@Valerin и @RainBow ... СДК ... навидум ладната, воздржана и народски кажано "летната во облаци" личност, може во себе да го крие најеруптивниот вулкан на емоции, најдлабоката бездна на емпатија и најголемата планина на несебичност. Затоа немојте да судите веднаш по првиот поглед, првото слушање и првиот муабет со неа. Задлабочете се во нејзините очи, убаво слушајте ја што ќе ви каже, читајте ја меѓу редови. гледајте ги нејзините реакции и дела и сфатете ја по суштински. Можеби таа позади својата гордост и насмевката крие некоја празнина ...
Со сестра ми на исти огласи праќаме CV. Се гледа колку сме очајни да најдеме работа. Уште кога ќе видам на оглас не постара од 25 год. мака ми е.
СДК дека со овие закони што ги менуваат секој ден сега кога влезам во кола незнам дали да возам со запалени или изгасени светлна дење..аман од вакви закони,еднаш така еднаш вака.
Чекав ред денес на неврологија. До мене жена од четириесетина години, со упат за лекови за мултиплекс склероза, дошла од Гевгелија и сега на најголемите горештини чека. Мултиплекс склерозата инаку прави животот да ти биде пекол кога е топло, тогаш симптомите се најлоши. Ама си чекаме ние заедно и околу нас има уште дваесетина луѓе во редот. Пред мене еден дедо, се кара со сите затоа што не го пуштаат преку ред. И се дере на сестрата позади шалтерот, а таа кутра, не знае кај и е главата и како да се справи со толку луѓе. Мајка ми ми правеше друштво, па културно му кажа на човекот да престане да вика, затоа што никој не е должен да го слуша. - Не ти е жал што ме гледаш ваков со стапчево, едвај стојам. И искрено, не реков ништо, ама посакував да му речам. Не ми е жал, затоа што имаш сигурно над 70 години и се уште можеш да се движиш. Не ми е жал, затоа што не ми е гајле, твој проблем и твои фрустрации. Ама стапче на таа старост не е за жалење, а тоа што ја доживеал таа старост и се уште се движи со сосема мали потешкотии е одлично. Којзнае дали јас и жената што стоеше до мене ќе можеме. Којзнае дали ние ќе дочекаме така за десет години од сега, а не во длабока старост. Не ми е жал за некој што го преживеал целиот живот, што најверојатно има деца и внуци и илјадници спомени позади него. Жал ми е за 16 годишното девојче со кое комуницирам и не знае дали утре ќе може да застане на нозе, за девојката што ми пиша да ми каже дека на 20 години веќе имала неколку напади, за малце ќе изгубела вид и секој ден се бори за да не остане во количка. А ни за мене не ми е жал, жал ми е за моите најблиски што секоја недела слушаат како се жалам, што денес и се јавив на другарка ми и и кажав дека не можам да отидам до кујна да си земам парацетамол, наместо да и прераскажувам како сум си поминала на работа или во дискотека. Жал ми е за многу работи, ама не се поврзани со мене. Јас знам дека можам, а ако решам дека не можам, тоа ќе биде моја свесна одлука.
Водно гори. Сите тие произведувачи на кислород (дрвјата) отидоа... Се надевам што поскоро ќе го угаснат!
Има некои работи што ми се случиле пред неколку години, ама кога се сетам на нив, уште болат... Би го вратила времето назад, не да променам нешто, туку некои работи да ги почувствувам уште еднаш. И лажат, лажат кога ќе кажат дека времето лечи се'. Не лечи ништо, ќе те научи како да го прифатиш тоа, те учи како да ја поднесеш болката и да ја поттиснеш во себеси, ама нема да ти ја излечи раната. Можеби со тек на време ќе сфатиш дека и не е толку голема колку што си мислила дека е, ама пак останува, кога се сетиш пак те пече... Некои работи никогаш не се преболуваат, некои личности никогаш не се забораваат, некои зборови засекогаш остануваат неискажани, некои работи засекогаш остануваат незавршени, некои рани никогаш не се залечуваат. C'est la vie. А ти, живеј, оди напред, пробувај да заборавиш, плачи, моли се, смеј се... Животот продолжува, без разлика што и да се случило. Секоја сопка ќе ја поминеме, ама некогаш паѓаме толку јако, што со години не боли. И стискај заби да не заплачеш, иако гласот ти трепери, иако во секој момент можеш река да прелееш. Нели утре ќе е подобро... Со надеж за подобро утре живееме, а не сфаќаме уствари колку ни е сјебана иднината. Добар ми е животот, јас не сум добро!
Kога ќе се прочитам некогаш се осеќам како да врескам и како да сум крајно нервозна била. Ама и во живо некогаш сум таква, со многу гестикулации и темперамент... и што да правам... тие околу мене ме знаат.
Znaci we get it sekoj si ima svoj problem ,ama mojov nekako reseno nedoreseno.sakam da kazam usvari deka sega znam deka nisto neznam
Едвај чекам да почнам со учење. Веќе подолго време се одмарам, немам никакви обрврски и доста е. Овој пат стварно доста е. Кафенцето до мене, веќе си изнакупив маркери во сите бои од Џамбо (за нели учењето да биде лесно и интересно) и книгите уште ми фалат. Па ми се учи бе!
Да, тешко ми е..... Да. На средина сум.... Во ова школо ќе работам или во она? Инаку, во едната школа имам 3 деца и земам 40 %. За џабе одам. И кога и кажав дека ме бараат и во друга школа-се налути. А добро, јас шо ич пари не земам? Шо? Другите колешки работат и на државно и кај неа. Па оти нив не му речи??? Другата газдарица, ќе отвора училиште и и одговара во двете да одам. Се сложува.... Стварно за нигде се осеќам. Дали да останам во градов или Скопје да бегам? Кој да го одберам? Пеце? Иле? Филип? УШТЕ КОЛКУ ВАКА???? Насредина сум. Ни угоре ни удолу..
Значи цел град го поминав денес. Де ваму, де таму.. Не знам каде не отидов, олку не сум растрчувала одамна..
Убаво е чувството кога тоа што сте го посакувале сте го оствариле. Ми требаа два испити да положам за една битна работа и тоа и го исполнив. Немаше да биде крај на свет ако не се исполнеше, но баш ми е убаво што испадна се како што треба. Но пак ќе кажам здравјето е пред све, а све друго ќе си дојде на место. Сега повторно е време да се одмори, но убаво да се одмори ,а и знаејќи дека сте исполниле одредена цел, тој одмор е најсладок. Уште малку почнува и третата година на факс и некако баш се радувам и на тоа помалку. Нова студентска година, дружење со добри луѓе и секако помалку и учење. Све си има своја убавина.
Толку сум расеана периодов. Сите ние имаме вакви "бош" периоди, периоди на длабока осаменост, на потреба од подадена рака, на подршка и разбирање, длабоко чуство на посакувана топлина и милина во душава, периоди кога очајнички ми треба љубовта и возбудата. Сето ова не прави потештени и немоќни, немоќни со природата и дарот од господ. Само сакам да го осетам чуството кога ќе треба да го спакувам куферот, кој уште пред месеци беше наменет за тебе љубов, за патот до тебе и среќата, за љубовта и топлите чуства. Ете тој куфер уште стои и нетрапеливо чека да се чекирам за патот, за сеуште недопирливиот и трнлив пат до тебе. Надежта е голема, благодарност на бога и што постои, дај боже да тргнам, да тргнам и да се издишам еднаш длабоко од душава. Добра ноќ, и слатки сништа, сонувате и никогаш не се откажувајте од вашиот сон, од вашата среќа.
Знаеш дека премногу се дружиш со уличните кучиња низ населба, кога седиш во парк и викаш: Еееј, ова е ново! И нормално, мора да му се даде име Џокси го крстив
Имам приметено дека кога цел ден сум тажна, депресивна, нерасположена..тогаш очите ми одат надолу, како на панда Колку повеќе си добар, толку повеќе луѓето те газат под нозе. Може порано добрината се ценела, ама сега повеќе се цени оној што ќе те заебе.... И баш сите наоѓаат нервозата да ја истурат на мене, и после се извинуваат? Не ми значи веќе ниедно извинување, не ми значат ниедни изговори
Не знам дали има соодветна тема за постови кои не воодушевиле. Еве сакам да кажам дека ме воодушеви постот на Калиопе. Едвај чекам да ги помирисам кориците на новиот роман, оние истите кои јас ги мирисав додека возот стоеше со часови некаде после Велес, чекајќи некој конечно да ги исчисти пругите. Во очите тогаш ми блесна солза, но брзо ја скрив, оти тој ќе сфатеше дека времето за излез одамна ми е поминато...