Добро не ми е јасно едно нешто. Вие што викате дека се не можете и се не знаете, како се справувате со животот, така полесно ви е?
Непишано правило - сите битни клиенти доаѓаат во последен момент од работниот ден...па и каснат. И ти се осеќаш скроз небитно, јер они ќе ги дадат парите,а ти треба да им ги земеш. Животиште. Ах уел...денес имам причини за благодарност, па ќе прескокнам да мрчам.
Се помалку и помалку постои култура кај луѓето. Се си мислев до мене е проблемот се фаќам за ситници, ама мислењето дека сум во право го надвладува ова првово. Одамна се изгубија вредностите на живот.
ме плаши ова со факултетот од една колешка дознав дека ке имаме предавања а на студентски велат следнава недела ке утнам предавање нема да се вклопам прашањето е кој да слушам друга работа е за книгиве незнам што ке се прави дали тие ке ни ги даваат или од копија копија ке правиме наскоро и е роденден на мајка ми а јас сум запнала сакам да одам во Буши и крај-немам пари и немам со кого и треба да го вратам фенерот(топката) од кинески кај нив а лажам незнам кај ми е
Во продавница за чевли: - Добар ден, ми требаат оксфордки или чизмички до глужд, има нова колекција? - Има, ама од пролетната. - Аха, колку % попуст има? - Нема попуст девојче. Фала, пријатно
Срцка ти ако не ме насмееш па не знам кој. Едвај чекам некој ваков пост после напорен ден. А на кој факултет си? Батали колешките, слушај си ги на студентски. И како тоа тие ќе ви давале книги, па ние си ги купувавме во фотокопирница, ги имаа сите таму. Муабетов ме потсети на бруцошките денови, кога еден колега дојде со мајка му во книжарницата на правен да прашаат колку е комплет книги за прва година на правен факултет. Сите патос а незгодно ти е да се смееш неартикулисано.
Убаво ми започна денот, со убави вести. Ги средил документите и побарал дозвола да се врати назад додека не му започнат предавањата. Вечер тргнува. Срцево ќе ми препукне од радост. Се сожалил универзумот на мене, па двете желби во рок од два дена ми ги исполни.
Среќа, среќа, среќа. Ме огреа сонцето денеска. Прво, си купив масакара, која е воедно и првото нешто од шминки кое го имам купено. И уште една убава вест. Ќе ја видам сестра ми. Па веќе неколку дена чекам. Едвај чекам да ја замарам со гушки цел викенд. И така, морав да ви се пофалам за среќава. Имајте убав ден.
колку се љубоморни и другаркиве од средно и воопшто другаркиве на една благодарница волонтер сум година и пет месеци бре луге мислам хелоу не добив на лото, го немам најдено вистинскиот кој е милијардер да ме опсипува со внимание (букети, скапи подароци, накити) е само благодарница мотивација да продолжиш да се бориш заедно со нив друга работа е сум во ПМС мислам дека ке гризам луге а со бившиот се скаравме(се знаеше која му беше целта) а мене од дома контрола плус факултетов-ова крај нема лајонес се трудам давам се од себе а им спомнеш јас и бизнис дечково да им објасниме исто ко да ги колеш (мислев на кафенце) решив да уплатам тикет во спотска кладилница кај девојка што учевме заедно средно ем промет да и направам ем среката да си ја пробам па ке видиме
Знаете она кога со сопствен труд ќе добиете нешто? Најслатки се тие работи. Може не седнувам некогаш по цели денови и паралелно и студирам (или барем се трудам ) и работам, ама имам предмети што знам дека се само мои. И ептен е задоволство.
Родители што не поднесуваат животни, ама за атер на децата чуваат домашно милениче - е таквите се за ќотек! Ако не го сакаш кучето, не туку го мачи, не е тоа плишана играчка. Куче со среден раст го пикнале под скали и му заградиле простор од два квадрати. Сиротото се вртка, цивка, си бара простор и внимание, ама го ставиле таму како на излог. Пуштање низ двор не доаѓа предвид - ќе прави бељи. Децата да си играат со него нема шанси - ќе фатат некоја бактерија. За бањање и шишање нема потреба да зборувам, среќно ќе биде ако му фрлат бајат леб и некоја стара манџа. По цел ден оставено само да седи, скока од радост кога ќе си дојдат луѓево од работа, за на крај да си влезат дома без да го погледнат. Толку благодарни суштества се кучињата, толку љубов имаат во нив, што жално е така да ги измачуваш. Разбирам дека секој не ги сака, ама подобро пушти го на улица.
Kakov prekrasen zavrsetok na denot...Go obozavam drustvoto na drugarka mi I nasata princeza Melek ♡ posle trening apnavme edna pica, ee dobro de znam deka ja go apnav I treningot ama ako, vredese.. Znaete li kolku slatko jadese pica, ne ste svesni, nee Uspat I kupiv edno vence, morase dada da go probat, ama priznavam nejze poubo I stoese, se kolnam najslatka e na svet.. Minnie Melek ♡
Некој (не)луѓе најмногу би сакале другите да се обични, да се "под нив",да не доживуваат успеси, да не станат успешни.Да бидат само тие самите..Е тогаш ќе биде се во ред.Тогаш ќе нема за што да ви станат завидни, ќе нема за што да ја покажуваат својата злоба, која ионака ја носат во себе. Но штом осетат дека кај вас нешто се менува, станувате успешни можеби,исполнувате некои цели, напредувате, убаво ви е ,е тогаш тие тоа не го поднесуваат и ви прават лошо. Не се чудете зошто е така како што е.Само подалеку од такви, што подалеку од такви (не)луѓе. Верувајте многу ќе сте посреќни!
После толку мака ,трудот се исплатеше..после толку месеци подготовки КОНЕЧНО ЗАВРШЕНО..КОНЕЧНО СРЕЌНА..МОМЕНТОТ КОИ ДОЛГО ВРЕМЕ ГО ОЧЕКУВАВ ЗА КОИ НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА ВО БЛИСКА ИДНИНА КЕ СЕ СЛУЧИ КОНЕЧНООО СЕ ОСТВАРИ.. зборови за да си ги опишам емоциите одвнатре немам ..нема ни потреба..се е јасно и на вас кога нешто толку сакаш да се случи ..кога на нешто работиш твориш мислиш конечно да дојде да го доживеееш ..неописливо без зборови... едноставно среќнаааааа сумм
Мене омилен дел од гардероба ми се гаќи. Ни сама не знам колку пара имам и пак не можам да престанам да купувам . Еве денес ослободив нова фиока за нив.
Прееска јадејќи огромно јаболко додека трпенав, за секунда се најдов во стоматолошка ординација. Сум го изместила зглобот кај вилицата (за кој бај д веј прв пат слушам дека постои) Мислев цела вилица ми замина у пм ама добра сум била. Наместо кај матичниот да си појдам, на татко ми поблиску му било во ординација кај негов постар пријател...ама и јас не можев да издржам веќе болки и сеедно ми беше, само сакав да се спасам побрзо. Кога ме видоа сите каква сум подзината, одма преку ред ме пуштија и фала им на луѓето. Одма влеговме и ми рече да седнам на стол да се опуштам, а со тато муабети почнаа...прв пат го гледам човекот, постар во години, со бела коса, насмеан и позитивен ми се гледаше. И прво да нагласам уште од мала сум била кај секакви стоматолози и кога мислев дека секакви сум видела сум се излажала...овој цел ми се качи на мене. Да буквално. Толку ми дојде блиску над мене и цел се пикна во мене што ми идеше да го турнам во секој момент. Па толку груб беше, јас му објаснувам колку ме боли, каде ме боли и мора устата полека да ја придвижувам, а тој ме фати, ме стега, ми вика отвори ајдееее најмноооогу Е колку најмогу да ти еб.. мајката, кој дел од реченицата НЕ МОЖАМ ДА ЈА ОТВОРАМ УСТАТА, не го разбра? Отвори, затвори, отвори, затвори почнаа очите со солзи да ми се полнат и татко ми му вика: Докторе полека, толку нејзи и е силата да не направиле беља Кутриот изгледа помисли дека ќе умрам.... Ми ја намести малку вилицата ко што треба и ми даде апче да се смирам, не можев повеќе. Се осеќав бетер од на пораѓај да сум.... И така од здрава права, сега си пијам 268 антибиотици, треба да се светам со лампа и да правам вежби со устата и нормално пак на контрола за 5 дена ама кај мојот матичен, не одам веќе кај овој да ми се качи врз мене пак...секоја чест на тие што си им е матичен човеков...