Нешто не ме фаќа сон .. Деновиве ме покорила некоја емотивност па на нејзините крилца прелетав на момент до бившите љубови , филмски и очајни состаноци , промашени пенали .. Одвоивме време и за една " стара гитара " , рака на срце и познат рефрен ...Една пролет ... Носталгија ... Прашање без одговор .. Дали сме вистински среќни? Дали нашите бивши љубови се навистина среќни или пак сите ние користиме некои "мали" трикови за да ја прикриеме реалноста ... Да покажеме дека сме силни , дека сме преболеле ... дека сме продолжиле напред....
38 часа будна со хипотироида енд стил гоинг... Зборувајте ми како многу работите за време на викенди. Ова више не ми се свиѓа ама ич.
Гледан губам надеж, но тука се овие клипчиња да ме вратат во живот. Да не заборавиме : Со нови сили утре. Позз
Секогаш слушам дека некој на некој му фрлил црна магија. Зошто никој не фрла бела магија? Да станеш на сабаје и да речеш, Денес некој ми фрлил бела магија. Spoiler: Само над 18 Под бела магија не мислам на семен.
Зошто децата можат најпрво да се скараат, а потоа повторно да си играат заедно?!? Затоа што им е радоста поважна од гордоста.
СДК...колешките на работа ме критикуваат, многу сум ги тинтрала учителките на малечката. За Ноова Година поклончиња, сега за 8-ми март пак....демек, лошо сум ги учела, кога ќе сум одела таму во раце ќе ме гледале. Како да не купам ништо за жените кои во име на моето малечко прават честитка за мене за 8-ми март ??? Дали има нешто поскапоцено од таа честитка ?? Дали можам да се оддолжам на ,,тетките,, кои го хранат и пресоблекуваат...кои го успиваат моето малечко место мене ?
Ми се смачи веќе, не сакам ни минута да поминам без него, најискрено го посакувм тоа и во моментите кога сум среќна, а и кога мислам дека светот ми се срушил. Сакам да делам со него тага и среќа. Сакам секоја ден да се будам со него, скришно да станам 15 минути порано и да му приготвам кафе, да му го направам денот прекрасен а мене ми е доволно да го погледнам во тие црни очи кои ме гледаат со толку многу сјај. Тој невин поглед, кој ме носе далеку во неговата душа, допирам во него и по незнам кој пат докажува дека ме сака. Само со еден поглед искажува се. Тој ми е најголемата подршка во мојот живот и сакам за цел живот да биде така. Понекогаш се плашам од среќата која ја чувствувам во мене, да не ми ја зеде некој оваа среќа, да не го изгубам, далечината да не си го направи своето. Но љубовта ме прави силна, ми ја враќа и последната надеж, невозможното го праве возможно бидејќи ако има љубов се е возможно. И двајцата секоја ден се будиме со желбата да живееме заедно ... И само ќе кажам уште малку љубов, ќе изджиме се заедно
Рефи, мoе мислење е декa тoa им е рaбoтa и зa тoa се плaтени. Не требa уoпште дa се oсеќaш ни блaгoдaрнa ни дoлжнa зa негaтa кoјa му јa пружaaт нa мaлoтo. Акo нoсиме пoклoни нa сите кoи умешнo ќе ни јa зaвршaт рaбoтaтa нa шaлтер, aкo ни се нaсмевнaт нa кaсa, aкo не услужaт вo бутик, ни препишaт терaпијa нa лекaр... сме зaвршиле рaбoтa. Тoa штo нaс системoв ни е срaње и кoгa ќе јa дoбиеме пoтребнaтa услугa кaкo штo требa, ни е чуднo и не терa дa се oсеќaме пoчестени е другa рaбoтa. Јaс не би дa тинтрaм учителки и негoвaтелки, зaштo штo aкo еден ден се нaучaт дa бидaт тинтрaни и вo спрoтивнo дa oдбивaaт дa бидaт професионални? Sorry, јaс тукa сум вo тимoт нa кoлешките Твoјa М,
Mислам дека е заради интерес. Знам од мало, со еден порано што се друшевме имаше многу згодна мајка. Објасни ми како можеш да му се лутиш на таков човек?!
Почитувам штом ми укажувате, и јас некогаш мислев така дури и јас критикував. Сум размислувала под оваа точка. Можеби и грижата на совест ме тера така да се однесувам. Да бидам искрена во почеток и љубоморна бев што некоја жена МОРА го прави тоа што јас како мајка САКАМ да го правам (а неможам, бидејќи на работа одам за пари, нели, а без нив тешко се опстанува). Во секој случај ми треба по некогаш вака туѓо мислење, пошто колешките не ми се за верба многу
Имав тиња утро и седнав да си поплачам, немам поим од каде и како, ама ете ми се смачи и го достигнав врвот на овој пост ПМС период - ако воопшто постои нешто такво. Додека си липкав нежничко со усни кораво свиени , ми се појави така ко од Бога пратен (иако порадо би ко од мајка роден, ама ај, тоа е друга тема на муабет ) и ме прашува што ми е, целиот испаничен. И како да му објасниш што е што во случајов ?! Некои болки навистина не се опишуваат со никакви зборови, едноставно треба мирно да си ги одболуваш со тек на време. Добра сум eве, ме однесе во Силбо на дневна доза ѓевреци ( ) додека трае паузава и еве не знам, се фалам, спамирам и изгледам ко будала занесена во телефонот додека го чекам да ми го донесе јадењето.
СДК...врз основа на постовите можам да отворам календарче која кога треба да добие... Која кога е во ПМС Па ќе Ве потсетувам ако Ви доцни
Мене ми заврши пред три дена, штиклирај таму и не се ориентирај по исказиве во иднина (барем за мене) - секогаш сум обратнопропорционална со хормоните. </3
Ако некоја не се јави дека е во ПМС, одма се префрлам во ,,труднички муабети,, да ја пријавам дека е трудна