Мајка ми си правеше муабет со некој и тој некој ја прашува: - На кого личи повеќе Lella? - Карактерно мислам дека на мене повеќе личи. Јас тука упаѓам: - Е како? - Па нели не сакаш ич да јадеш. И јас бев иста на твоја возраст. - Е добро де, друго? - Многу мислиш на работите. - ОК, само јадењето и мислењето, друго немаме. - Аман каква ситничарка си, иста си како татко ти.
Скопска сељнка стартер пак: тетоважа на бут, тажи по Сектор, а искача во привилиџ и се загрева во Каса Кубана, споделува твитови од полудела девојка и ја цитира мртва меѓу живите или како год беше, носи гол стомак, страшно куси панталони и очигледен пуш ап, се чекира по теретани. Патетика е кога другарот од основно ќе те сретне и ќе ти ја каже цела вистина и комплекси на твојата поранешна најдобра другарка со еден тон евтиноќа и глупости што ги правела и ќе финишира со секогаш ти била љубоморна и уште ти е, никогаш не научи да биде другарка како што си ти. Не знаеш дали да ја жалиш или да се смееш...
Среќна сум бидејки сум заљубена Среќна сум бидејки не сум осамена Среќна сум бидејки имам покрај мене личност што умее да љуби, да цени и да ме подржува несебично секогаш Среќна сум бидејки сум полна со љубов, моето срце секогаш е отворено и благодарно, спремно за несебична помош и подршка Среќна сум бидејки сеуште стојам цврсто и секогаш се надевам и борам за подоброто Среќна сум бидејки сум опкружена со луѓе кои ме почитуваат и во нивно присуство се чуствувам убаво и непроценливо Среќна сум бидејки немам омраза и никогаш не помислувам на одмазда, злобните чуства никогаш нема да успеат да продрат до моево срце Среќна сум бидејки имам самодоверба и карактер, ги сакам и прифаќам моите доблести и маани Среќна сум бидејки моево срце бие неуморно Среќна сум бидејки ја љубам најнепроценливата личност, ја љубам повеќе и од себеси и од се останато на овој универзум Среќна сум бидејки сум секогаш во неговата прегратка и на неговите гради, бидејки ме носи длабоко во срцето и ме љуби до бескрај..... Среќна сум и покрај се на овој свет...и покрај сите проблеми и предизвици... Среќна сум бидејки добро го позмавам поимот издржливост, упорност и трепение, што се клучни за еден подобар свет..подобар живот!
Убав викендов. Научив да учам секој ден. Од сенешто. Се враќам во Скопјево, исто толку весела или дури и уште повеќе. И да, подготвена сум за новата работна недела. Не ми е мака од понеделник, задоволна сум. Успеав да се нагледам тон драги луѓе викендов што блескам од среќа и убавини! Сакам да кажам и дека се почесто гледам како тркалото се врти. Низ мали или големи примери... Кога ја бркаш среќата таа те заобиколува... и кога престанеш да се обидуваш ти се враќа како бумеранг и те предизвикува... Имајте убава вечер, се гледаме деновиве на топло чоколадо покрај прозор на некое кафуле, со пожолтени лисја на тротоарче.
ах тој Марфи.... сабајле го пофалив мобилниот дека 17 месеци ме служи беспрекорно, без дефекти, преинсталирање, форматирање и слично.....пред малку си е.а мајката...се блокира целиот...
Моментот кога дознаваш дека со некој што си пишуваш од лани (со прекини), секакви муабети, баш секакви...всушност ти е братучед....од вулгарни преку сериозни до смешни муабети... Не е за смеење, не ни за плачење работата...не сме криви ние што нашите баби и дедовци имаат 20 браќа и сестри, 130 братучеди, 560 внуци.... На мајка ми и се исклучил нешто сам екранот, па јас јакиот мајсторот појдов да видам што се десило и кога се пушти екранот, се појави слика од фб на овој дечкото, мајка му, татко му и брат му. Се здрвив јас си викам ме шпионира мајка ми (како го пронашла дечково) ама оставав ладна, и ја прашувам кои се овие? Ми вика овој ми е братучед (за татко му) со семејството..... Ми објасни како се, што се фамилија.....тој излегува дека ми е 3 братучед. Сеа уште му немам кажано. Си мислам некоја порака набрзина да му пишам и да не му го видам лицето веќе, да се изгубам... Господе Боже ај види таму во тефтерот твој, дали е време некоја добра работа да ми направиш? Мислам доста беа вакви заебанции, плус во ПМС да дознеш ваква работа е нешто страшно....сега треба 2 дијазепами да испијам и дА плачам нормално Ништо не е фер....
Имаше период кога гледав филмови со Audrey Tautou.Ги изгледав сите можни . Во тоа време, кога чекав роденден носев исто фустанче како нејзиното во Amelie со црни високи мартинки. Ја обожавав . Имав и дечко кој ме потсеќаше на нејзиниот во филмот . Со ист таков крив нос како неговиот. Само овој мојот беше многу висок (баба ми го викаше 'Стап за ораи чукање') Дури и нашата приказна беше иста . Затоа го гледав по 100 пати . Од сето тоа , сега само песната ја слушам ... Филмот онака ми остана, го паметам Го почитувам како моја одлука за најомилен филм, ставен на пиадестал во некое време... Никогаш не тежнеам, не тагувам по нешто, некого, по некое време што било или не било... Но денес, недела... Ми се роди желба да одам да пазарам, ама да пазарам на пазар со еден куп билки, да испробувам нови вкусови на чудни овошја. Да одбирам маслинки и да брцам во вреќи со леќа како Amelie
Добро бе уште ли има дечиња што ти се јавуваат со скриен број во еден часот после полноќ и молчат на телефон Ајде си викам чедото можеби е петто одделение и му дале погрешен број од симпатијата па пушта некои видео снимки каде се слуша шушкање и чуден дијалект. Не е човек да има некој полесен број... само тежок број земање, па да видиме дали ќе го погоди некој и ќе си прави шали... Мислам дека сите чувства на Светот се сплотени во тажните крупни очи. Кога го гледам него очи во очи веднаш знам што му е. Крупни светло кафеави очи, мили, добри, секогаш мета на некоја мала мушичка, нежно трепкаат и го вртат погледот на страна, зошто не можат да останат смирени од мојот остар поглед, од моите црни очи. Како мало дете е не можел да ме гледа во очи зошто се повеќе и повеќе се заљубувал. Не се труди да бидеш романтичен ќе му речам и само ќе се насмевне и ќе се потруди да ме погледне. Доаѓа период кога омилен ден од денот ќе ми биде туширање и спиење. Од Септември па се до Јуни
Се нервирам кога некој бара нешто да се послужи, а може да го купи ако му треба, книги, лакови за нокти и слични ситни работи.И ние сме луѓе па не се стискаме за еден лак за нокти ама ако ти треба купи си бре човек.
Толку убава лутеница направивме со мајка ми денес, мхм мхм, можеби ајвар не јадам веќе со години, ама затоа во лутеницата премногу уживам. Ја сакаме и двете кога ни жежи на јазик, а не да ни подлутнува само. Си се најадов неколку кришки со сиренце, со едно пивце, и сега само за во кревет сум, да здивнам малку. Од утре турбо учење повторно.. Два испита имам во петок, а да и закажани се во рок од еден час. Слабо професориве да се смилуваат, па за друг ден да одложат. Така е, ќе си бидат на одмор до 15ти, и после бап испит, нас ни одговара, а за вас, не сте битни. Ако научите, океј, ако е напорно, ма нема врска. Како и да е, се надевам ќе биде на добро. Јас се од себе ќе дадам, како и секогаш, па ако имам среќа, ќе биде супер. Имајте добра ноќ, јас отидов да испружам нозе.
НЕ СЕ СЛУШААТ СОВЕТИ ЗА КНИГИ И ФИЛМOВИ OД КOЈГOДЕ! Вo спрoтивнo, неделнaтa вечер ти се сведувa нa прoкoцкaнo време штo мoжелo дa испaдне дaлеку пoинтереснo aкo си прaвел билo штo другo. М,
Ве утепав со слики, ептен. Ама додека ги барав , наидов на една слика која морав да ја искористам по предметот визуелна антропологија. Многу старa, ама многу милa. На сликата се баба ми и дедо ми . Единствени <3
Во еден час се и двата закажани ? На двете места во исто време сакаат да бидеш хахаха Покажи му дека можиш
3 месец по ред како црвената тетка доаѓа ненајавено. Онака 4fun. Се појавува изненада со силни болки што едвај ги издржувам, немој те молам уште тоа ми фали... До сега се клештев од болките твои ненормални Добро ја сакам изненадувања, ама ти претера, не си фаќај ваква навика те молам драга тетко. Не ме остај да си го терам пмсот на раат. Ни плачев ко човек, ни се давев од јадење, ни се смеев ко луда, ни се карам со некој..ништо, ама баш ништо од ова не се има случено овие 3 месеци. Нее убаво вака ама ич. Spoiler Стресот пушти корен во мене, ме изеде буквално. Не личам на себе, страв ми е во огледало да се погледнам...ги немам ни цртите мои на лицето. Која сум јас?! Господ да го благослови тој што ја измислил шминката па да го маскирам сиот тој не вкусен изглед на лицево периодов... Црвената Тетка: Ах бе пиле, стресот си го напрај своето и овој пат.Зар ја сакам ваква да те гледам, зар сакам без предзнаци да се појавам. а? И јас ич не го сакам тоа, после да ми се дериш, но што сум крива кога ич не си мислиш на себе и на твоето здравје. А малку да бидеше помирна и да не си ставаш се и сешто на срце и на душа? Ништо со тоа нема да добиеш освен стрес и напор. Стресот: Ете сега пак јас сум крив Spoiler Простете, морав негде...
Можеш да испратиш некоја тегла. Јас домашен не сум јадела одамна, се купени. А купените вода можат да им носат на домашните, правените. Плус за лутеница се работи!И затоа, праќај тегла, сожали се!
Седам со главата потпрена на раката.Се слуша тик так тик так.Тој звук кој доаѓа од часовникот ме ужаснува.Збеснувам.Го извадив саатот.Во куќата немаме ни еден зиден часовник ете поради што
За добредојде на факултет ми подрани два дена И одамна не сум уживала толку дома, веројатно до праењето ајвар ќе да беше се осеќав ко нинџа во академија од наруто дури мешав то ајваро Епа денес, утре, со среќа на тие шо почнувате за прв пат на факс, нека ви тргни годината