Веќе не се препознавам ни самата ја. Се прашувам, каде замина таа Ајрон која имаше мотивација за животов, која носеше правилни одлуки, која чувствуваше некоја емоција ( дали среќа, дали тага). Сега сум буквално "се ми е рамно". Ништо не ме интересира...ниту ми е гајле. Носам неправилни одлуки, чувствава и емоцииве некако избледуваат.... Не знам што ќе правам, како да се опоравам... Ми фали старата "ја"
Имам пишувано еднаш на оваа тема, ама морам пак. Добро бе, сите вие што крадете туѓи слики и ги претставувате како ваши, не ви е ни малце глупо? Зарем не мислите дека е малку патетично да преземете туѓа слика, момент од ТУЃО секојдневие? Момент во кој што личност што не ја ни познавате уживалa во нештото кое вие го претставувате како ваше?! Што да ви кажам, можете да украдете милион слики, но на крајот од денот ќе си останете мизерна и патетична личност што "презела" моменти на уживање од оној кој првенствено ја направил таа фотографија. И не бидете прости, со еден клик се дознава украдена слика, кога веќе крадете барем бидете информирани и запознаети со тоа како функционира интернетот. Поздрав, мизерни луѓе.
Брзо минуваат годините дефинитивно.Како вчер да беше кога дознава дека сум бремена и кога споделив со моите најмили дека сум бремена и дека повторно ќе станам мајка.Уште поголема среќа беше и кога дознав дека ќе имам две среќиќчки одеднаш-близначки добро се сеќевам кога одев на преглед и кога ѓи гледав тие две мали точки кои растеа во мене.Се сеќевам и на моите најубави момент во животот кога го слушнав првиот плач на нив две,кога прваат ѓи прегрнав,кога првпат ѓи доев.Тие мали точки всушност веќе не се мали точки веќе растат,почнуваат да се оформуваат во личности,почнуват да се учат на своите грешки,лека полека бегаат од гнездото и се учат на животот да тие мали точки т.е тие мои најголеми среќи( заедно со нивниот поголем брат и заедо со оваа уште едно мало точкиче кое го носам во себе) веќе растат. Поминаа точно седум години од кога повторно станав мајка и ѓи видов најубавите бебиња со нивните најубави очиња.Денес е нивниот најсреќен ден -нивниот роденден нека се здрави и живи и нека продолжат да бидат најдобрите ќерки. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛЕПОТИЦИ МОИ
СДК дека невероватно е колку некои луѓе кои во животот лицето не ти го виделе,освен неколку писмени пораки разменети можат да те проценат многу повеќе и од тебе самиот а уште повеќе од другите кои цел живот те слушаат гледаат ...
Убаво е чуството кога знае човек дека не е сам, кога има вистински и невистински пријатели и роднини околу себе си што го бараат а уште поубаво е кога еден човек учи и сваќа дека светот каде што живееме сите ние е уште поубав кога човек ќе се насмее и ќе направи два реда муабет, ќе помогне и ќе даде подршка тогаш кога е потребно, кога човек е социјализиран и умее со народот да им врачи дел од харизмата што ја поседува во него, кога пред се неговата култура за однос према социјализацијата е на високо ниво и кога умееш и умеат скоро сите да те поздрават низ улица кога чекориш низ обврски и прошетки. Малку се таквите што не судат и што најпрвен гледаат за себе си и умеат да сватат дека секој човек си знае на сам себе што си прави со животот и како му е во душата, не етикетираат и не се служат со ефтини муабети на маса што закоравуваат до срж. Многупати уживам во друштвото на одредени луѓе што на прв план им се харизмата и духовитоста во себе си за асален и лајт муабет отколку да ме напнуваат со Стојна и Рајна што правеле и што ќе направат во животот. Честопати умееме и да излеземе најнакрај повредени и разочарани, но важната поента што со тек на самите години и набилданото искуство зад себе си ја учиме е пред се да се научиме паметно да игнорираме се зад себе си што не повредува и истовремено не учи на лекциите низ животот. Да дадеме и да одземеме онаму каде што и колку што е потребно и да научиме мудро и паметно да се сносиме со луѓето и нивниот однос во секоја дадена ситуација. Колку повеќе човек е реален и не очекува толку повеќе истиот е цврст пред животот и живите суштества наоколу, колку повеќе се градиш и стоиш на цврсти нозе толку повеќе си стабилен, цврст и недопирлив во соодносот кон целокупното општество. Крај краева сите си го сркаме она што сме си го направиле за ручек нели?!
Да се самоцитирам , јас се јавив и те како приметил дека ме нема ама инает и тој да не ми сметал во работата не вртел , абе ајде ! Која лисица е ха ! Толку од мојата истрајност мислев дека подолго ќе издржам ама душа не ми дава , ех бре ќе се самопрогласам за ПМС биполарна
СДК дека се чудам на закониве во државава за 15 коприви 150 евра казна. Епа размислив и видов дека не е само ова нелогично туку има уште мнооооогу. На пример цигарите се дозволени кога сакаш и од кај сакаш да ги купиш, немора да имаш 18 години, а докажано е дека се штетни по здравјето. Од друга страна алкохолот за кои има докази дека умерено пиење на вино е добро за кардиоваскуларниот систем може да го земеш на места кои имаат дозвола за тоа, па и мора до 19 часот. За лекови во аптека ќе ти бараат рецепти извештаи, картички и што ли уште не, а ти го зимаш лекот пошто мораш а не зошто сакаш. И уште една интересна работа демек со лековите ќе сме се отруеле. Ако на некој му е дојдено да си го одземе животот сигурно нема да дреме кај матичен 2 саати па по аптеки да иде да зима лекови па да се труе. Во секое продавниче се продава солна киселина, ем побрзо ем поефтино. Или ќе излезе на пешачки во било кој дел од Скопјево и некој совесен возач ќе го собере со 120. Ако има некој што ја разбира логикава во нашиве закони ве молам да ми ја објасните.
Каде се изгуби добриот дух на луѓето? Порано можеше со сите да се разговара,пријатели колку сакаш,играње на улица,добра музика,добри филмови,некако луѓето беа помеки,поотворени.Што се случи со сето ова? Луѓето како да го изгубија доброто во себе.Станавме површни,нешто како робови на модерниот свет.Заборавивме дека луѓето се на прво место,предметите на второ,а не обрано.Темпото на животот се смени сите брзаме некаде,никој не обрнува внимание на фактот дека овој момент утре ќе го нема.Кругот на пријатели ни е сведен на мал број луѓе,најчесто пријатели од корист.Ниту по улиците не се комуницира онака како порано,нема ни многу луѓе а уште помалку деца.Во последниве 6-7 години се затворивме во себе,најдобар пријател ни е фејсбук.Се прашувам што се случи за да се загуби сето убаво и добро во луѓето.Ако вака продолжиме на “вистинската насока“ сме.Нашите поколенја најверојатно ќе ги претвориме во роботи.И полека,полека сите ќе се гушиме во носталгијата за подобриот живот.Ни преостанува само да се надеваме на подобро утре и да се потрудиме животот да го направиме онаков каков што беше.
Она кога ја пушташ песната од почеток само затоа што не си почнал да ја пееш од самиот почеток. Особено кога ќе ти разбуди спомени, па си правиш некоја ретроспекција и како изгубен шеташ по тротоар, што е случај со мене. Си се насмеав и потоа следеше едно силно вдишување, па низ ноздриве ми влезе некој убав мирис на штотуку расцветани дрвја. И така фино застанав под дрво со лицето свртено кон небо и мирисав ко лудак, не знам што помислија луѓето околу мене, ама баш и не ме интересира, убаво ми беше. Календарски уште не е пролет, ама ме задоволува само времево што е вакво, особено кога сум цела во црно. Ајде, поздрав. Вдиши пролет, издиши ароматизиран јаглерод диоксид.
Влегува тип и гледа Victoria's Secret производи и ми се врти и ми вика: - Ова лубриканти се??? Дали добро слушнав и викам: -Mолaм?? -Лубриканти знаеш што се??? Дали имате??? Требаше да му продадам VS некој производ од кај ќе знаеше дека не е лубрикант
Си направив листа што треба да направам во рок од 3 месеци. Се надевам дека ќе исполнам барем пола од листата.
Март, март маааарт. Месецот кој ми ја исполнува душава. Кога погледнав во лаптопот и дека видов дека пишува Март, почнав да скокам како мало дете. Роденденот ми е во Март, и тоа баш на денот на пролетта, на баба ми најсакана и е роденден, на дедо ми исто така, цвеќињата цутат, мирисот... За мене нешто магично!
Покачување на платата со над 1000 ден...ништо не ми значат...повеќе се радував на тие 200-300ден.на кои сите заедно се радувавме одколку на овие без тебе