Извини што те испозамарав кои тампони и улошки се најбољи за овој период од годината. Више нема да ти досаѓам.
Жени што не знаат достоинствено да дискутираат и дури достоинствено да се расправаат, (па потоа на сите да им помине ) туку им треба банда од други жени каде недостоинствено би оговарале што се би можело да се каже... Еве ви торта, да не ви падне шеќерот
Сега пред малку бев сведок на баш емотивен настан. Одма до куќата кај баба ми живеат, баба, мајка и внука. Кога се роди внуката, таткото едноставно исчезна...никој не знае каде е. Може тие најблиските си знаат, ама по народот познато е дека ги напуштил. Девојчето сега е на возраст околу 6-7 години, а татко и го знае само преку слики. Сега пред малку седевме со братучед ми пред куќа кај баба ми и одеднаш слушнавме детски глас кај што вика по татко му. Ама баш гласно викање, пискање, како изненаденост, збунетост. И нормално ние се исплашивме што се случило одеднаш, појдов до порта и го гледам тоа девојче како гушка човек на улица. Тој стои здрвен, а таа само викаше татичко тато мој.....Ете ја баба и после 1 минута со трчање и со викање: Ана дојди ваму, Ана се препознаваш дојди кај баба.....овој човекот тотално збунет стои, рацете кренати а баба и му се извини и го зеде девојчето. Како само плачеше кутро девојче Мислела дека тој е татко и, гледајќи ги сликите се препознала во овој човек што случајно поминуваше по улица...Толку жал ми падна, сами солзи почнаа да ми течат....какво срце имаат некои луѓе така што ги напуштаат сопствените деца п.с. Зошто како правило да е, кога се возат машко и женско во кола, мора машкото да вози? И двајцата да имаат положено, сепак мажот вози
Другарка ми е во Барселона. Ќе пушти некое срценце, ќе напише некој збор, ќе пушти некоја слика на вибер и ја снемува... Но доволно е, доволно. Знам дека е на сигурно , знам дека и е убаво. Како ми пристигнуваат сликите, се навраќам на многу сцени од филмови . Филмови на Педро Алмодовар, на оној популарниот меѓу тинејџерите Vicky Christina Barcelona од Вуди Ален.... Си го замислив и музејот на Пикасо, доволно јасно за мене... Ми праќа палморед, тоа па ме фрли на тие плажите со ситен песок. Сончево, да те разгали. Ова не е копнеж, туку вистинско чувство. И да живееме илузорно ? Па што дека. И онака треба да мислиме нешто, нека биде тоа некој посебе свет за нас. Еден театар во кој главна улога имаме ние. Вака кога ќе подзамислиш, и вистина сме ние центарот,. Посетила ноќен бар со мотиви од Буда. Си реков, " само ти уживај, јас сега уште помирна сум ". И ветив дека следниот пат ќе одиме заедно. Ме прашува како сум, дали сум добро.... Се подзамислив малце. Супер, супер сум. Бев болна, но ја победив настинката. Физички ништо не ми може кога духовно сум на високо. Како мало дете кога се учи да оди, паѓа па се прпелка, па пак станува.... Во себе го имам човекот , затоа и паѓам но во себе го имам и Бога затоа станувам. И ако паднав , на падот бев склона. Тоа е гравитацијата. Купи ми книга и разгледница, и порачав. Од тоа никогаш не ми е доста
Леле колку се нервирааам Кога јас ќе отидам таму да презентирам дипломска работа?!! Професорот се инати не ме пушта,но и јас се инатам и затоа секоја сесија полагам.Не сум јас со пола мозок бе,ќе ме пуштиш ти мене,вака се прави само зошто е последен предмет,најверојатно. Колку повеќе си близу до крајот е толку повеќе е тешко !
//youtu.be/iMv3-nqYXV4 Сандра африка-бај бај блазесии со каков топ нумеро уно продуцент во каква кука има снимано спот
Батали продуцентот Сандра и спотов ти се ориџинале, едвај чекам да почне да пее, како славеј пиле да слушам, особено после милионите обработки на гласот во студио. А па да и отидам на жива свирка, ако праи такви, оргазам ќе добијам од уживање. А спотот е баш уникатен а и поучен, има логика
ДМ стотина награди доделија ќорава рецензија не прочитав, само да се земело нешто само после кој ве врти... Епа така ви е @dm drogerie markt кога не ми ги доделивте сите производи мене имаше да ве бомбардирам од рецензии . Се шалам нормално, сакав да укажам на тоа дека кога сакавте да играте така требаше да доделувате на блогеркиве или на тие членови што се доста активни тука и константно пишуваат, а не тие што се зачлениле само за да земат некој шампон... Како и да е многу неблагодарно од нивна страна, барем по 2 збора да се напишеа, срамота е... Изгубија волја луѓево да доделуваат награди веќе .
Мимс, последно беа доделувани бејбилав производи. Еве ја темата: http://forum.femina.mk/threads/Рецензии-на-производи-на-babylove-од-dm.24595/
Не ми се верува, ме натера да го отворам. После се чудиме зошто имаат толкава гледаност, од сеирџилак никад доста
Ама признај дека те тера да го изгледаш до крај Цуцава коа ќе прави концерт обавезно купувам карта, ама срцекршачка да ме потсети, пошо ја не следам многу шоу естрадни вести. Ја само ѕвезде гранда глеам и оноа на пинк со Цеца и Харис и Бора у жири.
за тоа можем да те слушам цел ден без да ми здосади.... оние сериозни муабети ме убиваат...за пари, работа, политика...
Каде исчезнаа штиклите од 8 центиметри, оние кои изгледаат елегантно, а сепак во нив може нормално да се оди и да се издржи неколку часа? Секаде само салонки над 10 центиметри, или другата опција оксфортки, ама на некоја дебела штикла, кога ги видов имав чувство дека се наоѓам во сцени од The reader, очекував Кејт Винслет да ја видам од некаде.
Денес плачам за 2 грама злато. Си ја изгубив едната обетка од бебе од баба ми. Се превртев, едноставно ја нема...не знам како и каде ми паднала по пат додека разместував и раселував... Уф, како ми е тешко! А баба ми на тоа - јас па сум заборавила дека тоа сум ти поклонила, да ја прашаш мајка ти дали ти ги чува елечињата што ти ги плетев... Го чуваме белото ќебенце со маче тоа сигурно, ама елечињата и џемперчињата... Не сакам бебиња со обетки, ама сакав да им ги дадам на своите деца еден ден! Ете тоа ми е, сентименталната вредност...