СДК ... Живеам една поинаква, необична и посебна етапа од мојот живот. Случките, моментите и патиштата, посебно личностите кои ми се случуваат се баш исти, поинакви, необични, посебни. Предизвици. И ги прифаќам ... Rизични или помалку ризични, сепак оставаат трага ... И како што ќе ме потсети една моја мила пријателка ... Ништо не доаѓа во нашиот живот без причина. И баш така. Верувам дека во мојава животна етапа се' се случува со причина.
Зошто од просто мора да биде сложено? Не ги разбирам луѓето што се фаќаат за секоја ситница, па комплицираат и од ништо прават нешто, ама стварно не ги разбирам. Зошто не се опуштите малку и не разберете дека нештата можат да се едноставни такви какви што се! Не сакам ситничари и тешки луѓе, ама ич, а изгледа сум магнет за такви...
Јас само сакам да кажам дека се вратив и очиве ми паѓаат кога си ги читам брукиве шо сум ги пишувала на 13-14 години онаму 2012 за имево да не коментирам креативац на нивоу
Многу луѓе погрешно ја дефинираат големината на еден човек,ја дефинираат по парите,колите,имотот,дефинитивно многу погрешно.Величината се гледа од неговата големина во малите работи.
"Anger is an acid that can do more harm to the vessel in which it is stored than to anything on which it is poured".- Mark Twain Понекогаш го собираме гневот во себе, молчиме, трипиме, броиме до 10 (или 100)... Целата лутина и бес треба да ја исфрлиме, па макар отишле на некоја планина и се дереме дури не држи гласот. Проверено помага, смирува, опушта... После ова сум сосема нов човек. Уживајте во позитивните работи во животот. Неретко малите детали кои не нервираат може да ни го уништат денот. Затоа, едноставно препуштете, сончевите зраци, свежиот воздух, термос со топло кафе, тоа е она што животот го прави полесно поднослив...
За статии по интернет од типот: - вашиот карактер според облик на лице/нос/уши/слика која најмногу ви се допаѓа од понудените - *внеси било која особина или аспект од животот* според хороскопот - објаснување на цагери со тоа кој и како ве мисли ...важи правилото дека фактот колку озбилно ги сфаќате на поголема возраст, е обратнопропорционален на она колку озбилно вас ве сфаќаат.
...cel den pominat v selo kaj baba, zenava e carica, dusha od covek, torte moe, nemam zbor be da ja opisam, ete takva e relaksiranje na terasa, tivko veterce, kafe svareno na ogin na drva I ja I baba, nisto poubo, veruvajte. Sum piela kafe so najrazlicni licnosti na najrazlicni strani od svetot, ama kako sto mi e slatko kafeto pieno so baba nitu edno drugo ne mi e Mozda staream, ne znam, ama EDNA E BABA ♡
Чуството кога и покрај се што те дели со саканиот сепак допираш длабоко во срцето и душата, и сепак кога мирисот не постои а физикалноста е измислена придавка, психичкото чуство е се подолемо и пострасно, се повеќе расте и се чуствува. Љубовта е длабока психичка емоција што и кога некој го делиш со километри е тука, секогаш до тебе и длабоко во срцето. Заборавот е само длабока измислица за некој што чуствува се освен љубов. Топлината на човековото битје се чуствува надалеку и најдлабоко, чуство на топлина, мир, среќа и искрено задоволство. Оној кој сака, сака без разлика на се, а километрите се само бројка која нема важност и не допира до најискрената емоција.
Ај што е глупо што ставате слики со туѓи деца, ама па поглупи се коментарите од типот - ЛЕЛЕ АМА ТЕ ЛИЧИ. У реду е, што ви е луѓе? Или кога ќе земам мало дете во раце и одма десет реакции - леле ама те личи... На што ми личи будало една? На кондурите? Шо треба да имаш посебно за да те личи дете?
Незнам што е работата, ама пола од мојата генерација се кои бремени, кои веридби прават, кои свадби. А сме само матуранти.. Не сакам да бидам погрешно сватена ама мислам дека сеуште не сме спремни да бидеме мајки, на овие години. Или не сум јас спремна, незнам. Каде толку брзање со животот? Јас на пример, цел ми е да завршам факултет, да изградам кариера па после тоа и семејство секако. Да имаш некоја подлога. Да бидеш спремен на сите предизвици кои ги носи детето. А сега што? Ме интересира што понатаму, зашто ниедна од тие девојки не продолжи школување...
Не знам зошто никој досега не сфатил дека навистина има личности кои ги интересира само вистината и ништо повеќе или помалку. Секоја вистина колку и да е сурова би ми била помила отколку лага. Едноставно е ако веќе сме повредени, понижени, изиграни, скршени барем да добиеме одговор на тоа вечно прашање што ќе ни поминува низ глава цел живот зошто? Кога се крши срцето, кога тишинита ја убива душата воопшто не се слуша звук иако во очите на одредена личност се забележува болка, тага , разочарување кои издаваат дека светот и се срушил како кула од карти.
Во рок од два месеци по втор пат ми доаѓаат дома да го бараат Цветан што гледал на икони... Кој е тој Цветан маме да му еб... што кажува туѓа адреса. Не верувам да се зезаат луѓево пошто се стари и очигледно си имаат мака. Овој човеков сега беше постар и не ми веруваше дека не живеел тука Цветан. Му објаснувам дека нема овде такво чудо и зошто би го лажела ако стварно тука живееше тој факинг Цветан? И добро ми вика: Се извинувам што ве вознемирив и ми подава рака....ајде добро се поздравивме и почна да ми кажува дека детето негово не било уште женето затоа го барал тој да му гледа (демек да ме придобие со приказната, па случајно да не се преомислам и да му кажам ејјј Цветанн тука еее...теее лажеееввв доојдиии...дојди, да ти гледа на икони ) Уште еднаш ако дојде некој за кај тој Цветан кај мене дома, тогаш јас лично ќе го барам кај живее за да ми даде плата за месецов што му изигрувам секретарка.... п.с. Толку сум гладна што ми доаѓа 5 порции пилешки прсти да изедам...само уште да имав убаво ќе беше...
Е шо не ги прашаш нив што понатаму? Гарант ке станат дебели и ружни,очајни,ке готват по 5 ручека дневно,бел ден нема да видат дур ти онака во смокинг или пенсил сукња облечена ке работиш во канцеларија во некоја висока катница на центар ,независна кариерстка со свој апартмент и кола ке бидеш. Дај бре оставите ги лугето нека се мажат женат кога си сакаат.Демек ти оти факс ке се завршиш тоа ке ти биде подлога за да бидеш добар родител м?
Де бре Сител,моравте ли баш на сред бел ден да давате најава за Велики Брат вечер??Деца гледаат,аман.
Дали ќе бидеш добар родител зависи од многу фактори. Каков ќе ти биде животот исто зависи од многу фактори и за ништо нема гаранции. Сепак сметам дека е подобро да пораснеш па да запливаш во сериозни води. Матурантка и невеста? Хмм не знам јас не верувам дека е зрела за такви предизвици. Тоа не значи дека потоа ќе има лош живот или ќе биде очајна домаќинка, напротив сум видела многу млади мајки за пример. Ама сепак сметам дека секој може да си приушти неколку безгрижни години, каде ќе се истражува себе си, ќе се надоградува и се по ред. Еве мислам дека и ти имаш керќичка нели би сакала таа прво да се осознае, образува и созрее па да заплови во посериозни води? Што би ја советувала ти? Нормално дека човек ќе си избере што сака, ама потешко е кога имаш 18 години и думкаш бебе а другарките се чудат што да облечат за излегување.
Има луѓе со кои имаш вечна поврзаност без оглед колку и да ви се разделиле патиштата. Секогаш ќе чуеш кога ќе ги видиш - убаво е што те гледам и обратно и се лилаво обоени. И да, ти ја топлат душата од драгоста и носталгијата, но не можат да се спојат. Е исто така многу боли кога ќе се разочараш од ваква личност, од изборите кои ги прави. Не заради тебе, туку заради нив. Затоа што си верувал дека можат многу повеќе, дека заслужуваат многу повеќе, дека имаат потенцијал за многу повеќе... и ништо. Дали е за другарства или врски, неважно, ама разидувањето оди за да не си стоите на патот заради контрадикторноста, но преголемата афекција еден кон друг. И се разделувате за да и двете страни добиете многу повеќе... И дознаваш... дека избрале многу малку. Мрвица. Ништо... па уште и со цреша на мрвицата... очај. И бескрајно ти е жал иако се молиш и посакуваш да сепак ја најдат и исцедат сета можна среќа од сето тоа. Тажно ти е затоа што си верувал дека можат многу повеќе, а пред се си верувал на она што го зборувале. Дека животот е можност, игра, животот е шаренила... животот е да бидеш ти-ти. А не само да се реализираш професионално и пред се заради парите и целиот останат живот да го живееш според правилата на твоите родители... Ех бе другарче... мислев дека си друг. Мислев дека си она кое што го зборуваш... мислев дека си на чисто со себе после целиот успех што го постигна, а ти што избра? Половична среќа за среќата на твоите? Зошто? А најмалку мислев дека си просечен, не па подпросечен... Штета...
Нема ништо поочајно од тоа кога ќе прекинеш врска да збориш лошо за личноста која до тогаш си ја сакал и да шириш глупави муабети. Или јас не сфаќам нешто? Ај, фала, мислам сериозно колку треба да си очаен да правиш такви работи?И што си постигнал навистина не разбирам. Секоја чест на луѓево како можат така да си продаваат приказни. Ама и овие што ги слушаат па им веруваат и ги тапшаат по рамо. Дајте бе бидете луѓе, имајте достоинство. И така мојот додворувач стана само поим.
Денес миев садови. Мајками ке раскажува и раскажува за тоа. Доста чудно да. Јас знам само да ги правам за миење а за да ги мијам... и не ме влечат нешто Да ја проверам јас сепак темата +40... нема да се зачудам ако ја најдам и таму кај што се гордее со својата вредна ќерка Spoiler Не скршив ниту една чаша...и ова е доста чудно