Денеска по 100000 пат добив потврда дека поговорката "Волкот е дебел во вратот зошто сам си ги врши работите" е жива вистина во секојдневието... Пријателчиња мои довчерашни...знаете дека волкот нема пријатели? Не е лошо да го имате тоа на ум кога ќе посакате да ја притиснете зелената слушалка покрај моето име во вашите телефони...
Ах каков одговор си добив и покрај тоа што бев само на прашања и желби. Суптилности...ќе ти го покажат патот. Благодарам многу. Надвор може 10 степени е, ама во душава ми е лето. 38 степени бичез, сега ќе си напраам коктел.
СДК... Нашиот менталитет е убедливо сведоштво кое континуирано се потврдува низ призмата на случувањата дека мнозинството не присуствувале на часот по приватност. Чест на исклучоците кои добро ја научиле лекцијата и не ја пречекоруваат забранетата линија.
Не знам зошто секој пат кога некој ќе каже за нешто или некој дека не му се допаѓа задолжително е хејтер, љубоморен/на, без осет, па дури и му стигнуваат коментари од типот: ,,ццц каде ќе ти оди душата", ,,go get a life" и слично.Океј, хејтањето му доаѓа како умерена, симпатична форма на ,, мразење,, ама па зарем не може нешто да не ми се допаѓа, а да немам толку силни чувства против него. И потоа, секој имал право на свој став. Пуфф...
Каде е најбезбедно да живееме /каде ќе биде најбезбедно да живееме --дефинтивно никаде..Зошто невиниот народ да загинува ...Што уште не чека ,какви напади ,експлозии и незнам веќе што ...еве вака доаѓа крајот на светот...
Душата ми се кине. Зошто мојата среќа, „да е несреќа“ за моите најблиски? Зошто животот е толку НЕфер?
Нема некои многу комплицирани правила за да живееш живот за кој со сигурно знаеш дека има цел. Едноставно е. Грижи се за себе. Грижи се за луѓето околу тебе. Не оставај никој на цедило. Грижи се за животните. Ете.
Знаете зошто ми е топло? Топло ми е дека не спиев, работев до повраќање заедно со прекрасни мајки со дете со даунов синдром и мајка на детенце со аутизам и решивме да будиме. Заедно со уште три храбри жени Елена Фиданска, Верица Пиперевска, Иванна Хаџиевска. Јас поискрена и поубава љубов покрај онаа на ќерка ми немам почувствувано. Ми се создадоа нови светови. Прочитајте бар малку на линкот, а деновиве ќе објавиме и дата за изложбата во Скопје која ќе се случува.Побогата сум за неколку симпатии и многу другари и другарки! <3 http://telegraf.mk/aktuelno/makedon...-da-gi-prifati-decata-so-posebni-potrebi.nspx
Денот кога треба да одам да се пријавам во заводот за вработување не ми се станува од кревет, буквално. Денеска беше тој ден. Се стегнав, заминав. Стигнав. Хаосот кој ме пречекува секој пат кога одам таму, го затекнав и денеска. Празни канцеларии, музика ечи, кафиња по масите... Ајде се најде еден чичко да се удостои да ме заведе. Ти со што си пријавена? -ми вели. Со високо - му велам. Бараш ли работа? Почнувам да станувам нервозна. Барам! - му велам. А што бараш, чекаш за со високо? Па најди нешто за со средно во меѓувреме, работи нешто. Уште понервозна сум. Што да најдам? Во конфекција му велам? (имаме па и многу конфекции, 2!) Па и во конфекција ако треба! - ми возвраќа душебрижникот. И конфекциите се веќе партизирани - му возвратив, а внатре веќе вриев! Јас не мислам така девојче! - продолжува да биде дрзок. Јас мислам и знам! - му возвратив, си грабнав картончето и излетав низ врата. Криво ми е што не го изрендав како што заслужуваше простакот, многу ми е криво! Нашле па зашле, прават лежи лебу да те јадам, па и памет ќе ми соли и ќе ми кажува што и како да работам! Прост народ, ''силна'' држава! Оваа фраза е како створена за проклетијава наша. Сигурно им сметам во процентот, ја наголемувам невработеноста, а они ПОЛНИ мерки за намалување на истата!
Следна постојка Бардовци. Користењето на електронските картички е задолжително. Контролорите на ЈСП Скопје имаат право да ги идентификуваат патниците согласно законот. Влезот во автобусот е исклучиво од предна врата. Замсили да патуваш над 13 станици и да го слушаш овој иритирачки писклив глас напамет сум научила и дури и од сон да ме станеш ќе знам... Инаку дур си чекав автобус ми дојде некоја стара жена за да ми гледала на дланка. И реков не сакам, таа пак упорно ми се напнува и почна да ми зборува: На некој црн, висок дечко му го имаш повредено срцето и некоја женска личност од неговото семејство ти има направено магија за да не се заљубиш вистински во никого, туку пак кај него да се вратиш... СИте гледаат во мене, тоа врне, скриени еден до друг, таа зборува јас и викам престани, не ме интересира...таа пак ми вика ама ете и ти сама знаеш дека е вистина, ете чувствувам дека е вистина, знам јас. Дај ми пари и ќе ти кажам како да се спасиш од таа магија, и повеќе детали да ти покажам. И таман двајца млади полицајци поминуваа, и викам ако не се тргнеш од мене ете ќе викнам по полицајците дека ме вознемируваш...си замина и ми вика ова е за твое добро ама како сакаш... Инаку да, постои црн висок дечко ама...не знам ај, ме засмили малку колку сигурно ми кажуваше...кај ме наоѓаат се такви личности бе? Магии, глупости, бели чорапи, црни гаќи... После неа уште 3ца други рандом личности ме прашаа кој број на автобус каде одел...не знам дали толку личев ко да сум вработена во јсп или само имам фина фаца
Мислам дека скоро секогаш грешам кога создавам мислење слушајќи ја само едната страна. И тоа е така зашто баш таа страна е онаа наметливата, полна аргументи зошто треба да и' веруваш, да ја жалиш...И најчесто е кривата. Вчера сфатив дека да, говедо си ако родителите плачат поради тебе. И ако тука се заврши реченицата. Но, ако истите тие родители не се грижеле за ниедна твоја пролеана солза поради нив, за ниеден твој проблем, како да се однесуваш со нив како кон луѓе? Мене не ми е јасно како може да чекаат да навршиш осумнаесет за да им плаќаш сметки, не ми е јасно како можат да ти речат - Оди сине, од денес ти ќе ни го береш гајлето. Како може да те тераат да работиш се' и сешто, без еднаш да те прашаат како си, како ти е здравјето, да одиш во искинато, да не те образоваат, да не ти дадат совет? Како може единствен муабет да е за плаќање сметки, додека тие уживаат? Јас не разбирам, зашто колку и да немале моите, еднаш не ми рекле "не", штеделе на себе, за да имаме јас и сестра ми, не јаделе со изговор дека не се гладни, ме терале да одам на екскурзија и да ја искористам секоја можност за шетање низ светот. Дали некогаш размислиле со какви комплекси израснало нивното дете, ненаучено на љубов, задоволувајќи се со малку, како му било додека гледало како другарите имаат возачка, кола, внимание и грижа родителска, поддршка? Како ли му било во животот да се пробива сам, а еднаш да не го прашаат како е? Дали си гладен, дали нозе те болат зашто цел ден стоиш, дали некако можеме да помогнеме да си го средиш животот, а ние да не сме ти товар? Да имаш родители што ќе те цицаат како пијавици, да плачеш додека одиш на работа, да мислиш дека не си вреден и важен за никој, да се исмејуваат со тебе зашто нема кој да те подучи....какви ли се тоа трауми за едно дете? Ако моето дете нема основни услови за живот, ако дојде ред за мажачка/женачка, дали се вика- епа сине, со среќа нека ти е, земи си едно кредитче!?Абе моите ако треба на земја ќе спијат, за јас да спијам на кревет, ќе гледаат од било што да заработат за да имам и јас, а нема да седат и да кукаат дека ете се нема, толку ни било пишано, толку ни се можностите и не знам ти што. Мојот татко одел во искинато во време кога навистина се немало, пешачел со километри за да стигне до школо, ги враќал парите дадени од баба ми за да купи нови кондури и сето тоа му дало мотив да створи повеќе за неговите деца да не поминат низ истото. И некои си таму паразити ќе му кажуваат како толку можеле, таква им била судбината. Татко ми и ден денес штеди за кога ќе се одвоиме, мисли дали ќе имаме каде да живееме, крати од својата уста и ниеднаш не се пожалил. Можеби не знае да разговара, затворен е, делува ладно, но буквално ништо не ни било скратено или забрането. Толку сум револтирана и зачудена какви луѓе себеси се нарекуваат родители...
Се разбудивме сите заедно мила моја Силата на 6 жени е неизмерна за 2ипол недели да поместат и планина
Ми се јавува повторно после 5 минути и ми вика имав сообраќајка. Ме штрекна. Помислив дека би можела да го изгубам. И ми се стемни. Не сакам никогаш да го изгубам. И така. Уште сум во шок. Најбитно добро е, се друго ќе се среди. Добра ноќ мили луѓенца. И внимавајте како возите, мислете на најблиските.