Олабавете се денеска http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/34881-oslobodete-gi-denes-e-svetskiot-den-bez-gradnici
Ставете си во глава дека освен МАЈКА никој друг ниТ те сака ниТ те жали ниТ поддршка имаш од некого. Сите околу Вас се само случајни минувачи низ Вашиот живот и не заслужуваат ни капка од Вашето внимание. Сите ќе Ве издадат еден ден. Само таа нема.
Од 22 до 3.30 сабајле чекав да ми се симнат 5те дела на Американска пита, и едвај ги дочекав набрзина да пуштам еден дел пред да легнам, за да видам дали се е ок ииии кога гледам сум ги симнала со француска синхронизација без никаков превод. Сабејлево требаше во 7 да станам, а ја дремев до 3.30 за што? Го фрлив лаптопот низ прозор. Не сакам ни американски ни пити све у курац. Џабе и интернет, џабе стоев толку доцна. Е сеа немам брз интернет, епа немам
Седат на кафе секој ден во кафичите низ градот. Се познаваат а не се знаат. Скокајќи од тема на тема опфатија можеби стотина различни, си кажаа една на друга што мислат, што слушнале, што им кажал некој и што искусиле. Навистина не ми е јасно, дали го правеа тоа затоа што сакаа да кажат толку многу или, пак, затоа што проживеале толку малку се обидоа да раскажат се За оние кои се по дома и немаат потреба да кафеносуваат од сабајле до вечер, си ги поздравувам.
Хахахх. Еве помош - пушти си го филмот во БС плеер, додека ти е вклучен интернетот и стисни пауза. Со десниот клик стисни над филмот и одбери сабтајтлс, одбери си на кој јазик сакаш и имаш превод за две минути.
Јас имам иста како твојава, мене на мекици ме покани мајка и преку друга личност, кредитот и се истрошил баш кога требало на мене да ми се јави. Со прст не мрднав, јас немам мачка иначе и јас ќе ја направев крштевката тогаш. Добро де, се погоди баш ''неарна'' да сум. Иначе, добро бе оти јас се изморувам од еден ден кога ќе треба градот да го крстам по обврски, а гледам луѓе застој немаат секој ден шпартаат и тоа возрасни жени... Влевај по бутици, закачи се со тој муабет еден саат, со другиот уште еден, ама нога накај дома не ги влечи... Јас си ја сакам домата, си го сакам креветот, си сакам се поврзано со тоа. Домашарка типична, ма уживам во мојот простор и времето поминато таму па макар се трештела и во една точка од ѕидот. И де времето нека се одлучи веќе еднаш која сезона е, аман.
1. Се вадам од памет кога ќе отворам home-page на форумов и ќе наидам на тема во која последниот коментар го има RainBow. (Веднаш ме асоцира на тоа дека летале пердуви на темата и Виножитка поминала за да ја заклучи ) 2. Ми се допаѓа кога ќе се појави некој нов член кој колку-толку сериозно го сфаќа форумов и прво седнал и прочитал некои основни правила, а потоа се однесува коректно. 3. Ми се допаѓа што повеќето членови кои веќе подолго се на форумов се дисциплинирани и си ги знаат границите. 4. Но, коса ми се крева кога ќе видам дека некој штотуку се зачленил и за своите проблеми (затоа што најчесто се во множина), отвара ли отвара нови теми, а може своето мислење да го смести во некоја веќе постоечка. Денеска само за форумов сум сакала да се искажам изгледа, ама и без тоа има премногу теми, а јас не можам да трпам хаос и да замижувам пред ваквите постапки, а од друга страна ми е незгодно да изигрувам дежурен полицаец.
Од секогаш ме иритала непочитта спрема постарите лица. Значи од такт се вадам. Човек во години, возач, дур му плаќаше бабичката и испаднаа парите од рацете и се наведна жената да ги земе. Толку многу викаше и толку многу гримаси направи, да ти е мерак да му ја откорнеш таа фацата глупава! И ти еден ден ќе остареш, ало! Соземи се!
Никогаш како дете или тинејџер сеедно не сум имала идол од тип на славна пеачка, актерка или манекенка. Моите идоли за пример ги пронаоѓав во книгите кои ги читам. Често се случува додека читам книги да си препознаам одредени заеднички особини со ликот за кого се пишува и да се поисоветам со настаните што се опишани и тогаш сфаќам дека воопшто не е слабост да се исплачеш, да тагуваш и жалиш по нешто за кое си го изгубил, за нешто кое го посакуваш а не можеш да го имаш. Сфаќам дека сосем е нормално да имаш погрешни личности и лоши врски, нормално е да се впуштиш во потрага по ново работно место кое ќе биде подобро платено и да заминеш во сосем непознат град само да избегаш од лоши сеќавања и да си ја бараш среќата и мирот на друго место. Истотака нормално е сите да те напуштат, нормално е да останеш сам и да го допреш дното ...сето ова што се случува и си има своја причина. Не може вечно да се биде на дното, тоа е само еден лош период од животот кој порано или подоцна ќе помине и ќе дојдат убави денови. "Патот до она што навистина го сакаме често е полн со трње" е реченица која ми остави силен впечаток од книгава што ја читам. Се надевам и силно посакувам иако е ова трнлив пат по кој чекорам сепак ќе ме одведе до убавините на животот, кој знае можеби ќе стигнам до сето тоа што навистина го посакувам.
Сфаќам да си ја сакаш државата ама сликање со пушка и знаме нема никогаш да разберам, па колку и да сум либерална.
Зошто најдобрите и најсаканите личности заминуваат? Се зближуваш со некого и после одредено време сфаќаш дека сега се е поинаку, сфаќаш дека доколку личноста не е во твоја близина се чувствуваш како нешто да ти недостига и не се чувствуваш пријатно. Додека си во нивна околина, се чувствуваш среќно и радосно, исполнето, чувствуваш дека си вреден. По средбата се уште те држи чувството на задоволство и не можеш да ја отстраниш насмевката од лице, се е во ред. Меѓутоа, по нивното заминувањето навистина разбираш колку многу ти значеле, колку ли само вределе. Луѓето заминуваат, но спомените остануваат. Не дозволувајте сеќавањата за нив да избледнеат, да исчезнат, да останат закопани некаде длабоко, па дури и да останат заборавени. Cheers, за овојпат, па и наредниот.