Значи колку сум благодарна за блиските личности во мојов живот нешто ненормално. Почнувајќи од мајка ми, абе колку и да се карам со женава после пола саат барам начин да и покажам колку ми значи и да можам светов би и го купила! Најстабилна личност во животов ми е. А пак друшките мои да ги видите, најдобрите луѓе на светов собрани на едно место. Без нив до мене којзнае кај ќе бев сега Да имаш близок до себе многу значело бе људи! Ах, повеќе од задоволна сум од животов. Офф топик: Јас мислам дека ако сите феминки во исто време земат да се помолат за да си фатам дечко, можда и ќе се случи некое чудо
Добро не ми е јасно само како ви успева со секоја личност да бидите добри, душички, мекушки? Гледаш некој се понаша себично, злобно, гледа само за себе, и вие повторно се понашате најљубезно со него.Каде ви е паметот? До мене ли е проблемот, лоша ли сум, злопамтило сум?Јас си се водам по старата изрека, памти па врати.И не, не можам да бидам со секој насмеана и кул,затоа и може не сум многу омилена меѓу другите..Абе оној што им мисли лошо на мене и на тие што ги сакам, абе има од душа да го мразам, и душата да му ја извадам.А не да му се лижам, ти се чини први пријатели сме. Искрено, моите нај другарки се вакви и на моменти ме нервираат и тоа многу.И на крај коа ќе им го кажам мојот став во врска со она, тие се во фазон демек, леле злопамтило колкаво си, але зошто си толку лоша.Јас цела прашалници после. И ќе се жалат кога ќе ги повредуваат, и ќе се жалат дека немало добри и благодарни луѓе, и ќе се жалат како тие биле добри а сите ги газеле.Е не женски, не сте добри, глупави сте.
Леле колку се согласувам не можам да ти опишам И јас не можам да ги разберам овие добри мирни лигави душички на коишто сите им одговараат,и со сите имаат теми на муабет и со сите се согласуваат и се е така фино , убаво, розевко. Не бе човек, ако не сме на иста бранова должина не мора и НЕ САКАМ да ти бидам најдобра другарка, да се сакаме , гушкаме, лигавиме, Луѓе бе, па барем пријателите ги бираме. Зошто да се приморувам себеси да се дружам со некој кој не ми одговара?Само за да ме сакаат? Да сум омилена или што? Како функционирате?
како може да ставате поени на оние со миленици а ние гревчињата да одеваме заради тоа? Професори сте ми биле ЦцЦц... не ми се верува се отепав од пишување за на крај да ми го изгубите тестот а сте ми го прегледале.. Катастрофа..преразочарана сум.....сакате да ве молат...газови да ви бришат и лижат е ја тоа не го правам...
Секој што носи во себе тоа и испушта,АКО носиш ѓубре во душата тоа и ќе пуштиш ако носиш цвекиња тоа ќе пуштиш.... П.С не се однесува на тебе лично
СДК ... чуда мали или средни па и големи се случуваат, само треба да верувате во себе, да се цените, сакате, да споделувате енергија, да давате несебично, да примате несебично, да имате желби ама искрени, да научите колку може по смирено да гледате на животот ... Да зрачите позитива и емоција. Никогаш нема да ве заобиколуваат убавите работи. Ам, да. И не го живејте животот во грч, туку опуштете се.
И ѓубре ќе пуштам за оној што заслужува.Подобро така, отколку да пуштам цвеќиња кај оние што не заслужуваат, и да ми биде возвратено со ѓубре и лошотија. ПС:Нема врска, уживај.
@julie77 кажуј како да не сме во грч! Јас вака нормално делувам, ама се осеќам ко у воена зона, снајпер под мишка, двоглед, панцир, на готовс стално Ако имаш рецепт, сподели го.
Секој понеделник се изненадувам од самата себе. Почнувам без никаков ентузијазам, особено ако сум одмарала и сум уживала преку викендот. Еј, колку ми е мака пак да се вратам на старата рутина. И некако чудесно тој став ми се менува веднаш штом ќе почнам да работам, па завршувам работа за два дена. Еве си се чудам како успеав да постигнам и си се тапкам по рамо. Е затоа надоместувам со квалитетна мрза во сабота. Кога ќе сфатам дека морам да работам во тој ден, спремна сум да плачам и да оставам се’... за недела. Ова го пишувам за наредниот понеделник да се потсетам дека можам.
Сдк, се чувствувам како во комедија и јас сум главната хероина. Тргнав на болница да видам другар ми, таман се качив на автобусот ми се јавува другиот другар со кој се чекав дека го пуштиле па да слезам на друга станица за да се најдиме и да одиме дома да го видиме, плус то роденден му беше. Ај океј презакажвам двете другарки да се качат во мојо бус, едната зафатена, другата грешно ме сфати и го свртив цел град на нозе, на високо зошто место - немаше. Полно беше со средношколци кои бегаа/одеа на школо. Таман се деси ова другаров ми се прејавува не смеј денес посета му се јавил на овој шо го посетвавме, ајде утре. Јас и торта купена, во автобус. Ајде пак прејавувај на др да бегат, тепај се со тел. Ојдов кај дечко ми поседавме ај ќе бегаме - 3 автобуси ни избегаја од пред нас па пеш од кај него кај мене ојдовме да не ми се расипи тортата да приберам... Пс само шо ми рече тато дека сум била како вампир во очите. Па сега да си легнам малце, имајте убав ден
Секогаш сме одговорни за своите постапки, без разлика дали нашиот чин бил случаен или намерен, дали спиеме или сме будни. Од успехот до неуспехот не дели само еден чекор. Од неуспехот до успехот не дели долг пат. Кога ќе препознате ситуација за молк ќе научите да возвратите со неочекуван одговор. Мудрите слушаат еден, а разбираат два. Ништо не одржувајте со подароци. Подарувајте без повод во моментот кога некој најмалку размислува да биде изненаден. И вие и другите никогаш нема да бидете гладни за љубов и за жедни за внимание.
Драга моја, ќе се трудиш, ќе перцепираш она што ти одговара, она што не ќе ставиш на мјут. И ќе се концентрираш на позитивни луѓе, позитивни ситуации, позитивни емоции. Најважно фокус на себе и својот живот и обавезно ќе си имаш издувни вентили, инаку пукна цевката.
Lapsus linguae nikoj nema ni da ti zabelezhi. Lapsus calami i smetaj se sebe za raspnat... nepismen i t.n.
Сите да си легнете да поспиете по еден саат и за мене, јас немам време ниту за едното, ниту за другото. Eдинствено паник алармот ми свети во глава 24/7.
Ми се бега.Во некоја друга реалност...Каде би имала храброст. Ми потскокнува срцето,а и раната ми се подотвора,секој пат...на душава. Нема поубаво од тоа, да го работиш тоа што го сакаш.Блазе ним. Можеби,некогаш.
Не се диши надвор, не се излегува, колку е гнасно и одвратно. Мразам кога е вакво, презагадено, нездраво, а никој со прст не мрднува да се подобри некако ситуацијата. Воздухот е болест, ништо повеќе не ни треба,
Уморот полека ме совладува... Издржливост и посветеност до крај, ама се си има граници...тврд орев сум и не се давам. Уште малку остана, правам пауза половина час па ќе довршам. Викендов неверојатно брз и динамичен. Гужви... Ми треба одмор. Но и работа. Сакам високи достигнувања и сатифакцијата што следи после нив. Се во свое време...