Дали мене ми фали нешто или на оние од Топ Шоп? Идеме со маjка ми вчера да видиме што попуст имаат за викендов. И се фативме за едни мокасини и таа вработената ни вика 2200 се тие, а со клуб картичка се 1700. И сега прашуваме колку е таа картичка. И ни повеке ни помалку 1400 денари. Разгледавме друго што има и си излеговме. Друго што ми било интересно се оние луге кои веруваат дека без нив не може да се живее и дка без нив ке пропадне светот. Имав неколлу такви личности. И да Ви порачам убаво ми е и без Вас. Другиот тип на луге што секогаш ми биле интересни се од типот "знаеш коj/a сум jас?" и што мислат дека се класа, а немаат к од класа. Имам и ваков пример од луге кои за жал сите ги искористуваат. И кога никоj нема да им биде до нив кога им треба следи фамозното знаеш ли коj/a сум jас, ке видите вие. И ссмо мене сите идеи и глупости ми текнуваат дури сум во wc?
Викаат, со текот на времето човекот станува поцврст, не го болат работите што порано го болеле, искуствата го прават посилен и покрут.....се прашувам, зошто со текот на времето човекот не станува помек, не станува личност што се повеќе и повеќе ќе знае и ќе сака да ги искаже своите убави чувства и се повеќе и повеќе ќе влегува во контакт со луѓето со оптимизам, позитивност и ентузијазам, желба да покаже колку може да биде добар, место да покажува колку може да биде ладнокрвен?! Затоа што сме дале, а не сме добиле, сме сфатиле дека себичноста треба да ја негуваме, за да го ценат и она малце што ќе го дадеме, зошто се што има во изобилство, има ниска цена, проста економија......но можеби таа личност што не направила себични пред нас некој и неа ја направил себична, од тој домино ефект си патиме, нема врска, зборот ми е, станете помеки со текот на времето и покажете дека неможе туѓата ладнокрвност и себичност да ви ја потрошат сета љубов што ја имате во себе ни за 100 години, па можеби ќе започнеме нов домино ефект кој ќе изгради поубави места за живеење
Животот е неправеден. Ти го сервира она што најмалку го очекуваш. Но твое е да се послужиш од истото и да го проголташ, без оглед на тоа колку горчи. Смртта, својата рака ја пушта надвор од својот џеб, и зема со себе кого ќе посака. А болката за нечија загуба, едноставно е неподнослива. И колку да се бориш против истата, мораш да дозволиш да ја почуствуваш и да допре до тебе. Бидејќи ако бегаш, не сакајќи да се соочиш, се претвораш во друга личност. Болката те изменува, на овој или на оној начин. Бегајќи од неа, или не, сепак таа на крајот си го прави своето. И би дала сѐ што имам, за да тој биде истата личност, која беше пред случката.
Потајно и не толку тајно, си патиме од луѓе кои не знаат што сакаат, ниту од себе и за себе, а уште помалку пак од животот. Како оние од типот „оставам на тебе, прави како знаеш и умееш“ и кога ќе сработиш добиваш само „леле што е ова, не побарав вака јас“. Да, ти не побара ништо, затоа што јас добив за задача да си играм со моето знаење, испреплетувајќи го со твоето јасно изнесување „оставам на тебе, ти знаеш повеќе од мене“, од кое не се откажа ниту покрај моето настојување да ме запознаеш со твоите замисли и желби малку подобро . А за оние на кои им е сеедно каде ќе излеземе и во тој момент глумат безвучна согласка, а потоа цела вечер мрчат, вртат очи и плукаат смрдливи виножита, да не почнувам да зборувам. Не знам зошто е толку тешко да кажеш што сакаш, јасно и гласно. Зарем немаат луѓето никаква замисла за било што во животот ? Како да доаѓам до заклучок дека им е сеедно, а всушност не им е ниту малку сеедно, туку ги мрзи да го вклучат бојлерот или пак истиот со години веќе не е во употреба и фаќа прашина по ќошевите во нивниот череп. Синдром на вечен унисекс ПМС, бегајте километри подалеку од таквите „посебни“ сорти. Многу сум едноставна, толку добро се познавам себе си, што во секое време кристално јасно знам што сакам и што не сакам и не гледам некоја дополнителна потреба од индиферентност околу ова. Побогу, те прашуваат дали сакаш да пиеш пиво или сок или дали сакаш да излезеш или да седиш дома, рецимо. Не те тераат да напишеш докторска дисертација на тема „јајцето или кокошката“, па да ја тупиш до толку. Секогаш се трудам да не им го зачинувам животот на моите блиски со вакви деликатес а-ла индиферентизам, не ги замарам луѓето со глупави муабети и не се смешкам во секое време, но пак никој не ме доживува како намќор, дигната, не знам каква. Љубезна сум и кога треба и кога не треба, читај - дури и во денови кога светот ми се урива врз црпката, но пробај искористи ја оваа моја доблест со извесни подмолни намери и гледај како бесплатно те праќам на крстарење по жеже-пече асфалтот што води директно кон пеколот. Знам дека имам невини Бамби очиња (ТРЕП, ТРЕП, ТРЕПП), ама наивна може да изгледам само навидум - кој пробал мислејќи дека ќе се увери во спротивното - видел, научил со кој си има работа и не се обидел повторно. Колку повеќе си правам реминисценции на вакви случки, толку појасно ми станува колку само не сакам такви колебливи, индиферентни и невоспитани луѓе во животот и благодарна сум си на самата себе, затоа што на време сум успеала да ги откачам за да не ми го отежнуваат секојдневието дополнително.
СДК Имам една стара теорија кога ниту јас ниту некој може да ја докаже, ама секогаш излага дека е вистинита КОЛКУ ЌЕ СИ ФРЛИШ ПОЗАДИ СЕБЕ, ДУПЛО ЌЕ СИ НАЈДЕШ ПРЕД СЕБЕ Не биди себичен...ако имаш-дај...и ако немаш пак дај, ама колку можеш да поднесеш Пробајте,ќе видите дека се исплати
Не знaелa држaвaтa декa мигрaнти дoaѓaaт пa сегa не знaе кaкo дa се спрaви, oти мнoгу изненaднo пред грaницa се пoјaвијa. Кoј дa знaе, a и штo дa се прaви? Oвa кo пaциент нa дoктoр кo ќе пoјде дa му кaже -штo не кaжa пoрaнo декa ќе се рaзбoлувaш, дa читнев нештo, дa знaм штo дa ти прaвaм. Мнoгу неспремен ме нaјде. Пa нaрoдoт гледaм јa тупи, мoзгa, рaзмислувa штo дa се прaви, еднa сликa пoлицaец сo вoдa, сите сo сoлзи вo oчи. Другa сo пендрек вo рaкa, сите сo кaмењa пo пoлицијa. Емoтивни, лесни зa мaнипулaцијa. Стaтуси, дoкaжувaњa, пaметувaњa, плaчки, сoжaлувaњa. Мислиш некoј oд влaдa стaтуси читa и oчекувa тaму решение дa нaјде. Oстaјте ги oдгoвoрните дa си вршaт рaбoтa, или дo тoлку се неспoсoбни пa се немa вербa и вo нив?
Хахахах Бриџит, истово една докторка у Неуромедика има речено )))) Не очекувала такви резултати од џигерот, па да сме оделе дома, да прочитала, па ке не викнела кога ќе знаела А дечково со резултатите се тресе од страв, ожолтен, она вика интерно не и било јака страна кога била на факс... И итно у државна, човекот 300 лекови и инфузиии доби, рекоа ако мислела уште малце гопожата ќе откажел џигерот
Се надевам дека во нашиот менталитет се покачува желбата за искрена љубов и почит. Нема значење кога, како и каде.Времето поминато со љубениот човек е незаборавно искуство.
Една од особините кои најмногу ги почитувам кај луѓето е самокритичноста. Обожавам луѓе кои се шегуваат на своја сметка, кои не се заљубени во себе, кога сфаќаат дека не се цело време тие во право и дека светот се врти околу Сонцето, не околу нив. На таквите луѓе им симнувам капа, бидејќи се сè поретки.
Претеруваш кога ќе се изнервираш,сите ти сметаат и сите околу тебе ти се виновни,а ти неможеш да се контролираш и да се прашаш да не се нервираш самиот себеси ама не и невините ќе страдаат и ќе бидат криви.Мајмун еден!
Конечно малку мир и спокој, и денес викендско се искрадов од секојдневието и обврските. Сонцето де силно ме пече, де ветерот малку освежува. Одам и да се брцнам во вода, иако не го сакам летото, сакав бар малку да наполнам батерии на плажата под ситниот морски песок, звукот и мирисот од морето. Шпрех адшвајцрхмрх шрајцрауѕт околу мене слушам, абе сите познати јазици колку толку, некој повеќе некој помалку ги знам, дури и добро ги баратам, ама овој германскиот не можам да го сварам никако, не го можам очигледно на супер интересен јазик звучи, со значително кршење на јазикот ама јас ниту збор запамтив од него. Друго незнам ни што да кажам освен што сум психички преморена, а ни инспирација имам. Ништо не е исто без љубовта, ни морето не е море ни плажите не се песок. Бидете ми поздравени
Кога бев малечка,сите денови ми беа исти,не ни обрнував внимание на тоа кој ден е,кога завршува неделата и сл,така беше оти, губевме осет и сенс за време,важна ни беше само улицата и уличните игри,колку само лепчиња присилно јадевме на улица и тоа едвај со сила натерани од родителите,бидејќи низ играта заборававме да јадеме нели убави денови беа тоа,и камо среќа да можеше да се вратат некако, денес за разлика од тогаш,добро знам кој ден почнува,кој завршува, и како доаѓа времето се повеќе го мразам денот недела,е проклето го мразам зошто става крај на викендот,досаден ден е в крај,мораш да се посветиш на чистење низ дома( чистење кое си го поттурнувал и поместувал во тек на цела недела) и следува прашањето леле од каде да почнам П.с на крајот секогаш победува хаосот ,бидејќи е подобро организиран,и така доста беше мрчење да си се фатам за работа јас
ГТЦ веќе не е ист како што беше некогаш порано!!! Вчера после многу долго време се качив на 2 и 3 спрат и откако со ГТЦ управува тој неписмениот "Кока-Кола" ГТЦ е уништен, робата во повеќето продавници можам да кажам дека е циганска и нема никаков квалитет, јас во повеќето продавници се осеќав како да сум отишла во Шутка, а не во ГТЦ. А одредени продавници толку лошо мирисаа, што искрено да ви кажам ми се гадеше. Отсега што и да ми треба ќе одам во Рамстор или во Сити Мол, ама веќе во ГТЦ не.
СДК ... се гушам! Сама со себе. Место да се појави еден битен фокус во мојов живот, се појавија повеќе. И уште толку ми поматија видик. Сега ми станува уште по чисто, појасно ... дека што и да посакате во животот, што и да ви се сврти макар на краток период како мисла, како мала или голема желба може еден ден неочекувано да си дојде, а вие да не знаете каде, на што, на кого да се фокусирате ... Матна ми е работава
Старите навики се менуваат, еве и тука, најпрво пишав па потоа читав мислења... Бог нека му е на помош на тие кои се осудуваат на наши патишта да тераат по 200+ само за да стасаат побрзо на забава, сношти по пат ги сретнав неколку, а некои од нив се доволно храбри за да стават и слики на Фб за да се исчалама, несвесно или свесно си ставаат ризик и врз самите себе си и врз тие што се во нивна кола... Младост-лудост да, но каде би ве вовлекла и таа, сите сме млади, но ретко кој има мозок да размисли за последиците...Убав ви ден!!!
Otsekogas sum ja mrazela nedela,ne deka e kraj na vikend tuku oti go pominuvam doma i mi e predosadno i kako da me zalat moite sto sedam doma i koa ke mi kazat zemi odi nekade uste tolku se nerviram.
СДК Она ко че те мава ПМС и те боли долниот дел од стомакот. Напната сум и се сакам по мое да биди. Прееска ко сум му се развикала на татко ми.. Како некој дивјак побеснат, па каде и настината сум, грло ме греби.... Само некој да ми протовречи денеска маме ќе му е***. За кавга сум настроена ауф, ауф. Цццц... Каква сум Бај д веј... Не ми е сфатливо како бе ви се доседува дома? Немом бе јас немом. Полудувам дома, мајке ми. Другаркиве ги измолив, дома ќе седеле... А бе.... А бе....Морам некои другарки за шетање да си барам и дечко со кој че шетам. Друго... Шо че кажував друго.. Не ми текнува.. Ај доста е