Ти од брзање не со разбрал тоа што ти го напишав па ај да ти објаснам. Велиш дека те нервирале машки во сандали и влечки, а женски не ли те нервираат што скоро сите се во сандали, кломпи, влечки? Или само за женски не се важи. Исто и машки со рамбовки те нервирале, а зар не ти сметаат женски со оние крпчиња што го носат само преку цицињата, со голи мешиња, без никаков срам. Многу дискриминираш и леташ во облаци. Ако ти имаш пари за скапи влечки и патики, друг има само за поевтини, или пак сандали од пазар. Зошто да се вари во патики кога може да се раскомти во влечки? Муабетот ти е без врска, имаш право да се лутиш ама не и да навредуваш.
Пак јас. Најпрво, сакам да им се извинам на сите кои пишуваат и ја читаат темава, ради тоа што со „препукувањава“ околу моево мислење ја затрувме темава. Мислам дека темава „Сакам да кажам“ служи за тоа секој да си каже што сака, свој став и размислување на било која тема, а не за дебатирање и реплицирање на мислења кои не ти се по кеиф. За дискутирање и докажување има многу други теми по форумов. Во секој случај, во однос на „дебатава“ во која сум вовлечен против моја волја - за да бранам мој личен (моден!) став, ветувам дека ова е последно од моја страна. @Abeja - мислам дека бев јасен и во првоно мислење - за кој се однесуваше и кој или што ми смета. Те разбрав, сакаш да кажеш дека си слободоумна, либерална и со широки погледи на светот, за разлика од мене. Не ме убеди. Како и да е - тоа за што јас зборев нема никаква врска со тоа како стои некој финансиски (ама гледам дека си се „запнала“ за парите, божем сум ја некаков сноб, па ја осудувам „простава раја“ што нема пари) - има и патики по иста цена со влечките, има и маици на кратки ракави по иста цена со рамбовките. Да не завлегуваме во бесмислени муабети. @Abrakadabra, баш ми е мило што ме демантираш со личен пример. Инаку, ја не реков дека сум апсолутно против ваков аутфит - за на плажа и одмор ми е ОК, ама за низ град не ми е, ете. За вкусовите нели не се расправало - ја само си го изнесов моево мислење, па не знам стварно од каде таа потреба и желба за расправа и докажување дека не сум во право. Секој со својот став, нели. Поздрав, до следно читање на некоја друга тема!
Де бре, човек да не може мислење да си напише. Па и мене лично не ми се нешто омилени маживе со сандаливе особено па што ретко кој маж прави триста ритуали на стапалата како ние жените. Мислам дека ме разбирате што се подразбира под несредени стапала. Да не набројувам, гадно ми е. Дури некогаш се запрашувам дали воопшто некој од маживе мие нозе повеќе од три пати неделно? И згора на сето тоа, сандала ставил. И што убаво има во таа глетка навистина не знам. Нит па ми се допаѓа толкав маж со стомакот напред и маица со прерамки. Не ми се допаѓа и крај. И билдер да е, не ми се допаѓа, и најдобро тело да има, не ми се допаѓа. Бре, бре, се модерни и современи, а одма испоскокавте со коментари за тоа како девојките се облекувале. Нели не треба да не' интересира кој како се облекува и што прави? Од една страна не треба, а од друга одма наброивте како жениве се облекувале и се разголувале.
@Daydream тоа со разголените жени беше за споредба. Проблемот беше што дечкото сакаше да каже сите машки да издржат да не носат апостолки, сандали, влечки а во постот ставил слики од интернет со гадни а не само несредени нокти и нозе и некои дебели чичковци. А има толку убави влечки, само треба и убаво да се искомбинираат. Не гледам причина носењето апостолки да се споредува со гнасни нозе од некои слики по нет. А и девојки има такви, џабе што се разголила кога не се избањала туку опнала јак парфем или излегла со неизбричена и немиена пазува, неисечени нокти на нозе, со црно под нокти и сл. Тука не станува збор дека некоја обувка не е добра или облека неубава, туку е прашање на одржување на чистота на своето тело и вкус за комбинирање. И зошто машко да не носи влечки а женско да носи?
Жени змии, само не знам зошто толку ли само се жала од жешкото периодов кога и го обожаваат... Сменете тема на сандали и влечки оти ве испукав преку монитор!!! Саат време читам ова припукувањава и ми залетаа мислите што сакав да кажам...
Време е да се истребам на неколку дена од овај град што ужасно ме гуши... Да ме гуши многу долго време,спомените болките, дури и среќата све, сакам само мир и спокој а моментално можам да речам и дека градот е празен,пуст а никој нема пари за на одмор де иронија... Ок не се замарам со туѓи животи гледам мојот да го средам иако ми оди бавно се надевам дека е сигурно позитивна сум за мојата иднина...Многу работи поминав и сватив во текот на сите овие месеи уназад,се запознав повеќе себеси колку и тоа да звучи смешно,и многу по храбра сум била по упорна и решителна отколку што сум мислела брвос за тебе Миме... Време е за незаборавен викенд,малку и јас да се одморам од сите ст***а што ми се случија... Имајте сите убав викенд...
Ми се прави ептен меракот кога се возам од почетна станица во речиси празен автобус (климатизиран) и истиот останува речиси празен до последната станица. Мераци!
Ги обожавам летните ноќи. Си седам до касно навечер,прозорецот отворен,ѕиркам надвор од време на време и си уживкам. Ех,она чувство на смиреност кое ти го влева ноќта ...Размислуваш што било,што би можело и да биде,размислуваш за своите поставени цели и бараш начин за да ги оствариш... Сите спијат,а само јас будна си седам в соба,се додека не го дочекам изгрејсонцето слушајќи ги омилените песни со совршено одбрани стихови...стихови во кои се пронаоѓаш и те тераат да се чувствуваш како да имаш некој до тебе кој потполно би можел да те разбере без да кажеш ниту збор. Е ваквите песни ги обожавам. ... Смирувачка е и тишината. Иако понекогаш не' тера на многу размислување,од неа добиваме најмногу одговори. Доста филозофирав,заминав да си пуштам уште некое песниче.
СДК ... Зошто да биде едноставно нели кога може да биде комплицирано?! Од зрно погача се замеси тука. Ок, секој има право на мислење ама никој нема право да му се нафрла на другиот. Марјан кажа свое мислење, прифати или игнорирај. Жениве се нафрлија скоро одма со своите ставови, малку повеќе од потребно, ама жени ... И нивното е прифати или отфрли. Бидете коректни, развијте дискусија без многу џева мили мои. Жени - змии, па традиционално и историски тоа ни е заштитен знак. Змијата има друга симболика,не само негативна ... Ама треба подобро да се прогугла и да се дознае нејзиното значење.
Потполно иста сум и јас во лето.. Абе онака рај е тоа за мене, уживање до бескрај ах .. Само што од музика јас си ја бирам Лана Дел Реј .. И инспирација доаѓа од секаде
Кaкo мaли игрaвме жмуркa. Мижиш, брoиш дo 100, се вртиш и ти ги немa другaрите и сегa е тaкa... Сaмo штo веќе не е игрa.
Она чувство кога едвај чекаш нешто да ти се деси и постојано се трудиш за тоа да ти се случи и на крај за влакно ја пропушташ шансата - и тоа два пати истата шанса.
Значи кога сте решиле да излезете по дискотеки, кафичи, ноќни клубови тогаш прво манете туш пред да излезете и ставете: За жени и за мажи Не ми се умира од испотени и мрзливи луѓе. Или седете си дома. Не сме 10ти век па да немате ни едно ете најефтино сапунче за лична факинг хиниена Фала многу.
Сто пати сум рекла дека "смешни мислења" нема да ја отварам вака касно ќе ме избрка мајка ми во двор некоја вечер