Nema pogolema zrtva od majka.....Ne mi dade raka da krenam celi 5 meseci dodeka mi bese na gosti. Da ne zboruvam za mirot vo dusa sto go imav i nejzinite topli pregratki Mnogu mi e tesko za sin mi sto premnogu se privza so nea, i znam deka premnogu ke mu fali babicka. Ah ovaa pusta tugina sto ne deli od najbliskite Gusnete si gi roditelite zatoa sto za mene e luksuz da bidam do moite
Сакам да кажам дека како си минуваат деновите се помили ми стануваат лекциите во врска животот што сама сум ги научила. Научив дека едни се раѓаат со повеќе среќа, други со повеќе сила. Сите имаат среќа во одредено поле. Само сите во различно поле. Сите имаат некоја дарба. Ако едни имаат среќа во љубовта, други имаат во парите, ако едни имаат интелигенција и памет, други ги бива во спорт. Но никој не е без ништо. Секогаш постои "квака". Ако си премногу среќен, нема да трае долго. Секогаш за таа среќа постои цена што кога-тогаш ќе треба да се плати. Ако среќата оди на едно поле, на друго најверојатно ќе следат разочарувања и несреќа. Се доаѓа во баланс. Наше е да одлучиме на која страна ќе натежне вагата. Разочарувањата и несреќата не може да ги снема, туку ако си добар играч можеш да ги преобразиш во среќа. Како што и во физиката материјата не ја снемнува, туку се претвора од една во друга. Најдобро е да се живее во сегашноста. Минатото поминало и колку и да се размислува за него, тоа ништо нема да смени. Иднината никој не може да ја предвиди. Никој не знае што ни носи иднината. Животот може за само ден да се смени наопаку. Ние си правеме планови, а Господ се смее. Разочарувањата се добри за нас. Кога ќе помине една можност, после неа се појавува многу подобра. Понекогаш мораме да се откажеме од работите што ги сакаме. За возврат ќе добиеме нешто повеќе. За да научиш да го живееш животот, ти требаат проблеми. Која е поентата ако добиваме се во истата секунда кога ќе го посакаме? Понекогаш мораме да пуштиме и одредени личности да си одат. Со сила убавина не бидува. Ама секоја личност што некогаш ни се појавила во животот имала за цел да не научи нешто. Се поминува. Како и доброто така и лошото. Ама се си има свој крај и ништо не трае бесконечно. Се завршува. И најголемата болка, и најлошите денови и најмрачните мигови. Сето тоа еден ден ќе помине. Најмило е кога ќе добиеш нешто што не си го ни побарал. Знаењето што го имаш, е залудно доколку не го споделиш со некој. Во животот треба со прост човек да правиш прост муабет, со образован човек, образован муабет, со мало дете, детски муабет. Никогаш не се потценувај и не дозволувај на некој да те потцени или омаловажи. Ние луѓето користиме само мал дел од својот потенцијал. Никој не е совршен и никој не е светец. И најдобриот човек има свои лоши страни и свои маани. Затоа не треба премногу да очекуваме од луѓето. Наивност е да се гледа само добрата страна на луѓето. Наивност е да им се верува на луѓето. А наивноста и глупоста одат рака под рака, како генијалноста и лудоста. Ладнокрвноста не значи секогаш ароганција. Значи страв од повторно да бидеш повреден. Љубовта постои. Само ќе ја добиеш, доколку си спремен и да ја дадеш. Љубовта и опсесијата се два различни поима. Едно е да сакаш некој искрено, друго е да се опседнеш со физичкиот изглед на некој. Љубов е да знаеш дека некој не е совршен и повторно да го сакаш. И за крај, самодовербата е тивка, а несигурностите се гласни. Луѓето што се навистина самоуверени, никогаш не се дерат и не ги критикуваат другите. Тоа го прават оние кои што се полни со несигурности. Несигурните луѓе можат да ти се исмеваат за едно влакно само за да се чусвтвуваат подобро и да ги направат своите недостатоци помали. Самодоверба е да знаеш дека не си совршен, дека не си најубав, најдобар и најпаметен, но тоа да не претставува проблем. Самодоверба е да влезеш во соба полна со луѓе поубави, поуспешни, попаметни, од тебе, но да знаеш дека тоа не значи дека тоа се повредни и подобри од тебе.
Јaс сум oд тие штo вечитo се сo бaтеријa при крaј (нo никoгaш прaзнa), a oд скoрo сум и oд тие штo имaaт препoлнa мемoријa. И oд секoгaш стрaвувaм декa ќе гo изгубaм телефoнoв, a сo тoa и целиoв мoј живoт вo негo, и вo oпaсни нaпaди нa пaникa влaгaм кoгa не мoжaм дa гo нaјдaм пo дoмa/пo џепoви/пo тaшни Сегa му сменив рингтoн пo кoјзнaе кoлку време и никaкo не мoжaм дa се привикнaм, кaкo тргнaлo верoјaтнo и ќе си јa врaтaм стaрaтa мелодија M,
Многу сум директна и одлучна секогаш играм со отворени карти, пред било кој..пред секој. Немам срам, оперирана сум од него, имам цврст карактер и став за било која работа. Сметам дека секогаш треба да се борам за било што сама и да си помогнам лично на себе си.. никогаш не се ослонувам на никој и не очекувам ништо за возврат или наврт. Ете таква сум и никогаш немам трпение да чекам да ми падне нешто од небо. Но воопшто не ги сваќам луѓево што од сешто се срамат, нема да побараат да се напијат ниту чаша вода при најголем жед од пусти срам, а комоли нешто друго да направат или да превземат прв чекор. Не ги ваќам луѓево кои чекаат нешто од небо да им падне или на врата да им се најде, не ѓи сваќам оние самобендисани и разгалени кои умислуваат дека светот околу нив се врти. Не ѓи сваќам оние кои се повлечени во себе и трпат секакви тортури, се плашат да успеат во нешто.. се плашат од разговори и одговори. Не никогаш не ги сватив луѓето кои чекаат да им се насмевне судбината и среќата седеејки и жалејки се како им е срам и како се плашат. Не, не се плашам.. оперирана сум од стравот.. бидејки животот ме научи на искуство.. секој ден поголемо и помоќно!
СДК ... Секој почеток отвара можност за некаков крај и секој крај остава можност за некаков и нов почеток. Почеток и крај, две точки бесконечно поврзани.
Секогаш велам дека човек ако не чувствува, тој всушност не живее. Но, сепак некогаш ни доаѓа преку глава од чувствата, ни се чини дека сме цврсто замотани во нив и никако не можеме да се ослободиме, како бура да те напаѓа, а наместо да се смири се повеќе и повеќе се засилува, а кулминацијата ја доcтигнува во оној момент кога веќе не знаеш што всушност чувствуваш. Дали гнев, омраза, немоќ...? Можеби сѐ заедно, но не можеш да одредиш бидејќи е премногу ? Или ти станува сеедно? Би сакала да знам како е тоа да не чувствуваш ништо, барем на еден ден да си ослободен од товарот наречен чувства. И многу да чувствува човек не чини...
Бев гостинка на најубавата свадба со најубавите луѓе . Дајбоже цел живот да се среќни весели како сега и куќата да им се полни само со убавини Еве и вас ви ветувам дека колку и да сме далеку за другарка ми секогаш ќе имам време за било што ,затоа што е златна бе златнаааа
Обожавам Инстаграм! Кој како си го сфати, јас си следам инстаграмџии кои ме инспирираат. Прекрасен начин да кажеш нешто, а сепак да ќутиш.
Бескрајно сум благодарна што сум се родила со вакви гени. Што и да јадам, колку и да јадам- 47-48 кила. Не дека јадам јас којзнае колку, ама слабата точка мене ми е благото. Мнооооогу благо јадам, а од благото добро се дебели. Сепак не чини знам ама ете пусти мерак за блакце.... Да имав сега некоја крофнааааа мхх мххх мхххххх.......
Сите ги барам за излегување секогаш правам шали, сакам да бидиме општмисти. Денеска прелеа чашата, мене никој не ме побара за излегување, а тие се собрале и плус едната еден месец ми должи 100 ден. Самата ми кажа дека ќе ми ги даде уште пред една недела. Ни срам, ни перде. Ни ти, ни тие 100 ден. Не сум дојдена до пари. Фала. Овде нешто не штима.. Ве личи ли на 29 тоа? Јас вака помала 24? Треба друга песна да се свири. Ау па дури еднаш му договорив кафе, не стасав да појдам, им кажав со време и лути, луту, лути ... Хаах, а јас шо да речам сега?? Ма ич, за инает не им пишувам ниту коментари, ниту им пишувам во стилот зошто не ме викнавте. Тотално игнор. И моите 5 мин ќе дојдат.Ќе молите некој ден.... Сега се прашувам.. Кој колку ми се нашол во животов бе? Кој што на направил за мене? Дали премногу лабаво ми се пуштени луѓево ?
Знаеш дека си зависник од музика кога често знаеш да се фатиш како во мислите го мериш времето во ислушани песни. Oтприлика би идело: една песна - 5 минути, две - 10 минути, шест - пола саат... и тако даље со груба рачуница. На пример, ми треба време од 4 песни за да стигнам со автобус до таму и таму, или пак имам уште 3 можни за слушање после што ќе си легнам во нормално време (што најчесто испаѓа лажно ветување кон себе ). Hope I'm not the only one...
Не бе , не сум баксуз. Добив сабајлево неочекувано, ме скина стомак, се смрзнав, мислиш 5 степени беше. Е да, морав да го видам на првото ќоше на факс така? И уште за беља, саат вресе да чекам на студентски со него? Еј, ама така го мавна шок и се туфкаше цело време, смеа ме фати. Не се смеев, не се сеќирајте, си бев пристојна. Ама не мораше одма да го видам нели? Да ме доонерасположи уште толку. Ама сепак имав добар прв бруцошки ден. Танцов ме спаси, малку се размрдав и одам сега на спиење. Утре пак имам долг и напорен ден. Имајте добра ноќ.
Најжално од се е што личноста што ја сакаш ти ја пригушува позитивната енергија.. и да те прави несреќен. А ти единствено што сакаш е да го гледаш како се смее!!!
Ќе речеш со причина, е баш и со причина беше ова . Во толкава толпа, се сретнувам со еден бивши кој никогаш не ме преболе, али поминаа времиња... Муабетот идеше вака: Јас:Еј здраво, како си ? Toj:Еее супер , како се сретнавме леле леле. Всушност знаев и дека ќе си тука. (ми се ложи нешто) Jaс:Аа да, еве на фестивал дојдов со друштво. Видов слики, сте напраиле свадба. Со среќа нека ви е, и невестата многу убава ( најискрено му посакав). Тој:Ааа тоа ли , паааа дааа. Ааа , абе , а ти да беше тоа место неа а ? Јас:А? Тој:Никогаш не е доцна, ако не по филмовите да идеме на пијачка? .....................Излетав негден низ врата........... Никогаш не е доцна и тебе умот да ти дојде, си реков.
Каков народ сме бе хах. Ако човек ни се заблагодари за нешто, викаме дека нема потреба од заблагодарување, ауу таман работа.... А ако не се заблагодари, одма мрчиме дека ни едно фала не кажал Кажете ако нее вака.
Она кога роднините од странство ќе се сетат на тебе и ќе ти пратат пакет пун со чипсови, чоколади, гумени бомбони...*priceless* Spoiler
Деновиве ги полнам батериите на големо. Цело време сум опкружена само со луѓе кои ги обожавам. Прекрасно ми е. Вечерта ја поминав со насмевка на лицето, за која освен мојот сакан е виновна и уште една личност. Јас сум од оние кои веруваат во машко - женски пријателсва. Си имам неколку кои ме уверија дека постои таков тип на дружба и за кои нема да претерам ако ви кажам дека ме вратија во живот. Е токму еден од нив вечерва ме почести со неговото друштво после неколку месеци. Се удавивме со муабети. Кариера, љубов, идни планови... После монотоно и досадно лето, редно време беше да ми се вратат во секојдневие луѓето кои прават да заборавам на зборовите монотонија и досада. Посакувам секој да си има по неколку такви. Имајте пријатна ноќ и убави сништа луѓе!
Секогаш правете го она што вие го сакате. Слушајте си се сами себе, својата интуиција. Следете ги вашите сништа! Најдете го изворот на вашата среќа и не дозволувајте негативности да навлегуваат во вашиот живот. Како одминуваат годините, се помалку придавам значење на негативните личности и настани во мојот живот.Се обидувам да сум посмирена и кога некој ќе проба добро да ме изнервира. Мир ми треба.Психички.За некоја година и со деца ќе работам, не смеам да сум живчана.И нема да дозволам да бидам. Животот си го земав во свои раце.Си го следам патот до целта и што е најважно го правам она што го сакам.Се додека го правам она што ме исполнува јас ќе бидам среќна .Нема нешто поубаво од тоа. Ве гушкам
Wake up, it's a beautiful morning... Си се разбудив со песна, кафенцето ми е пред нос, го гњурам, мирише ли мирише а ја луда по него... ЉубаФ... на секое утро. Добро ви утро луѓенца. Сакав да кажам , од кога народов почна да кукумјавчи за здрава храна , ама она повторно ? Не ми е фората проектот на владата, туку во послените 2 години се изнаслушав мал милион муабети од типот " Ништо не е здраво, се се' прска. " Е добро, па мислам што пред 5 години не ги прскавте овошките и се беше океј? Јасно е дека сакаме да се етаблираме во европската (музичка) сцена , аАма ќе изгледаме попаметни ако мрчиме вака и глумиме некои јаки интелектуалци а? Аман од бабини муабети. И после ми викаат зошто се откажав од паралелно студирање и на нутриционизам, е да, ја ќе учам а некои со курс или не дај боже squirt- ање по се и сешто да ми ја земаат струката ? Не може, не, нееееее. Одох да се поспремим, решив да уплатам аеробик коначно.
Сонце мое најмило да денешен ден точно пред шес години ги отвори, твојте мали очиња за прв пат ја виде светлината , го осети мајчинското срце кое чукаше толку силно,сто од срека солзите сами течеа и, ја осети мајшинската топлина и првиот бакнеж кои се уште стои на твојте обравчиња............... Ти благодарам Господе што ми го подари овој мал ангел пред 6 години.Срекен роденеден синко да си ми живо ,зраво и весело како што секогас си......:АНГЕЛЧЕ МОЕ НАЈУБАВО..................