Им викам дома, многу се улежав, ќе си купам јаже за скокање, малце да се раздвижам да намалам некој кг. скоро ништо не правам по цел ден.И татко ми после некој час, од друга соба ми ја праќа сликава, и вика: така ли ке вежбаш ? и му викам тато абе оваа го мрзи нозете да ги помести, вика па и тебе те мрзи, исто ќе вежбаш ко овој
Деновиве ме мава некоја чудна позитивна енергија не сакам да замине, баш е одличен периодов, нека трае долго, тоа го посакувам. Минатото е зад мене, тоа е тоа за кое се борев, да чекорам напред.
Денеска зајдисонцето беше црвено после долго време, тоа значи дека некаде ќе се пролее крв. Многу девојки ќе ја изгубат невиноста.
"Немој да играш со оган, ќе се изгориш." Е како да не играш кога веќе превише уживаш во играта? Како? Останува да гориш...
СДК... Кога не знаете што да правите најдобро е да не правите ништо отколку да правите нешто што не ве води никаде. Таму каде што сакате да бидете ќе стигнете кога ќе означи часовникот. А до тогаш... будете се со утрото, ракувајте се со денот и верувајте во невозможното како возможно остварливо во име на вашето сончево расположение.
Преку глава од луѓе што се мешаат у туѓа работа. Преку глава од осудувачки погледи затоа што си поразличен од нив. Преку глава од глупи прашања поставени повеќе за навреда отколку за помош или заинтересираност. Преку глава од себични луѓе кои штетат на другите само за да се издигнат тие самите. Зар можно е да постои толкава омраза меѓу луѓето? Зар е можно да сретнеш човек меѓу милијарди луѓе?
Свртив нов лист. Ја избркав негативната енергија и лажните пријатели во мојот живот. Колку е само убаво кога ќе се ослободиш од тие личности кои си ги сметал како СЕ во животот, како нешто што е свето, а на крај испаднале сосем спротивното. Почнав да дишам асално. Насмевката повторно се врати на моето лице и овој пат, ќе ја имам на лицето цело време.
ПМС е она кога цел ден го држиш телефонот при рака и очекуваш да ти се јави/пише и на крај кога он КОНЕЧНО ќе го направи тоа, го тераш у ку*aц.
СДК ... луѓево никако да сфатат дека врските се за да се врзеш но не и да се обврзеш. Слободата и почитта кон неа се најважни, за да секој однос биде вистински и исполнет.
Незнам што постигнуваат овие луѓе што ме адд од лажни профили . И тоа апла се гледа дека се лажни. А се си мислам дека само една личност стои во тие профили. -.-
Се чувствувам празно, како бездна...се уморив од чекање, кога и самата сум свесна дека ништо нема да се случи. Сега прашањето е дали да ја отворам темата или да си премолчам и да се повлечам. Премногу се давав себе си, целата моја душа сервирана на чинија, ја делеа, ја јадеа, на парчиња ја раскинуваа, а јас молчев, не изустив збор...бев занемена... Им завидувам на тие што научиле како повеќе да се сакаат себе си и своите чувства ги ставаат во прв план. Јас никогаш таа лекција не ја научив...
А со животов до кај сум... Удолница веќе голем период... Кочи, кочи, нејќе... си тера тоа, никако светлина да видам или барем височинка, рид... Ако случајно се опуштам, мислам дека веднаш срцев или мозочен удар ќе добијам од толку стрес што сум собрала на грбот... Знам дека сум грешела, па сега веројатно си ги плаќам грешките, ама аман бре, ќе видам ли бел ден...
Сакам да имам некој до мене сега моментално што можам да го гушнам и да плачам, да плачам и да плачам, без да ме прашува што ми е, и без да ми зборува нешто. Едноставно тишина ми треба, и една прегратка, друго ништо. Не сакам никој ни памет да ми соли, ни да ми се прави паметен, ни да ми кажува нешто...абе ништо. Па тој некој може да биде и плишано играче, нема ни да ми зборува нешто, ни да ме прашува
Интересна работа се мирисите. Си пеглам нешто по дома и ме допира оној мирис на допир на пегла од материјал, ама специфичен, само на некои видови материјал се создава. Обично завеси и чаршави. Ме врати во детството. Мајка ми пегла завеси, лето, прилично топло, отворени сите прозори, јас пресреќна што дента сум ги земала петките од прво одделение. Ја мести завесата во мојата соба и ме бубнува за добра ноќ. Кој би рекол дека ваков смешен мирис може да зачува љубов.