Денес се разбудив некако немирно а сонцево...мх, не знаев дали ми е ладно или сакам да впијам по некое зраче... Онака, помешани чувства и се. Мензис и се е можно. Излегов, се наполнив во сонценце и се смрзнав....ама анкетиве ги направив! И онака мерачки поздачистив по дома, од облека прередување, садови миење, сортирање чисто/нечисто... Идам уште малце и веге ручече да спремам... Мерачки. Умеџувремену идам на брат ми да му ги ослободам креативните мисли со кафево в рака... Се гледаме дами!
Луѓето ги донесуваат заклучоците пребрзо. За сè е потребно време. Некој кој паѓа денес може да стане некој кој ќе се качува утре. Богат денес - утре сиромашен, сиромашен денес - богат утре. Не судете пребрзо. Дајте му на времето - време.
Сдк. Добар ден феминки станавте ? Јас сега станав и си го пијам првото кафенце... Напијте се и вие но нема да ви е прво
Еден ден ке ја ограбам целата библиотека и ке избегам во некоја колиба на планина и никогаш нема да се вратам. Не ме ни чекајте!
После она што го просведочив синоќа,односно начинот на кој моја другарка раскина 3 годишна врска за да отиде со друг,најозбилно почнав да ги разбирам машките што се однесуваат со женските како ѓубриња. Штета е што најчесто добрите девојки страдаат,ама на крај краишта од кај да знае чоекот кога некој ќе му забоди нож во срце и ќе го раскрши на милион парчиња? Инаку девојката го сакаше овој(барем така мислев),само избра друг кој и понуди се,освен љубов. А знаете што беше најболно? Дечкото само и рече „Ти посакувам се најубаво во животот и да бидеш најсреќна“. Е потоа се гледа колку човек испадна тој,а колку нечовек таа. Мене такво нешто да ми направат,ќе го отерам у бестрага,ќе го проколнам цел живот да го мачат Злобна и себична сум,ама гајле ми е. И не е ова мешање во туѓи животи,туку само објективно мислење како некои луѓе не заслужуваат некој да ги сака и да потроши толку скапоцено време со нив. Како продолжение,зошто толку многу парови се заедно без љубов? Стравот од осаменост,стравот дека нема да најдат подобар партнер,од дома ги тераат? Тоа ли е,жити се? Најозбилно,околу мене скоро сите се во врска,а ниедни не се заљубени,еве потпишувам тоа. Едните се од корист,другите од досада,третите додека не наиде подобра прилика. Па зар толку е тешко да си сингл во овој век,да си дозволиш на себеси да откриеш што всушност сакаш во животот и да најдеш личност што ги дели истите соништа? Можеби сум безнадежен романтик или барам нешто што не постои,еве не знам,просветлете ме. Страшно се разочарав во луѓето,дури повеќе отколку што бев...
На пијано ме запознал, страв му било на пијано друг да не ме запознае. А не знае дека и дрво пијана да сум, само него го зборам у друштво. Шо прајте бе људи?
"Не сум тренд на робовите и не ја следам модата, имам свој стил". Само што нејзиното не е стил, туку се вика да се нема поим од облекување. Црни лаковани балетанки и портокалови чорапи со виолетови пеперутки и зелени цвеќиња жена од 35 години, елеганција од поелегантните. И после ќе е Анџи и Демон, епа ќе е.
Ми се повраќа од некои муабети што ми ги прават луѓе. Му дале кола на 18 годишно детиште, сакал да излегува со неа. И нормално прашувам со кој памет, како не им е страв, и добив одговор дека имале врски во полиција, ништо немало да му биде. Ако доживее сообраќајка или убие некој по пат, врските нека ви ја чистат совеста.
Дефинитивно поголема будала од мене нема, до кога ќе им дозволувам да ми ја искорисуваат добрината до кога, ајде на кафе Маријана ајде ќе одиме кој ке части се знае Маријана, секогаш е тоа така јас кога ќе викнам (другарките) има една со која долго се дружам да дојде со мене друштво да ми прави негде да не одам сама уморна била, а ми се јавува истиот ден ако си дома да поминам а за тоа не си уморна. Значи се е од корист.Време е да се сменам
План Б,В... Не секогаш првичните планирања се одвиваат во посакувана насока. Само една мала ненајдена препрека на патот може да го успори времето во остварување на животните цели. Проширувањето на границите на разумот кон повеќе алтернативи ја отвора можноста секогаш да имаме резервна опција за да стигнеме до целта. Во ситуациите кога имаме тесна можност за избор, се покажува дека и "доброто" е подобро од подобрата варијанта.
Зашто не им одговара да бидеш тоа што се они спрема тебе. Додека зависиш од нив, вака ќе ти прават, а кога ќе се тргнеш и бидеш ладнокрвна за се тогаш ќе бидеш своја личност.
Си мислам да отидеме на кафе некогаш јас и другарките, нели дека секогаш Маријана части да речам јас немам пари частетеме вакви ќе останат .Ќе го послушам твојот совет
guess what happened ? I pop the question and she said yes, па така да од роденден очекувајте за брзо и друго поголемичко... И да се потруди и тоа многу повеќе околу ова ... Среќен нека ти е роденденот златичко, подобар поклон од ова мислам дека нема ...