Мене лично ми се допаѓа вакво време , ладничко , врнежливо , без да се гледа сонцето , се присетувам на жешкото каде што неможеше да се дише со недели. Фала богу завршија тие жешки времиња , Winter is coming.
Проклети душебрижници....оговарачи...трачари колку мразам.Проклети да се!Ме трујат со омраза во ваква состојба,лицемери,љубоморни.Голем е Бог гледа се.На него ги оставам
Кога на едно место не можеш да преживееш, нормален животински инстикт е да заминеш од тоа место и да талакаш во потрага по подобар живот. Затоа што ова нашево е преживување, не е живеење.
И преживуваш во Америка, до 30та година, оти умираш во затвор за 700 долари. Полни се затворите во Виена и Франкфурт со македонци.
Кај и да си што и да си, срамно е да умреш за 700 долари. Или наркоманите се никакви, нека умираат по затвори. И за долар, нека умрат.
Како вртиш на друга страна. Кој спомна да умрат за 700 долари? Јас реков дека тој (бог нека му душа прости) се довел во ситуација да нема 700 долара да плати сообраќаен прекршок поради тоа што бил наркоман и ништо живо не му стигало. За неговиот третман во затворот не коментирав. А затворите во другите држави се полни со наши луѓе што одат таму да заработата на лесен и нелегален начин. Мешаш баби и жаби, ама ај.
@Cka .се согласувам апсолутно со сѐ во твојот пост, само ќе се надополнам зошто јас ја обвинувам државата за тоа. - Зошто маж ми го запира полицаец на автопат каде е дозволено брзина 80 км/ч, а тој вози 100. И го прашува ќе ѕвониш ли некаде или да пишам казна. Тој во прашалници " каде да ѕвонам?" . А овој му одговара " па да не фаќаш некоја врска" - Зошто никакви едукации ни со соросоидни ни со владини пари на моронските шофери не им помагаат се додека тие можат да завртат телефон и ќе поминат неказнето. - Зошто вистинскиот убиец на Фросина ќе се шета низ Европа, додека оној невин кој семејството го наполни со пари, ќе одлежи некоја година, важно ќе го обезбеди семејството. - Зошто лично мој пријател турна и усмрти моторџија, ама финансиски моќен, ги обезбеди неговите деца со стипендии за школување, станови и кеш и одлежа само две години затвор И да не редам уште еден куп случаи. Сѐ додека во тие институции седат луѓе кои им е празно џебчето а лакома раката без разлика дали се од оваа или онаа власт за мене е виновна државата.
@Cka епа ако отишол у друга држава не значи дека таму нема закони и може што сака да прае сигурно за џабе не е у затвор овде за 30 ќебапи идеш у затвор а не па за 700 долари.
И јас некогаш велам дека ние тука преживуваме, ама кога погледнам наоколу сите имаат ајфони, скапи технологии, имаат облека да си приуштат, шетање, секој дома(повеќето барем) има од техника до се што му треба, кола, па и не ми личи на преживување воопшто. Се прашувам како народов со свои просечни плати може се тоа да приушти воопшто? Ние ништо помалку немаме од некој на запад, имам пријатели кои што немаат пример никаков смартфон или некој обичен, возат кола купена на старо, не патат од марки, брендови, а може им се, им даваат скоро бесплатно со договори, имаат акции, силни попусти, а ние тука мора да сме во тренд со се, со никаков стандард купуваме три пати поскапо од нив, а од што? Јака математика , нема што Само се надоврзав на твојот пост, онака мое размислување, дека се жалиме и жалиме, а не е дека баш преживуваме. Има подобро, ама има и полошо.
Кредити срцкаа, кредити до гуша, никој не зел ајфон у кеш и други мити ствари све со договори и кредити задужени за до века.