Има два типа на луѓе: едните кога се допишуваат после секоја реченица стискаат ентер, а другите пишуваат цел пасус и дури тогаш ентер.
Ти благодарам на убавите зборови ^-) Секогаш кога и колку и да ми е тешко, се помирувам со тоа дека надеж повеќе нема, но ко некој глас во себе да ми вели -"Не се откажувај, не се предавај, не ја губи надежта". Можеби во вакви моменти немам целосна, но дел од неа е со мене.
Ехххх Скопје мое ! Си станало една огромна гасна комора. Со реава надвор, имам чувство како во Аушвиц да живеам.
Ти да не помина за да се пофалиш дека си во Дубаи? Ова ќе да е зимскиот одмор Остави ја ти нашата елка, ќе ти заврши сонот па ќе се вратиш пак под неа.
Сабајлево пред да ми ѕвони телефонот, имав прилично чуден сон. Ми се јавуваат за некаква работа, интересна, а и добро платена. Ми даваат контакт телефон, а јас со пенкало го запишувам на левата рака. Доаѓам дома радосна за да им кажам на моите и тука веќе алармот ми го прекинува сонот. А што прво направив откако се разбудив? - Си ја погледнав левата рака Број немаше, ама ако се потрудам, прилично сум сигурна дека ќе ми текне како беше. Скопски број беше, само две цифри ми се мешаат, ама другите ги памтам. И сега ме копка, дали да се јавам Бар да видам дали е приватен број, или на некоја фирма Може serendipity е во прашање
У 4 те чекам на плоштад под нашата да одиме на афтруорк во Гнездо, ама вечер ќе искочиме во Кавали клуб, на список ме има.
Значи цел ден ти е пребукиран. Јеее мојата прва афтеруорк журка, до сега имав само афтеруорк кино. Ќе стигнеш после Гнездо до Кавали? Кога отиде таму кога фати врски за у кафиќите да те има на список.
Фамилијарен бизнис ни е Кавали. Ме чека џетот на плоштад, мислам на се, само ти спремни се. Додека одиме накај Кавали, имам пар муабети со тебе за грантови и субвенции.
И по не знам кој пат си докажав, дека секогаш кога помислувам дека треба да се откажам од нешто - тогаш успевам!
Во продавница, баба и мала внука си шеткаа, си гледаат новогодишни украси и играчки. Малата се врткаше околу скапи и големи кукли, а баба и и викаше друг пат ќе купиме (да, секако) Ама девојчето упорно, ко и секое мало дете кога ќе се напне за некое играче, пак и пак одеше околу куклата...и после некое време намерно на цел глас вика: Бабо, знајш што? Јас ако си имав внука сега оваа кукла ќе и ја купев и ич немаше да ми биде криво ако потрошам пари И сите околу нив што беа почнаа да се смејат, и бабата си се смееше и рече: Епа важи кога ќе си имаш внука купи и иста ваква кукла, и пак девојчето: Ама бабо, а нели и ти сакаш да и купиш на својата внука? Мене ми падна незгодно, а не на бабата... Не знам што се случи после, ваљда му купила нешто на девојчето после толку молење Инаку драги родители, не чекајте да се донесе одлуча за продолжен распуст, туку едноставно не ги пуштајте децата во школо...Скопје најзагаден град во Европа, браво Барем малите поштедете ги, нека си седат во топло и на сигурно дома, и носете ги почесто на чист воздух што подалеку од Скопје. И за крај, честит Божиќ на сите што слават Многу здравје, љубов и среќа....
ПРШУТА и СЕКС!!! Откако го имам вашето внимание, би сакал да споделам една констатација. Вие девојчиња, девојки и жени, сте неверојатни и тоа во позитивна смисла. На форумов има таков неверојатен коктел од емоции, акции и зборови, чудесно. Како топло-ладно во МКЦ, како Кокта лимета, како вкусот од бадеми и виски. Измешано, ама прекрасно. Мислам на тоа што ги гледам овие предновогодишни помагања и весели муабети на Лилит, Абеја и Чка, на позитивните постови на Бриџит... естроген преку плафон, а јас седам тука со кантичка адреналин, намрштени веѓи и барам соодветен начин како да ја изругам некоја си црна дама и нејзините шест другарки од 7-б одделение да престанат да замараат во темава. Нема начин, знам. Сакам и да ви посакам овие празници да ви поминат богато во секоја смисла. Ненадејно да најдете сто евра во двор, сосема дејно да најдете љубов во семејството, да уживате во сармата, ама да има и пршута, нормално. Со дечковците да направите совршенство во нивната кантичка адреналин каде ќе дозирате сосема доволно од естрогенот и огнометот на плоштад да биде играчка во споредба со оној во вашата спална соба. Или кујна, или кола или каде и да се погоди моментот на честитање. Имајте убавв викенд и убави празници.
Се чувствувам како риба која долго време се мачела на суво, па конечно скокнала во вода и почнала да дише. Со други зборови: завршив со училиште. Немав време за ништо овој месец. Конечно ке можам да се вратам во светот на книгите, кој ми многу недостасуваше. Всушност, има многу активности за кои не бев слободна и сакам да надокнадам за распустов. Но, прво ке ја отспијам една, бидејќи fifty shades of grey under my eyes кажува колку сум спиела периодов.
Кој ме тераше да пишувам во темата по што ќе ја паметам оваа година. Ми разбуди неубави чувства во мене и се присетив на некои тажни моменти. "Big boys cry when their hearts are breaking"
Денеска денот ми беше прекрасен.Целиот ден го поминав, со мојата мила внука.Со мојата срека,што ме прави толку многу срекна.Се гордеам што ја имам.
Пет дена пред Нова ме фатија крајниците,ниту да јадеш ниту да пиеш. Незнам кога последен пат ме болеле пред години и години,никогаш не ми правеле проблем ниту ми се извадени. И сега наеднаш ме фатија,како боли крајник ауф. И покрај тоа сепак излегов се шеткав и на крај ме изненадија со пакетче. Еве ме во кревет прашањето е ќе заспијам ли? Толку многу ми се спиеше накај дома кога се враќав и сега легната,топла и не ми се спие.