Очите ми се затвараат,нема ништо што може да ги отвори! Но,ова малото,не сакаше да нана и тоа ти е.Кој рано рани-две среќи граби,или многу му се спиеее......
Сдк дека веќе немам желба т.е мотивација за ништо Дали поради тоа што направив одлука, со која сега се каам....или пак од тоа што потајно се плашам дека таа одлука е исправна, но нема да успеам да ја реализирам Не знам како и дали ќе го пребродам ова, дали ќе ми дојде повторно желба за живот....но моментално сум крш. Седам во место и сама на себе си мрчам ...
СДК 1: Ми се чини дека ако некогаш не тестираат сите колеги на факултет, јас ќе добијам безплатна терапија. СДК 2: Колку сум среќна кога гледам сонце , абе се радвам како дете пред сладолед. Дечко ми ме гледа дека секој ден сум исклучена безразлика каде и се наоѓам и ме прашува шо ми е, а буквално му велам не знам. И не знам. Грдото време не ми дозволва да се насмеам.
За мене понеделник е денеска. Од денеска ми почнува работната недела. Вчера акав по продавници со мајче, купи ова, купи она. Ај ако не ме мрзи вечер ќе се пофалам што сум купила Туку сега ми текна, петокот бев на стоматолог и насмеана влегов, насмеана излегов. Сите идеа со скислени фаци, препотени од страв. Стоматологот ми вика арно сите да беа ко тебе вака насмеани да идат и да се смеат цело време. Многу си го сакам, ептен позитивна личност е Имајте убав ден женски
Пошо ми рекоа дека подобра сум кога мрчам, да мрчнам за денес може? Кој им е маркетинг менаџер на Септолете да се јави одма?! Мислам да влезе во аналите на маркетингот, бог кој ги обединил сите видови на маркетинг во едно и шлап еден ПР текст... у случај да не видите сите!!! Ова е оној момент - висока амбиција без способност и креативност. Само личноста ја погодиле, убава замислам, прелоша реализација.
Женско ко женско - синоним за емотивност ти е тоа.Плаче за се и сешто,па и ја сум таква.Се сврзувам премногу со лличности кои се интересни,дружељубиви,личности кои знаеш дека ти фалат ако не ги гледаш често.Ај сеа оди па оддели се засекогаш.Па ќе плачам секој ден кога ќе ми текне. Ама тоа е секој си го гледа својот пат и си прави се за подобар живот.Од една страна и сум среќна. Имајте убав Вторник
Во голема дилема сум дали да си го учам детето на правите или на "правите" вредности . Како полесно ќе преживее во овој изопачен свет?? Дали ако е нормална ќе биде сметана за ненормална, оти нели нормалните се веќе дел од малцинството, а се' што е мнозинство е нормално ?? Тешко е да бидеш родител, а уште потешко е да си дете на денешно време . За жал...
Не е хумано и човечно пред трудница секој ден по цел ден да збориш за храна и не е убаво секој ден да зимаш пици,хамбургери,тостови и најразлични салати и чуда и да лижеш прсти пред неа и цело време да испушташ крици мх,мх ко да си ретардиран а притоа трудницата да гледа дека за инает го правиш тоа.Кој болен ум треба да го имаш,незнам.И не,не е убаво во преполн автобус да не и станеш на трудница да седне и покрај тоа па да седиш и да и пукаш сеир и да и се смееш и да коментираш дека може да стои и дека никој не ја терал да носи дете у стомак. Култура и човечност за извоз...
Сакам да кажам два три збора за тоа што ме изнервира денес.. Влегуваат во автобус двајца прилично млади момци, купија карти, почнаа да го прашуваат возачот каде да се симнат, после 5 станици им текна да прашаат дали билетот требало да се поништи...И тоа и не е толку трагично, туку возачот ги прашува - од кај сте дечки? Овие уште две станици се чудеа што ги прашал!!! После тоа сконтаа изгледа и му викаат - ааа од дека сме? Од Паланка ама во Скопје студираме. Ми идеше да им скокнам и да ги задавам, да ги закопам 100 метри под земја и да заборавам кај се.. Добро бе мочковци, македонски јазик ли не разбирате? Како на кинески да ги прашаа. Ееејјј до каде стигна младинава, живее во Македонија ама македонски не зборува.. И утре тој ќе биде менаџер, доктор, професор... Го допревме дното..
Не сакам кога пред некоја битна работа и битна цел што сакам да ја постигнам, ќе ме утешат со: Ај бе што му се секираш, можеш само да добиеш, и онака ништо не губиш ако не успееш. Actually, не е баш така. Ја губам шансата, а некогаш таа шанса не доаѓа толку лесно. Тоа е како да дошле вашите 5 минути, а вие да не сте ги искористиле како што треба и да не сте дале максимум од себе. Не дека ова ми е one in a lifetime opportunity, ама битно ми е и не можам да спијам на тоа уво дека „немам што да изгубам“. Сакам да направам сè што е во моја можност, да се вложам целосно и да го реализирам мојот дел. А понатаму, има работи кои не зависат од мене. Туку ај, вторнички денес ќе си дозволам ненаместен кревет... нешто што се случува два-три пати годишно. Го пуштам кафематот и Jamiroquai на јутуб, малку да го ослободам денов од толку тензија и напнатост
Знаеш ли колку пати сум дошла во ситуација да си го поставам прашањево? Како да се постапи,на што да го научиш?Да биде добар и чесен и да пати или од друга страна да биде суров и снаодлив.Во време кога системот на вредности е целосно искривен,да тешко е. Како повеќе растат,така и дилемата ќе ти биде поголема. Ќе ги учиме на вистински вредности кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Сакам (одамна) да кажам - верзија не знам која. Седам сама. Парализирана сум. Часовникот чука, знам дека пристигнува бродолом. Да пушев уште цигари, сега е вистинскиот црно бел момент да запалам една. И да продолжам да седам, да водам љубов со тишината. Иако знам дека ништо нема да се роди. Јалови сме, некомпатибилни. Како да сакам да го пречекам крајот, со саркастичен лик, никогаш да не му покажам дека се плашам. Спремно неспремна. Намерно неспремна. Да не покажам дека се грижам, дека сум мека, дека туѓите зборови всушност успеваат да ме обликуваат, разобликуваат. И во тие неколку математички пресметани мигови, јас за последен пат почнувам да верувам во чуда... иако никогаш не ми се случило ниту едно чудо. Дали вам ви се случило? Или ќе ми речете - чудата се лудости од детството... кои можеби требаше да ги оставам таму. Сакам многу повеќе мигови како овој. Да седам, да пишувам, да се обликувам према вашите желби, да ја гасам вашата жед да прочитате и восприемите нечија душа, романтична, загината, залутана во времето... Сакам да го гледам снегот како го размрдува едноличниот пејзаж што ме досадува секое утро. Дали Вие сакате? Или на светот не му требаат повеќе вакви непоправливи сонувачи како мене? Не знам дали животот е емоции, околина, луѓето околу тебе, природа, дрвото кај што водевме љубов како клинци спознавајќи ги нашите души... но денес животот ми е прашање: дали во еден дом треба да има полици со книги? Затоа што моите книги не се тука... знаете, моите книги нема да се тука... Падни снегу побрзо, олади ја мојата душа, затоа што колку и да се преправам, таа жари, жежи, искри, фрла лава и ме скаменува од внатре, додека моето лице прави напори да продолжи да ги мами сите околу мене дека грчот на моето лице е всушност насмевка... ______________ Сакам да кажам (ама се плашам) Дали по секоја цена вреди да се брка одамна потиснат сон? Сто пати го убив, сто пати воскреснува... се раѓа како црв. Само не знам дали пробува да излезе од мене и да замине кај некој друг... или нема да ме остави додека не ме изеде цела од внатре... Всушност... што е еден црв, во една душа, на една Земја, .... прашина или универзум?
Денес на школо цел ден рокаа некоја си турбофолк песна Пара-парадокс. Им реков дека ќе го честам оној што знае што е тоа парадокс. Никој не знаеше.
Чувствувам врнежи во главата. И вриежи. Најинтересно, она што го работам, строго мора да биде минимализам! Значи клиентите не знаат со кого си имаат работа. Едноставното е надвладеана сложеност. Замисли ти треба толку спремање и дремење пред плакар за да сврзиш две-три бои на себе, е така ми е. Само што уште покомплицирано. Направи ми го тоа, тоа и тоа, ама да изгледа clean и minimal. Да, и flat беше зборот што се бара. Да, и пишувам. Значи сосема други грмежи, сосема друго невреме паралелно од ова другото, ко за во Латинска Америка временската прогноза да ја слушам. Мисли на овој проект, мисли на тој есеј и тоа ти текнува нешто генијално кога се миеш заби или кога одиш по улица. Затоа, стикери, зашто ќе заборавам. Мислам целата сум излепена во стикери. А, вечер да се облечам во стикери, може? Знам дека не е минималистички, ама, еве ќе се потрдудам да не е толку авангардно. Ми недостигате, овие денови на омилените феминки ќе им ги вртам мислења и приказните, колку да не пропуштам нешто. Еве, песна што ме смирува колку-толку.
Сакам да кажам дека се повеќе и повеќе го сваќам и разбирам значењето на зборот, жени го и дели го ( се мисли настрана од тато и мама).
Ви текнува на оние денови од месецот кога сакате да скршите нешто пред да се скршите себеси на сто парчиња? Е, тие. ПМС никогаш не ме дрмал појако. Цела недела со симптоми. Мислам дека почнав да пишувам десетина постови на различни теми низ форумов, ниту еден не испратив. Да, сите беа мрчаторски. Сите ме нервиравте. Ми требаше огромна сила да се воздржам да не викам на рандом луѓе по улица. Од каде излезе ова беснило од мене, појма немам. После плачев на книга, плачев на филм, плачев од некои сцени од детството што ми се мотаа низ глава. Плачев кога се потсетив на палачинките на баба ми и на книгите од дедо ми. Ми излезе херпес. Е ако де, секој месец излегува - знаеш дека кожата ти полудува тогаш. Ама не бе, овој пат реши да се прошири на половина образ. Херпес. НА ОБРАЗ!!! Уште да почнев да пцујам, и трансформацијата ќе беше комплетна. И ете, сега си седам мирна ко бубаче после цела недела, со заматен ум под дејство на кетоналчето. Ако случајно ме снема, да знаете дека си останав засекогаш од тој тип на мрчаторки на кои се’ живо им смета, па се контролирам да не пренесувам негативна енергија тука. Доста им е на кутриве души околу мене што ме трпат. Хормони.
И повторно отруле кученце во комшии, спроти мене живеат, само што наполни една година...Ќе пишам повеќе некој друг пат, сега ќе кажам само дека се срамам што сум дел од овој гнасен човечки род и да им се врати дупло повеќе!
Не знам од каде да почнам.. Лошо ми е. Немам никој, сама на себе останав само. Ми беше роденден пред два дена инаку... мислев дека на некоја другарка од толку премногу дружења ќе и текне... ама не беше така за жал. На никој апсолутно на никој не му текнало. Си помислив ајде има време може ќе ми пишат порака, ќе ми се јават или нешто слично без разлика што студираме на различни факултети... ама не. Па толку ли да го заборават роденденот на некој што ти бил до вчера другарка која секогаш двоев време да и помогнам. Јас за разлика од нив кога нив им беше роденден ги броев деновите, бев среќна им приредував изненадувања, се радував како за мене нешто да купувам и направам, макар да било едно чоколатце кое сум изврзала машничка и картичка напишана од мене. Имав една која многу се дружевме од мали... нејзе кога и беше и се јавив да и честитам и пеев хепи брдеј и замислете што ми вели: Ок, добро, фала. Со нејзе не се дружиме повеќе. Ги гледам, овие што ми се прават другарки излезени секој ден на кафе, а јас кога ќе ги викнев да се договориме наоѓале изговори „Како имале за учење испитна да поминало, другата немала пари, трета требало специјална покана, некоја дечкото не ја пуштал... За забави ич да не правиме муабет... Како не на таква музика ќе одам јас.. леле таму не излегуваме ние. Истото и за на кафе да седниме ги вртеа муабетите, во тоа кафуле не седам, не сме за таму ова она.. Лошо период сум поминала, а ќе речеш во најубавите години сум. Па да земам сама да си излегувам на жива музика, кино, театар, онака сум често научена да патувам сама ( на тоа ми се чуделе како сум можела така сама да патувам со воз). Си можам. За среќа одамна ја немам... и не сум среќна. Ама не дозволувам вакви нешта да ме притресуваат и не не’ се решава ништо со плачење, така на денот на роденденот си бев онака мех. Само плачам кога се ќе ми се собере се, за да си ја олеснам душата. Осамена сум, немам кого да гушнам, на кого да се потпрам... * Не е постов за да ме сожалите, едоставно ми фалеше некаде да си ги искажам некои чувства, не сум и песимистички настроена*