Сакам вечерва кога ке ме види да дојде докај мене,како што бевме за минатиот пат да договорени да се видиме,да се видиме сега - нели минатиот ништо не испадна,зар го засакав јас него ?
Незнам дали само јас сум таква личност или има и други? Не можам никако да поднесам такви личности кои се прават многу паметни и нашле мене да ми кажуваат што и како да правам.ама со мене нема да можете да излезете на крај,зошто јас имам свое јас,а вие како сакате! Пријатно !
Биди задоволен од себе,верувај во невозможното но и во себе, надевај се на добри утра тие се тука секогаш ,само до нас е дали сакаме да ги видиме или не,животот и убавините во него ги има и се многу но нашите очи се огледала на се,и само ние можеме да направиме да ги гледаме онака како што сакаме Убав ден феминки најубави !
Многу се нервирам кога сум на одмор и во вода некои двајца без престан ќе ми се лигават колку ли се заљубени ...
Добро бе само јас ли се нервирам кога ме споредуваат со други? Уште мала ко бев многу ми сметаше тоа споредување и еве сега пак продолжува. Оваа постара е една година од тебе а веќе има маж и дете, онаа помала е од тебе а сама работи и се школува, оваа колку тебе е и заминала во странство Добро, мене ама ич не ми е гајле која што правела и како праела. Јас сум каква што сум и зошто да копирам други? Ајде сега таа странство заминала, ајде и јас ќе одам Многу амбициозни бе стариве мои Па и баба ми капак, ми вика еее јас на твои години ја имав родено мајка ти, а и мајка ти на твои години те имаше родено тебе Што им е на сите? Јас сама се сметам за дете, а тие што ми кажуваат... Море ич не ги приметувам веќе. Кој што сака нека кажува и нека коментира...мој живот, мои одлуки и мои правила
А зошто тоа те нервира,си се запрашал/а ли ? Не се нервирај за туѓата среќа и љубов ,можеби не си се почуствувала досега така и затоа тоа те нервира. Нека си се сакат и љубат луѓето каде и да се барем во тоа нема ништо лошо. Јас на пример се радувам кога гледам заљубени луѓе што и да прават прават од што сакаат а не од што мораат
Некои тагата ја лечат со алкохол, некои со благо а јас со порција помфрит со сирење и кечап.. На здравје..
Низ животот направив чекори потешки од оние кога прв пат проодев. И уште стабилно стојам на нозе, чекорам брзо и одучно.
Секој ден читам сѐ повеќе и повеќе постови од типот 'многу мразам ', 'многу ме нервира '. Зошто се ограничувате на одредени поими кои вам навидум ви се бесмислени? Зошто воопшто си го трошите времето првин перцепирајќи го поимот и следно етикирајќи го како нешто што вас ви го уништило денот или пак ужасно ве изнервирало? Кога и да сум наишла на нешто што не ми одговара, не сум го критикувала на јавен форум, туку ако сум била директно засегната -сум пробувала да го корегирам, но ако поимот воопшто не ме засегал - не сум му придавала никакво значење. Живејте си го вашиот живот и доста се обидувате да ги смените туѓите, зошто напразно се трудите. Имајте убав ден!
Значи вака добро се немам изнасмеано којзнае од кога. Случкава ја потврди онаа народната дека на лагата и се кратки нозете. Гејмаме кај другар, и овој ми вика Пеер дај бе предлог како од татко ми да изгребам некоја стотка, ми снема за кондоми, а ја мртво ладно му одговарам - Па кажи му демек вечер праиме журка, а ти треба да частиш кафе и чипс. Ја прифати идејата, и после некое време, стануе иде у дневна и му вика на татко му - Стари, дај две стотки, и човеков го прашува За што ти се бе? и овој - Па треба да частам чипс и кофондоми. Кој феил еј, страва! .. Иако не му ја видов гримасата на човекот, гарантирам дека бeше priceless. После пет секунден молк се враќа ко попарен, џоа леген топла вода му фрлиле. И ја уште толку иронично го провоцирам, Колку стотки ти дае? а овој - Ќути, заебав работа.. Бидна што бидна, се враќам дома и гледам ми ѕвони. Кревам и ми вика - Абе овој пушти срце ми фрли некој денар. Па како нема да ти фрли викам, те гледа загорен.
Сакам да кажам дека никогаш не треба да си заминете од некој тукутака, без збор. Кажете си, дека веќе не се враќате, не оставајте надеж некому, не дозволувајте тој некој да ве чека напразно оти боли, боли и после многу години...
Постојат некои непишани правила дека ако се сака се се може ,дека надежта последна умира и сл...јас ќе речам дека не секогаш е важно сакањето и силната желба ,за да го оствариш тоа што го сакаш,некогаш судбината и универзумот ти коваат таков загор против тебе,што од земја акај се како мало дете нема да успееш, или пак на крајот колку и да е мала надежта и да постои,баш ќе умре кога ќе ти притреба тебе...чекај малку овде да не замешува прсти и Марфи некако? ахам да,каде без него бе,па тој ми е најверно другарче цел живот
http://falanga.com.au/foto-so-kogo-i-so-kolku-mazi-imala-seks-folkerkata-blagica-pavlovska Нормални ли се порталиве што пишуваат?! Уште и ги набројале па и се закануваат дека и други ќе и најдат!
ете КОНЕЧНО дојде и нашата т.е. мојата црвена тетка што мајка ми најверојатно се сомневала дека излегувам со некои вирдо типови а излегувам со најнормални луге што баш се супер -ете мамо да си знаеш само што тетка ми попречува во анализите за шекер што ке ги правиме за некој ден(ке покаже погрешни резултати) оф кој ке се врака на тој ОДВРАТЕН клинички центар па уште ако налетам или на бившиот или на тој манекенот од партија ке биде ептен весело
„Совршени“ сезнајковци и мултиталенти од типот „абе мене многу ме бива за свирење, на приредби постојано ме бараа, ептен добро свирев, ама не сакав, ме мрзеше...“ и сл. ме вадат од такт. Обично со некои познајници со кои сте на здраво, пробувајќи да врзете некој small talk, прашуваат: „И што правеше викендов?“ „Па, читав една книга...“ „Ау, да, книги. Ех, јас колку книги читав, ептен сакав да читам, сега немам време нешто, а со пари не сум баш, инаку ехеее...“ Spoiler И тогаш само ќе искривам една насмевка непријатно. Прво, не ми е јасно како може за сè, ама буквално за cè да те бива, сè да знаеш да правиш, ми се чини некој да рече НАСА лансира ракета, тие ќе речат еех, се сеќавам јас кога бев на Марс... Второ, немаш време и пари за книги? Како бе немаш време? Ама ти сакаш да читаш секако, обожаваш, имаш прочитано илјадници книги, знаеме, ама ете нешто немаш време во последно, аа чекај заборавив, зафатена си од патувањата во вселената, драмската секција за која многу те бива (роден/а актер/ка си, нели) и натпреварите во секој спорт. Како можам јас да имам време и пари за книги? Ете, баш за време на распустов секои излегување в град се враќам со барем една книга. Не можат да сфатат дека за нештата кои ги сакаш несвесно си наоѓаш и време и пари. Абе можеби е до мене, или еве не знам што му стана на светот? Ако имаш потреба да ми се правдаш зошто не читаш или што било друго тогаш имаш сериозен проблем. Што стана ова, сите насекаде се фалат, си го билдаат егото само за сите да мислат подобро за нив? И која е целта? Некогаш ми доаѓа да им речам браво, разбравме дека си најдобра, најначитана, најобразована, за сè те бива, ај сега престани. Отидов предалеку со постов, ама тоа ми се врти в глава сега.
5 години на форумов! Не ми се верува, тука пораснав, тука се оформував како личност, тука учев. Многу убави мемории од многу убави времиња. Ехх.. „остарев“.
Еве ме камбек после цели 2 години ... Форумов не го препознавам , сеуште гледам аватари на познати лица , но јас не можам да се снајдам леле се е поинаку , Дечки оние што ме знаат и што не ме знаат сакам да ве поздравам , видов ваши пораки се прашувавте кај бев . Малку ми требаше време да си го средам Животов ми дојде преку глава од се , не бев лута на Фемина. Луѓенца виртуелни без тронка лигавење , искрено ми фалевте ... Тука сум ги добила најискрените совети , поминала најтешките моменти и разочарувања. Бев спречена од вас да не ги направам најголемите грешки и ќе ви бидам благодарна вечно . Најголемата трагедија после 2 години отсуство од тука е што не добив ни бар половина искрен совет и подадена рака кога тонев , кога паѓав , кога ми беше најтешко. Колку и да звучи трагично искрен совет во денешно време можеш да добиеш единствено од тотален странец.
Wow каков успех, ма кулминација! Ова е веќе голем придонес за човештвото, за универзумот! Е на ваквите треба да се восхитуваме, свака част.