Значи одамна ваков живот не сум живела. СТРЕС ФРИ. Добро, донекаде. Сите работи на исто место, избор за облека, колку сакаш. Не памтам последно кога сум можела лабаво да си одбирам кои чизми сакам да ги носам, а не кои ги имам на располагање во зависност на која дестинација сум. Па кога ми се собраа дупликати козметика, прибирано од пет страни, ехаааааа, ДМ може да ми позавиди. Животот со битија, подруги од најблиското семејство, па стварно многу компромиси сум правела. Аааааа ќе ми се уарни значи вака сама во соба, без да патам од туѓи мириси, ароми, рчења и слично. Па еве ќе си станам насабајле, не режим, не знам што е ова моево на исхрана, уште козја сурутка да си купам и можам гуру за исхрана да станам. Па јабкце, чајче за детокс, лажиче мед. Пишувам нешто германски, а ако не, џиткам стари работи со кои имам НУЛА емоционална поврзаност, вадам негативна енергија од просорот, во меѓувреме ручекот си се прави, строго нешто здраво, па собери една машина, спружи друга, ќе поминам една крпа да нема прашина, ќе збрчам со правосмукалка, ручекот готов, па ајде салата, па ајде да измијам... Па ај со детево домашно, малце ја стегнувам, убава она, измачена душа.... ово оно, па кафенце, па ете топличко уште, па се влечеме по улиците како флеки некои со некој друг јунак како мене. На крај ајде уште нешто ќе допишам, ќе потфатам нешто за интелектуални потреби, туш, па гледам некоја серија и кревет. И наредниот ден пак така. А не ми даваат овие дома бакшиш за сите услуги што ги нудам. Што правев до пред две недели, што правам сега. А уствари многу правам, по цел ден нема да седнам, ама кој и да ме праша, што правиш - ништо. Уште маж и дете ми фалат во идилава, а богами и свекрва за на раат да си ги пребројам гаќиве. Да поуживам оти сега вака малце раат, за многу брзо пак обврски, обврски, обврски.
Your mother is always with you. You mother lives inside your laughter... And she's crystallized in every teardrop. She is the place you come from - your first home. She is the map you follow ,with every step you take... She is your first love and your first heartbrake and nothing on Earth can separate you , not time , not space... Not even death...
Дојде време дома да имам повеќе грамофонски плочи отколку цедиња Се сеќавам дека порано многу пари фрлавме на албуми од наши и странски пејачи. Немавме интернет, немаше од каде да ги најдеме песните, па ако ти ја пуштеа песната на радио - жив среќен треба да бидеш Денес имам цели дискографии на компјутер, а цедиња пуштам само кога чистам низ дома. Е плочите се нешто друго, тие не ги давам, вредна колекција ми се Нив си ги слушам, некако не ми е тоа тоа кога ќе ги пуштам истите песни на YouTube. Го нема она крчкање на грамофонот, ја нема носталгијата, многу е поинаку. Денес правев чистка меѓу цедињата, се чудам што сè сме имале. Си викам, и онака не ни требаат, ќе ги носам утре на планина. Селектирав некои оригинални албуми што ми се драги, другите сите ќе одат во викендичката. Почнувајќи од Ноне, Ламбе и 4Play, преку Шакира, Џеј Ло и Еминем, па сè до латино, некои летни техно хитови и џез музика. Таман ќе се најдат за некоја журка на планина, да го испробаме појачалото без да мислиме на комшиите Само за латино ќе ни биде атмосферата
Уште не почнала онаа недела, а јас веќе закопана во тестови. Под онаа мислам недела пред крај на тромесечие/полугодие. Само напред!!!1 Можда и ќе бидам скроз одлична.
Престанаа дождовите но сеуште се чувствува влажно наоколу. На новите кондури, во душа... во погледите што лутаат во сите простори и димензии. Секој нешто бара... секој чека на нешто. Кој на плата, кој пензија чека. Некој чека резултати од анализи, а некој од спортска. Некој чека некого од туѓина да дојде.. а некој чека странски пасош. Некој чека бебче, а некој нова љубов. Некој чека на аеродром, а некој на автобуска. Некој чека на омилената серија, а некој на посебна порака на мобилен. Некој ги брои деновите до заминувањето од болничкиот кревет, некој на 2те цртки на тестот за бременост. Се на се... сечии очи копнеат по нешто. Сечие срце посакува нешто... И ако мислите дека вие сте единствените што сте во исчекување на предмет или човек и тоа ве прави несреќни или ве фрустрира тоа што таксито, автобусот или другарката на кои чекате ви доцнат, сетете се дека има луѓе кои единствено на што чекаат е утрешниот ден за да се заблагодарат што го преживеале денешниот... Се додека се имате едни со други, овде или таму... 50 км или 5000 милји разделени.. бидете среќни. А јас моментално чекам да се скува кафето на шпорет, затоа што претходното ми искипа. Имајте убав остаток од денот.
Она кога некој ќе те изнервира,а ти конечно си се расположил и си решил да не се замараш со другите, кога сакаш да се смениш како личност и некој ќе те изнервира и ќе ти го расипе денот. Мразам такви луѓе бе од дното на душава ги мразам
Од секогаш личностите шо ми значеле многу ги снемувало без поздрав, без да ми кажат зошто ќе си одат од мојот живот, без да ми кажат да не сум згрешила некаде. Прво мама, па една добра пријателка, може ја знаев 1 година, ама секогаш беше до мене и у добро и у лошо, после уште една добра пријателка,... Сега со тато не си правам муабет како порано шо си правевме... Каде грешам?! Едната другарка ја снема туку-така. Денеска се дружиме нонстоп, денеска ја снема. Ни трага ни глас од нејзе. Слушнав дека маќејата не ја сакала, ја испадила од дома, таа се вратила во село да живее кај баба и. Слушнав сакала да се самоубие. И го направила тоа. Кога ја нашле целата била помодрена, цела крвава... Слушнав дека после ја пратиле во болница, за малку ќе умрела. И од тогаш веќе немам никаква информација за неа. И мака ми е зашо секогаш лошо им се дешава на сите шо ми се мили. Којзнае каде е сега и што праве. Дали е тажна, дали нашла другарки, дали уште се самоповредува, шо и се случува сега? Немам ни број, ни можам да ја најдам на интернет. Колку имам да и кажувам само. Да ја изгушкам, да и бидам најголема поддршка, да ја насмеам,... Пак да си седнеме двете во мојата соба, да си правеме муабет за симпатиите, за проблемите, за глупостите шо сме ги правеле... Надевам се дека ќе ја видам уште еднаш, таква целата “завеана“, насмеана, со 300 глупости во нејзината глава, бунтовна, уште еднаш среќна да ја видам сакам само.
Која општа некултура низ градов Скопје! Кај се качува од задна врата, не чека да се симнам од автобус па дури и ме бутка! За на крај јас да кажам "извинете"...
Да ви кажам дека многу почитувам онака кога ќе видам елегантно и префинето облечена жена или девојка, небитно сакам да кажам генерално цел свет. Не судам, само искажувам мое гледиште на луѓето и префинетоста.. општо, ниту пак материјализирам, убава и елегантна жена може да се постигне со вешта креативност и вкус на играње со секое парче, дали било год скапо или ефтино. Општо сум забележала дека куп поефтини и солидни парчиња се толку штосни во секакви комбинации, наместо едно но троа скапо. Практикувам наместо едно да земам три, намаление попуст итд да комбинирам и експериментирам отколку да земам едно и да го тупам. А толку солидни бутици постојат на денешницава тоа чудо.. Сакав да кажам и дека утрото е прекрасно кога човек ќе се разбуди и знае дека има зацртано некоја цел, се лицка од глава до петици и оп тргнува со марамата и чанатата в раце. Ги сакам нажните и милите луѓе колку во душата толку и надворешно.. жената поседува посебен сјај кога е дотерана и средена - како права жена!
Бев преѓеска на козметичар и кога појдов три девојчина, а едно девојче беше пред мене, а другите две за друго беа и седнав да почекам. За тоа време што чекав некаде 10мин, мислев дека помина еден сат. Девојчето толку многу урлаше, не значи ако се познава со кометичарката дека цел салон треба во воздух да го крени. Зборуваше гласно т.е. викаше, зборуваше беобразно, мрдаше, па почна да игра со рацете, а козметичарката ја опомена да седи мирна да не ја мрдни. Почна да и вика на козметичарката да се занесува нешто. Она мене не ми личеше на мангуп или било што туку на едно невоспитано девојче, без култура. Ако таа мислеше дека е интересна или дека е некоја џекица, напротив изгледаше крајно некултурно, без домашно воспитување.
Аоо Аоо.. и денес сакам да кажам нешто .. жими се.. 1. Одиме вака 2.ОД што толку многу си ја сакам државава ептен сум добар критичар за нејзино добро. 3. Гледам вести на Канал 5 и прикажуваат дека ќе се гради нова фабрика у "Курцу Пилинцу", тоа приказот со багер уште во нивата се заблавил во трева овие кажуваат дека ќе се вработат 1000 луге. Не умри магаре до зелена трева 4. Сите во светов имале претседатели па ајде и ние .... жабата кренала ногата оти го вишла коњот.. 5. Според провладините медиуми: - Македонија е 12та земја во светот поволна за отварање нови бизниси. - Македонија е 6та земја во Евриопа по отворање на нови бизниси. - Македонија е 1ва земја во универзумот по сиромаштија, глад, невработеност и испрани умови <-- ова го излажав, не го кажуваат !! 6. Снежана и 7-те џуџиња.................. 8, Оваа точка како што не забележа е 8.. затоа што 7мицата ја потрошив за џуџињата .. 9 Хорхе не знае Англиски 2 збора да гукне од една страна а го цитира Benjamin Franklin од друга .. жими се, после ова и јас сакам да бидам претседател !!! 10. Ти оваа реченица ќе ја завршиш читајќи со зборот "збор". 11. Светски рекорд на згибови во женска категорија ПозЗ3³ ®
tatko mi e srce covek.na 60 godini uci kako da koristi kompjuter za da moze mene da me gleda na skajp.
И тотко ми е срце човек а и паметен истовремено. Он ја направил сестра ми за да не се мачи, a она да му ги средува работите околу компјутерот
Denes ja zemav prvata plata I kako sto e redot da vi se pofalam I da, odvoiv nesto I da ve pocestam Po edno skromno poklonce imase I za bliskite koi "se izraduvaa" koga se vrabotiv a ova e za site vas dragi moi sto me trpite tuka Nazdravje
tatko mi samo mene me napravil.pa zatoa mora da se maci i sam da si gi sreduva rabotite okolu kompjuterot.
Од типови на луѓе што ме нервираат, дно ми се вечни жртви. Ауууу колку не можам да ги поднесам, порадо би седела со патолошки лажго, отколку со некој што цеееело време има друг кривец за сопствените неуспеси. Па некоја тажна фаца константно направено, ако му дадеш критика изгледа како да ќе скокне од тераса, ако го пофалиш ма нееееееееееееее, можам јас и подобро. Па незнаење да се прифати негативен коментар, да мора да ги смислуваш зборовите за неговото височество да не биде повредено. А во обратна ситуација, не пази што ти кажува, а јас смотана, да не му биде непријатно глумам дека не сум навредена од очигледно навредливиот коментар. Абе да ги соберам сите на едно купче, и да им одржам курс за социјализација со луѓе. Па таа една друга категорија што само со такви се дружи, за да изгледа посилно во нивно присуство и да си го храни егото? Да не можам да се одлучам што е помизерно. Ама на возрасна личност, над 30 години да треба јас со страв да и зборувам, да не се расплаче, не знам кој е побудала. Дали тој или јас со внимателноста.
Тој денес ми рече дека кога е со мене се чувствува како дете.. А јас, се чувствувам среќна. Што го имам, што се имаме и што воопшто го запознав. Нема потреба никој да ми каже.. Знам и сама дека сум одлепила скроз на скроз. После некоја недела гледање, ме запроси со капаче од Златен Даб, иако ми рече дека "вистинското" запросување ќе биде со туфки хахаха. Јас од тогаш си имам зацртано во глава дека он ќе ми биде маж, секако фактот е пренесен на другарките, а од другарките ми е пренесено дека сум луда. Ама, шала на страна, со никој не сум се чувствувала толку.. At home. Мирно, убаво, едноставно. Со повеќето било нешто вештачко, наголемувано каде што малку што постои, исфорсирано. И баш јас тој тип на човек што мрази изјави од типот: "Леле срцушката моја најубава, највеќе си се сакаме, идниот маж мој хехех. " Изјави кои делуваат доста лигаво, а после триста објави на фб и слики заедно, утре раскинале. Јас ова го чувствувам искрено, надвор со него, кога го држам за рака, минус изјавиве, минус фб и инстаграм, само со чиста желба: "Би сакала да биде." Денес се изнасмеавме. Велам, никако со моите да ја продадеме куќата, да се преселиме овде. Ама нема врска, јас и онака ќе живеам овде. Ова педерски hints пуштање, да си знае малиот хахах. Па, тој после ми вели ќе си земеме стан, секој ден ќе се излежаваме, ти да не се мачиш да се преместуваш ќе те префрлувам од кревет на кревет. Па американски палачинки секое сабајле. Не бре, викам за 2 недели ќе ме избркаш, ни знам да готвам, ни знам да чистам.. Ама он ќе ме научел. Туку, ајде јас доста мелам пет саати, амаааа што да правам... Се чувствувам пак како на 13 кога се заљубив во тогашната симпатија. Разлетани пеперутки.
Можеби не сум сигурна во она што го сакам, ама точно знам што не сакам. Ќе си се водам по тој принцип. Ма не може мене негативни личности да ми расипат расположение и распоред да ми рушат. Како било, така и ќе остане. Немам време за нагли помени, не можам да размислувам на трезно. Ми фали љубов, ама не ја сакам на таков начин. Криво ми е што стално си правам некакви илузии за луѓето, а на крај испаѓаат нешто сосем спротивно од тоа што си мислел(посакувал) да се. Не е до мене, до сите други е. Јас правилно си постапувам, овој пат барем..