Гoспoд здрaвје дa му дaде нa тoј штo ги измислил нектaрините. Дa не беше тoј, прaскa немaше дa прoбaм. . Кoгa ќе ми текне нa oнa грдoнo чувствo кoгa дoпирaм oбичнa прaскa, рaцеве ми се сoбирaaт кaкo две недели вo вoдa дa ми седеле. . Видете ги бе. Видете. Кaкви се сјaјни, мaзни... мх мх! Убaвo aвгустoвскo пoплaдне нaрoде. , вaшa М,
Еден од главните first world жeнски проблеми кои можат да ти отежнат и расипат прошетка е избор на неодоливи на изглед, но исто толку неудобни и непрактични обувки. И така, балетанките што ги имам купено со најголем мерак и што ги рачунам за најнежно и омилено парче од обувки што му се случило на мојот плакар и кое можам да го вклопам со најубави комбинации, во комбинација со моиве нозе резултираат со плускавици и чувство како маратон да сум трчала. Со одот и обидите да се справам со нив, во последните метри наназад личев на Моника од Friends со оние фамозните неудобни чизми... или како што би ја употребила мајка ми старана изрека - од мода гола одам. Туку, септември меѓу месеците ми е како понеделник меѓу деновите во неделата... Измешани чувства на радост за сите мекани есенски парчиња облека што повторно ќе ги извадиш од плакар, ентузијазам, исчекување на нови почетоци од една страна, а од друга страна - фактот дека не сакаш да ја складираш за до наредна година лесната облека, а следствено на неа и леснотијата на секој момент опуштено излежување, недостатокот на обврски и пуштањето мозок на пасење во изминатите три месеци. Патем сѐ уште мозокот не ми се привикнува на фактот дека од оваа година обврските уствари не ми почнуваат утре, во старите училишни клупи со познати фаци, па истовремено тука ми е мислата - би сакала да се спремам со ранец, училишен прибор и чиста облека за утрешниот датум, и нетрпеливоста за новиот студентски период што ме чека. Единствено сум сигурна во тоа дека се радувам што горенаведените летни задоволства ми се продолжени за 14 дена.... А на сите основци и средношколци тука, посебно на оние за коишто утре е првиот ден во средно (и коишто посебно ми е мерак да ги читам со нивната возбуда ), ви праќам еден куп гушки и ви посакувам среќен почеток на учебна година исполнета со многу успеси.
Додека се наоѓаме под ова бескрајно небо со сина небесна убавина,ништо не е загубено,продолжуваме со борба со светот и со нашите сопствени демони,па ајде да не им дозволуваме да не победат и да се избориме за место под бескрајното ѕвездено небо
За неколку сати кај 3 тргнуваме за Лефкадааа. Конечно. Ми треба малце сонце и плажа после често комплицираната година... Се надевам се ќе биди океј и дека ќе уживам како што планирам! Останете ми со здравје, се читаме за 12тина дена <3
Сум изгубила желба за се', освен шетање, секако. Некако само сакам да излезам од дома, да бидам меѓу народ. Собава веќе една недела ми е хаос, животов со месеци... Утре било први, не очекував дека толку брзо ќе ми помне летото. Последна школска година, за последен пат ќе се плашам од 1 септември. Периодов ме фаќа носталгија за предходните неколку години, сакам пак да почнам со гимназија, а не да завршувам. Оваа година ќе гледаме максимално да ја искористиме, сепак последна ни е. Инаку еден добронамерен совет до оние freshman што се годинава. Верувајте нема ништо страшно, сега ми е смешно колку сум се потресувала кога требаше да тргнам во школо. Само здружете се со што можете повеќе деца, не верувајте на никој или верувајте барем на мал круг луѓе, учејте и секако уживајте и журкајте се, во тие години е најубаво. П.С - Не експериментирајте многу со алкохол, никако немојте да мешате. Тоа ми е најболната лекција што сум ја научила предходниве години. Ви посакувам на сите среќен и успешен почеток на школската година. Како прваче се осеќам. Оваа возбудата ќе ми е трае до првото полугодие, после спремање матура, па фустани, па факултет, па реален живот... За мене официјално летото е завршено, затоа овие 4-5 дена по ред се испраќаме. Журкање и шетање и трошење пари како луди, мхм добро е. Доста пишував, да одам да се избањам и да си легнам рано, нели утре прв школски ден.
Ако сакаш да успееш да манипулираш некој, ти треба интелигенција. Не можеш да бидеш манипулативно говедо со IQ 90. Провидно е.
Најголема среќа е да си на свадба на другарка која ти е многу блиска, да се изнаиграш цела вечер и букетот да го фатиш. Прекрасна фамилирајна веселба, задоволство ми е што присуствував. Се уште сум под импресии
И по втор пат, не се сере во црквата во која се молиш. Кога од некого бараш помош, не јадеш гомна за него, неговите блиски или неговите идеи. На крај гомна ќе добиеш.
Поздрав до сите шо глумите 'Rich Kids of Beverly Hills' досадни сте.... Сменете шема и нас на 'простосмртнициве' да ни биди интересно, ако не ништо друго да се насмееме малце со глумењето ваше. Се одјавив јас. Went to Wonderland. Sleep well.
Не ми се верува како тоа сите зборуваат за морал усул култура човечност хуманост итн итн, а така магично никој ама баш никој тоа не го практикува. Научени сме цел живот да бидеме малограѓанство и да расправаме криви дривини за се и секого, способни сме така добро да играме глуви телефони што од мравка накрај излегува слонот. Не знаеме да седнеме и да кумуницираме културно, незнаеме муабет цивилизиран да направиме, не знаеме да разговараме туку да викаме, мислиме секогаш дека сите други ни се криви а ние чиниш цветки од гората набрани така чисти и миризливи! Кој на кој да му еасправа за цивилизација?! Кога секој човек е едно суштество излезено од камено доба кое вешто знае да го прекрие тоа на моменти. Улизувачи еден куп што да расправам. Препотентни и преценети суштества веќе во неповрат, "абе знаеш јас кај уште не бев што ли уште не видов" . Ми се гади! Лисици со тројни и многубројни лице со лопата да ринеш. И после сите доаѓаат да дискутираат и да објаснуваат за култура цивилизација и усул. Ајде бе! Чиниш сите седнати до еден и на форум виртуелно или во живо на репорт во некоја коперација со раширени нозе како ждригат и јадат ќебапи и расправаат докажуваат пцујат и врегаат. Никој не осудува никој нели?! Да да, секако многу јасно како бел ден! Затоа насекаде пцовки и вулгарности летаат и како тоа тој/таа така си дозволил или можел да направи. Така било, така ќе остане.
Најјако ми е кога некој конзервативен ќе се пикне во тема за секс. - Што, тројка, ауууу, болна работа. Повеќе партнери од еден, ПОВЕЌЕ?!?! Мрш на психијатар/ во манастир/ на лечење. Секс на отвореноооооооо, лелеееееееее, никако тоа.
Ама битно си читкаат такви теми и редовно пишуваат мислења, колку да критикуваат, не за друго. Нели пошо не ги интересира.
Ама се изнервирав. На тема кај што треба да споделиш искуство, на никој не му е гајле дали си светица
Lele luge, amn ve molam ne upotrebuvajte ofanziven jaziK. Gospoga e samo taa sto i vo loso vreme ostanuva dostojna. VE MOLAM upotrebuvajte ubav recknik, ma kolku da ste razocarani, razbesnati i sl. Za mene i nekoj ovde, ova e edinstveniot nacin da komunicirame na makedonski. Koga ke procitam losi zborovi, koj ne se upateni do mene, me voznemiruva. Ostana li nekoj ubav zbor!
Ги обожавам ваквите денови. Кога ќе станам на сабајле и ќе ми дрмне у глава да праам генералка. И сосема на крајот - фрлаш еден туш и си легнуваш во чиста постел и сѐ околу тебе е чистичко и мирише. Прскајќи со тоа Ајаксот, потпрснував накај вентилаторот и цела соба замирисуваше на убавини. Арно па не ме зашљока струја. Неисе. Дај бе више аман од диети, калории, мрснотии, има ли крај? Има ли деен за менее, да откријам дека сум отпорна на калории, да фрлам превез од страав и срааам, да потпишам дека сум живаа, заебиии. Нишо бе, не ме фаќа дремка. Дојди моја дремко, дојди моја дремко, не знам зошто од мене се криеш, од мене се криеш. Е, ќе пукнам тебе да те имам, тене да те имам, цели ноќи со тебе да спијам, со тебе да спијам. Ајде, ајде, џингрлака џикица. Ју, ју. И ја стигнав на факултет да идам - јас бе... Коа ќе се опремам сеа со тетратки, пенкалца, сликички... Има сите да ми љубоморат. Оооф, бе. Дремко мори, ако запнам ќе те збарам, ќе те збарам, ќе те ќарам. Кај ќе бегаш коковче мое мало, ќе те најдам, ќе те апнам. Ново старо - све исто. Еве сеа си најдов една модрица на ногата, којзнае кај сум се треснала. Ко на кутре ќе помине. Не бе, добро сум ја. Супер. Фала на прашање, ќе ги поздравам по дома. Ај чао.