Сдк никогаш не сакам да се замарам со тоа кој каде бил што правел, кај ќе оди што имал или немал. Секој за себе си е, така и јас не ми е гајле ниту мака некој ако го прошетал светот, ако има многу пари ако живее во луксуз. Јас си уживам во деновите чекајќи го мојот одмор,и си фантазирам за моите претстојни денови. Едноставно сакам да уживам во она што јас го имам, колку и да е. И друго ми беше муабетот, минувам сабајле низ центар и од еден кафич ја слушам песната од скорпионс wind of change - и како да не се разнежниш на оваа песна.... Убав ден на сите
СДК..јас незнам како на луѓево не им се разјасни дека СЕКОЈА ЛАГА каТ-таД се открива Никој не ти влага во џеб или дома во стан за да те контролира, и никого не го занима твојот живот !! Во именикот од мобилниот пола ми се Blocked ... Сета среќа што постои таква опција. Од психопати преку глава ми е дојдено.
Слушам деновиве на телевизија (додека, патем, дишам на жабри и тоа како риба на суво) дека овие температури биле нормални за Скопје и Македонија и дека откако памтат луѓето, сме имале вакви лета. Да, и јас памтам пред 20 години колку беше топло и како цела населба излегуваше надвор да подиши од врелиот воздух. Па миење на дворови, па разладување со вентилатори, неможност да се заспие до доцна во ноќта. Ама никој не спомнува дека пред 20 и повеќе години, Скопје беше изградено до пола од тоа што е сега и дека имаше двојно повеќе зеленило. Е, овие фактори не се земаат во предвид. Сега излегувам навечер во 11 часот да прошетам и „трчам“ кон кејот на Вардар во надеж дека ќе наидам на свежина. Ако не се симнам на патеката најбизу до водата, не се ни забележува дека воопшто има вода. Ете тоа ни направија високите и густо насадени згради и недостатокот од дрвореди и тревни површини. Автомобилите и смогот (кој го чувствувам и летно време, не само на зима кога ќе ни падне магла) веќе не ги ни сметам. Има ли поента за такво нешто? Ете така, се' е релативно и секогаш треба да се земаат во предвид многу фактори кога некој си прави споредби, особено помеѓу толкави временски растојанија.
Чудни ми се младиве кои ги носат своите партнери дома, демек да ги запознаат со родителите. Ваљда оваа навика влече корени од минатото, период за кој сум силно убедена дека причините биле далеку по оправдани од овие денес. Барем, тогаш кон една ваква одлука се пристапувало само кога партнерите имале сериозни намери за брак. За разлика од денес, кога родителската покана е најчесто врзана за некои алтруистички критериуми, од типот на - дали е дечкото карактерно кадарен за нивната ќерка, вклучително длабочината на неговиот џеб. Па, сума сумарум, ако ги поседува овие квалитети таман е, ако не` нечини. Колку површно, зарем не? Всушност, кога подобро ќе размислиш, и во случаи надвор од примеров важат потполно истите правила. Родителите мислат дека ним прифатливите вредности под дифолт се прифатливи и за нивните деца. Како и да е, според некоја моја размисла, двајцата партнери треба да бидат доволно зрели за љубов, и свесни за својата компатибилност. Кога велам свесни, мислам да не им е потребна ничија екстерна интервенција, а уште помалку одобрение или анализа за нивната врска. Особено не од родителите! И не, не велам дека тие не треба да имаат право на мислење, само корпусот на нивните критики треба да биде без претерување, во граница на нормала. Е сега, веројатно се прашувате кој ми е мотивот за постов? Па еве ќе ви кажам.. Кога бев средно, имав соученички кои често ги менуваа своите партнери. Но, најинтересно од сe` ми беше што речиси секоја нова врска ја крунисуваа за "oзбилна" кога дечковците ќе ги одведеа дома на ручек. И не е уопште битно што раскинуваа две недели потоа, битно секој втор испаѓаше достоен за презентација. Дури, со некои соученици паметам колку се смеевме на овие чудни, делумно закоравени навики или обичаи. Кои не знам веќе во која категорија да ги вметнам, ама битно толку ми се очајни што ми доаѓа да присуствувам на една од тие стројнички средби и да им го исцитирам постов у фаца.
СДК какво е чувството кога губите нешто? Не е битно, личност ли е, предмет ли е, некоја особина, чувство. Кога нешто ви бега како зрнца од грстот песок што сте го зграбиле со дланките? Грчевито ги стискате за да го задржите колку е можно повеќе, ама колку време можат дланките да останат во таква положба? Полека се олабавуваат прстите и песокот почнува да се лизга зрнце по зрнце низ нив. И се прашувате дали вреди уште грчевито да ги држите рацете или наеднаш да ги отпуштите, наеднаш да се ослободите од болните грчеви во нив, да го ослободите песокот. Всушност, него местото никогаш и не му било во вашите дланки. Живот.
Има премногу сиромашни луѓе помеѓу богатите. Има такви кои освен пари, ништо друго немаат добиено од своите родители,за жал.
СДК имам некој bf curse Лани летото ко си фатив дечко по една недела му заминав Италија, са за два дена он замина Охрид. Да ти се плукнам во среќата. Меѓудруго не се чувстувам продуктивно, цело лето го потрошив на фб. #mustdosomethingproductive Се договарам со друштвото за на одмор, сите некако откажват, се влечкат, се нервират, ме нервират воедно. Сакам да им речам „fu u не идам ќе си одам со мама и тато“ ама ај си викам толку време сме се договарале, можеби ништо не сме се договориле, ама сме се договарале. Едната ми најдобра другарка од старт кажа дека не иди, другата е со предомислици. И она ако не иди веројатно место Охрид ќе завршам Албанија Родителите идат океј со тоа да им презентираат дома дечковци? Оти мене дома чисто ми имаа речено ако не заодиш за сериозно поќе време дома да не си го донела а на улица онака да помини мајка и да го види, е то мн сака.
Не сакам да ја свртам страницата сакам да ја сменам книгата. Кога и таа книга ќе ми здосади ќе ја сменам библиотеката,полиците и уличните продавачи се дури не ја најдам вистинската. Да и буквите ќе ги сменам ,ќе измислам нови.И нов јазик. Кој може да ми забрани,денес сум овде утре може и да не сум жива повеќе. Колку книги останаа непрочитани,колку фустани несошиени и необлечени,колку тесни улички неоткриени. Моите тикви ме чекаат,гулабите зборуваат на прозорецот а чевли никогаш во доволен број. Едни ми се распарени. Некој ѕвони а полноќта е далеку. Стара сум за принц,тоа е само читачот на водомерот. Ме удира летниот сон.А не сакам да сонувам,стара сум за тоа. Сакам да живеам и да си го најдам распарениот чевел. Цело е кога се има се.
Знаете кога слушате најдобри пофалби за некоја книга и чекате со нетрпение да ја земете од библиотека.Книгата ќе ја земете,ама преводот-катастрофа.Ете тоа ми се случи мене.Со идеја дека во жешки денови ќе се релаксирам со книга јас се тупам.Што значи овој збор,што значи оној збор.Книгата е интересна,ама зборовите...Ме нервира,а истовремено ме и копка.Книга се преведува на литературен јазик,не на дијалект.Со тоа целата книга се уништува. Spoiler
Сакам да се пожалам дека годинава изгледа нема никаде да одам на одмор освен што се шетам секој викенд... И дека годинава ми беше најкатастрофална EVER! Сакам поубав период, сакам повеќе да работам и заработувам, сакам да се шетам повеќе, да се журкам Знам знам, многу сум скромна
Брееее, ова личи на пародија, а не на превод. Слично лошо искуство имав со еден учебник кој ми требаше за испит на факултет.
Не сум ја читала на англиски но ако во оригиналот Хагрид зборува на дијалект, сосема е нормално и кај нас да биде соодветно преведена, во спротивно книгата губи голем дел од својата оригиналност и квалитет. п.с Хари Потер и Каменот на мудроста, во издание на Култура, страна 49, така?
@Nausicaa јас разбирам се е океј,ама па цели две глави со дијалект преведено.Сега и другата глава е на дијалект.Не ми е верно.Инаку да,49 страница.
На дијалект се секогаш преведени зборовите на Хагрид, поради причината која ја наведе @Nausicaa , инаку далеку од тоа дека целиот текст е пишуван на дијалект, во сите книги е така кај директното обраќање на Хагрид.
СДК ... најтрагично е кога ти внатре во себе вриштиш, плачеш, гориш ... А другите те гледаат и те сметаат за силна, воздржана и можеби и за ладна личност. Не знаат за обратна психологија добар дел, за жал ...
Ponekogas forumov go dozivuvam kako Veliki brat. Site nesto se furaat u fazon-ne me zanima nikoj si gledam pred sebe a ustvari se se sveduva na citanje tugi mislenja i sudbini i berenje tugi gajlinja. Se ima sluceno da napisam sopstveno mislenje i stav pa posle 5 minuti da ima 30 repliki so kontra stavovi Vaka li sekoj si gleda za sebe i ne mu e gajle za toa sto mislat drugite??
Свој леб да ама туѓи мислења и гајлиња со слас колешке се конзумираат, баш од секој (мењај тоа латиницата)
@referentka и сама го знаеш одговорот, ама ете и јас ќе кажам - БАШ ТАКА како што опиша ти! Посебно па по помалите места... Pueblo chico, inferno grande (Мал град, голем пекол) - реченица како створена за ваквите места. Ама и менталитетот ни е ептен арен богами, така да тоа е капак на се. Ова ме потсети на муабетот со другарка ми од синоќа, имено пред некој ден била излезена со братучетка и и некои нејзини другари и дошло со неа да се поздрави дете - бивш наркоман, сега рехабилитиран целосно и дури и на работа во странство. Беше згрозерна од тоа какви зафрканции паднале од другите на масата за него, за дрогата, па му се шмркало ли, па во пица идело ли од белиот прашок, па како можела другарка ми да застане со него итн, итн. Значи од простачките македонски умови, не можеш ни човек да бидеш, еј! Кој те прашува тебе ти дали си ја увидел својата грешка и колку добар човек си во моментот или се трудиш да бидеш тоа... Ти си обележан во нивните плитки мозоци и таков си па ако сакаш и свети отпосле. Жално, многу жално...
Ех...период на промени. Не променички. Промени. Троа поголемки, ориентирани кон себе...ми се допаѓа тоа. Порано се плашев и од ситници, ги преиспитував и се откажував поради можниот неуспех...најглупавото нешто што човек може да си го направи. Убава е поддршката, ама најубаво е сам. Бидејќи сме претежно сезнајковци, тук и таму секогаш ќе се најде некој кој, добронамерно или не, сака да ти се наметне со совет во одлуките. Но, јас сакам сам, па како знам. И знаеш дека ти си си заслужен, без разлика дали си успеал или не. Еднаш кога ќе почнеш, секој нареден предизвик изгледа помал. Чудно, но мотивирачко. Ајде, животецу, па ништо интересно не се случило веќе неколку дена. Што е следно?! --- Е, и не е првпат, али малку ми е чудно свој пост од друг форум да си прочитам, ама да е малку изменет. Као, фино е, flattering до некаде, ама само ме копка дали истите чувства ве надвладуваат како тој што го напишал? Контекстот? Инспирацијата? Не е лутење или пување као ето што сам вруч, само е малку ко странец да ти краде делче од душата. But then again...деновиве и ја издадов душава по странци (лошо звучи, ама не е што мислите, I swear). У, мајке ми...фрлете ме посеверно.