капките дожд. Денес дождот ги изми сите тежини кои ги носев во себе. Дефинитивно треба почесто да го оставам чадорот дома.
Не ги можам веќе луѓево, еден нормален да имаше...дефинитивно животните повеќе си ги сакам. Кога им требаш на глава ќе ти се качат, а кога ти требаат сите имаат работа. Зошто и јас не сум таква? Зошто кога му требам на некого и јас не викам дека имам работа? Зошто се замарам со туѓи проблеми? Зошто не си гледам за себе? Вака ми имаат направено 1000 пати и јас пак сум глупава и наивна Пак ќе ги слушам по цели вечери како се жалат, а ете на пример мене вчера ми требаше со некого да зборнам и нормално никој нема. Абе кога сум глупава убаво ми прават. Користете ме. И ајде тоа настрана, ама кога еден ми кажа дека подигнал 1000 евра кредит за мотор, дека сите другари имале мотор па тој да не се дели, а пред тоа се жалеше дека за леб немал, дека на просјачки стап бил доведен, абе ми дојде желба во колено да си пукам Ебате идиотите што живеете што ќе кажат другите и што се споредувате со други. Ја изгубив вербата во човештвото. фалачаопријатно
Денес ми се издешаваа работи за цел живот. Па од каде да почнам станав сабајле рано бев на фитнес,кога се вратив одма во кревет цел ден скоро го преспав. Заборавив дека сум на депилација. Брзај брзај стигнав, женава која ме депилира 4 год. Ме изгоре ме запусти. И тоа на препони ни плажа ни одмор ќе се види. Едвај дома си дојдов. Еее пусто женско.
Ехххх, што ти е помодарство. Сите се фатиле сега држат глутен фри диети. И све што ќе фатиш, ти викаат ''aaa, тоа не е глутен фри'' ?! А поим немаат што е глутен и за што е всушност таа диета. Абе забегнано сѐ !
Ја слушав Неврмајнд на Коен пред да стане кул со Тру детектив, само да знаете. Баш песната ме потсеќаше на есенски бои, на разочараните ние, на емоционално осакатените, кои сепак си го сакаат животот и кога не го сакаат. Ок, на емоционално осакатените тие, јас сум прекрасна на тоа поле, ќе продолжам да бидам. Да постеше серија со мене како централен лик ќе се појавеа двајца бивши, дечко ми и можда некое среќно девојче колку да ни разбие монотонија. Дечко ми го држи балансот на среќата и ентузијазмот а овие другиве на минатото и како ме влечат во нивните меланхолични, здодевни животи. Би била на две страни и на крајот би се одбрала сепак себе.
Во собава која ми е хаос уживам. На една страна нов накит, на друга еден куп шминки кои чекаат ред да ги пробам, на трета фустан и подароците од роденденот во ќеси. Шахот на под и фигурите растурени покрај него. Хаос, речиси како и животов ама не се жалам. Нотесот во кој запишувам идеи, златното пенкало од С. и еден куп пенкала во боја на кревет до мене. Чекам видео на скајп и чекам компирот да ми се свари, за салата. Главица кромид чека да се измеша со топлиот компир. Со мајка ми сме толку поврзани што заб не боли во исто време. Пред некој ден стомак, а синоќа станала да ме покрие затоа што и било ладно, а и мене ми беше само ме мрзеше да станам да си земам покривка плус. И запознав еден топ дечко ама секогаш има ама... Плус јаде буквално се што јадам јас. Можам ли да побарам повеќе? Можам нормално! Едно 15 см плус кај него, во висина, нека не ви лета паметот на друго
СДК ... има што да кажам, а богами и сакам. После некако блесаво тапиот ден, со малиот баксузен момент пред два саати, крајот на денов изненади очечувано добро. Хм, има нешто и во трапавоста. Носи убави моменти.
Омилен дел од денот - кога после напорен ден ќе дојдам дома и ќе си ги брцнам уморните стапала во леген со топла вода и миризлива сол. Втор омилен ден од денот - кога фино ќе ги исушам стапалата со благо тапкање на пешкирот и ќе прејдам на постапката масажа со кокосово масло. Инстантна промена на расположение од минус во плус, од лимун во зен, од намќор во човек, сега, секогаш и за навек. И така уште една работна недела помина...полна пареа што страшно ми годи. Си седам вака и мекнеам (тоа е тој збор, поздрав до велешани ) и си мислам за тоа колку уствари работите чудно си се местат како што треба. Ми се мотаат разни секвенци и сеќавања уште од пред неколку години, од некои ситници што тогаш изгледале минорно, а денес ја прават големата слика. И стварно, ама стварно, ретко нешто да може да ми го заебе раатот во моментов.