СДК... Обојте го својот свет во изборот на бои што ви создаваат моќна глетка на нештата. Дајте му продуктивност на талентот и бидете креативни. Градбата што ја подигате во вас е можност да ги освоите височините на соништата. Ништо не е глупаво ако намерата е вистинска.
Ние македонциве, р'мбаме ко црнци, живееме како црнци, а го немаме нивниот пенис... Е дали е тоа правдина... ?
Со среќа на сите феминки што денес поднесоа документи за упис на факултет и се надевам дека сите ќе бидете примени онаму каде што посакувате.
Ја ич не видов а чекав, лежев во кревет и си реков ај штом ќе почне да врне ќе излезам на тераса.. Ама ништо не видов А си имав десетина желби за замислување
Веќе од се ми скисна. Колку порано заклучам дека нема правдина нема фер нема култура толку подобро за мене самата. И јас сакам како и остали свет да бидам со љубовта, да се љубеме, да стегнеме по некоја чаша уз фин муабет, да се гњавеме, да се забавуваме, да одиме на одмор, да се шетаме итн итн.... Но нема! Само ми преостанува да се дружам со овој телефонот секогаш во рака и да зборуваме преку жица. А што да зборувам, па не е еден ден?! Некогаш не е потребен збор и разговор потребни се чуства мир спокој заедничка прегратка. Знам дека сето ова е за подобро утре, сите теории и тракатанци ми се јасни, НО поминаа месеци и месеци бе ... Па како јас немав ни грам ни трошка среќа да ми се посреќи бар едно нешто во животот да изреализирам. Знам чекај, еве чекам не е до мене за да направам нешто, но да му се сневиди бе. Живот ко живот за некој мајка за некој макеа! Немав на тацна ништо послужено па затоа ке си чекам и моите 5 минути да дојдат, па потоа ама баш раат да ми биде главата. Од се и од секого!
Кај мене се сите ѕвезди жени. Љубов е кога ќе се разбудиш со букет од 101 цвет наречени - ѕвезди. P.S. Е не се атрактивни како рози, а ниту скапи, а се од дворот на баба му! И не сум сигурна дали стварно се викаат така, ама личат на ѕвезди.
@vitamina нема правдина во овој свет deal with it. Истото важи за сите членови на форумот. Што порано се сфати тоа полесно ќе оди. Јас СДК еве го почнувам денот со и Гледам има некои поплаки за брзи коли и колку опасни биле возачите... би рекол дека тоа е точно до некаде но исто така морам да ги искритикувам пешаците кои од немајкаде како зајци изрипуваат на пешачки премин и мислат кога ќе зачекорат на пешачкиот ни Господ не може да ги прегази. Во огромна заблуда сте. Никој ама баш никој нема да внимава на вас ако вие самите не внимавате. Затоа секогаш, дури и кога се чини дека нема коли, погледајте на двете страни пред да поминете. Мене најмногу ме иритираат оние пешаци кои најмногу се прават мајмуни, споро одат и како да си ја бараат бељата, па после кога некој ќе ги поткачи малку со кола квичат и цвикаат. Се знае пешачки е пешачки, а не модна писта, поминете го што побрзо! Тие што се запишуваат на факултет деновиве... среќно и за нив. Се надевам си избравте приватен факултет за да помалку мака си имате и полесно и побрзо дојдете до диплома и работно место, а вие што ќе изберете државен и што ќе се здрвувате од учење, а тој труд после никој нема да ви го цени... прочитајте ми ја оваа порака после 5 години за да видите дали сум бил во право.
Тажна сум,лута сум, бесна сум,неможи мене една работа да ми тргни од рака се додека не проплукам крв за истата,аман веќе... Ни шопингот денес не ми помогна ни ништо змија да ме касни ќе се отруе од мене денес,како луто пиперче сум...Незнам што да правам со самата себе моментално незнам
Веќе ништо не ме чуди веќе се навикнав дека светот е суров луѓето се сурови живееме во свет каде што парата ги отвора сите врати каде што парата те прави моќен каде парата те заслепува Бидејки светов стана една гоолема "пара" луѓето се променија од корен, се појави завидлк, љубомора, цинизам, иронија, лицемерие и сите такви ми ти слични зборови. И како очекуваме да имаме љубов? Да имаме искрено пријателство? Да живееме со некој? Да имаме почит? Подршка? Пред се човечност? Од овие работи се разочаруваме многу силно, се депримираме, и се чудиме и прашуваме зошто?! Ете затоа што самиот свет е таков. Зошто животот не е фер. Зошто тој кој има пак има и повеќе и повеќе. А оној кој нема, и пак нема. Зошто порано сите имале толку, зошто порано не се живеело како денес. Денес некои умираат за леб, а други од пари. Не е фер некои да се дават во пари, а други човечки животи да страдаат и умираат по улиците. Ете затоа светот е суров, бидејки нема фер, не фер, нема се почит, култура, човечност, осет. Луѓето се јадат помеѓу себе! Жално...многу жално. Парата го отепа чоекот.
Љубовта ме праи исклучително среќна. Во сите нејзини облици. Кога се дава и прима. Небитно дали е меѓу луѓе, пердувести или влакнести животинки. Плашливи и мирни или бунтовни и одлучни. Небитно дали е во лет меѓу облаците, дали чекори на асфалт, кал или калдрма... дали рипа по дрвјата или пак се крие во земјата и карпите... А посебно кога е несебична, пожртвувана, убиствено-страствена. Онаа која ниеден кантар на светот не може да ја измери - мајчинската.. онаа која редовно е ставана на кантар - пријателската.. онаа која ја добиваме од нашите крзнени четириножни пријателчиња ден за ден.. А посебно онаа која сме спремни да ја дадеме и во тој момент да изгубиме се... или да добиеме дупло. Посебно ме исполнува кога рандом ќе налетам на баба и дедо.. кои чекорат некаде заедно, сеуште држејќи се за рака... и заедно го завршуваат животниот пат на земјава. Е тие успеале да им докажат на циниците дека кога се сака... ниедна бура не може да го руши она што си решил да го изградиш. Е тие испишале историја вредна за читање. Имајте пријатно попладне.
Ми се пробува нешто ново. Ми се носи долга ленена сукња, боросанки.... За почеток ќе пробам медитација дур сум на трчање. Ајт.
Додека трчаме и плачеме по оние кои не не заслужуваат,не им обрнуваме внимание на оние кои се постојано покрај нас и кој прават се за да бидеме среќни. Да престанеме да бидеме себични,да ги гледаме работите од друг агол..тоа би било подобро за нас.
Мене глата ми чади незнам кај терам,другарками со залет иди кај мене ми вели отвори црвено вино да бапниме по една чаша се заљубив,аирлија убо а во кој бе сестро златна преку ноќ?... Држете се во Дарко Илиевски пејачот се заљубила де,ај ок супер убичу се... Виното само подалеку...
Кога решив да го вдшам животот со полни гради.. утрото ми има поубав мирис,кафето поинаков вкус,попладневните часови се прекрасни,а ноќта вредна за паметење И не,не мора секогаш личноста која ми го прави живот посебен да биде секогаш до мене.Доволно е да ми е присутна во мислите.Спомените создадени,вечно да се паметат. Си седам онака релаксирано во двор.Местото е мирно.Само јас и по некое комшиско куче и маче кои ја препознават љубовта и позитивната енегија.Убави се ноќите и кога сум сама со спомените. Убави се станувањата после големите падови. Убаво е кога конечно сфаќаш дека секоја болка е само едно искуство повеќе и надмоќите што ги поседуваш,силата на твојата личност. Убаво е кога знаеш дека си созреал,кога болките придонеле да ја разбереш секоја човечка судбина и да го понудиш огромното срце за помош.Или едноставно да дадеш,без никој да го бара тоа од тебе.Затоа што ти си човек.Човек кој пател и најмалку што би направил е тоа што не би го повредил другиот,ни со своите дела ни зборови. Иако не внимаваат многу кога кога сум во прашање јас,нема да им замерам многу.Јас го имам збогатено моето искуство за два живота а другите нека и се восхитуваат на мојата смиреност,и да дојдат до тоа што сум јас,не посакувам да го одат овој пат,само нека ги ослободат срцата. Драги мои,љубомората и вашето мешање во мојот живот не води нигде,колку порано го сфатите тоа,толку подобро.
Многу сте мизерни кога ќе оплескате работа во неколку теми, и веднаш утредента отварате нов профил и демнете во истите правејќи се светци Незнам кого си мислите дека лажете, ама ние овде не сме од марс паднати
Сакам да викам додека ме држи гласот, да викам силно да искочи се од мене, но во друг момент се подзамислувам и запрашувам и што ако викам, има ли некој што сака да ме слушне, го болат ли некого моите солзи, грижа ли му е на него за мојата болка. Ке молчам и ке чекам подобро утро.......
Сдκ аман бе со κој памет κупаќи ми баρаш па и тоа за на сестρа ти дρугаρκа. Инаκу бρојот ми го забоρави за зоρ само го наоѓаш, се да ти било само од κоρист на денешно вρеме