СДК дека сум среќна што во Мај сум на свадба и што брачеда ми ќе се мажи. Преѓе бевме да ги земат поканите со зет ми и после тоа фамилијарно на ручек во ресторанот каде што ќе биде веселбата. Има дел за свадбата да биде надвор и нормално како што објаснуваше вработениот одеднаш дојде едно прекрасно кученце ( мешавина од лабрадор и боксер веројатно) и почна да се вртка околу нас. Овој вработениот почна со клоци да го брка и на крај го фати за врат и го однесе позади. После ручекот јас и зет ми бевме да го видиме, во присуство на вработениот. Се доближи во куќичката од каде кучето не сакаше да излезе. Некако успеа да го одврзе и си замина. Кучето стоеше меѓу нас и ги имаше најтажните очиња на цел свет. Му шепнав на зет ми дека сигурно го тепаат. Тој само ми кимна со главата. Го погаливме и со грижа на совеста го оставивме. Како може некои луѓе своите фрустрации да ги лечат на животни ?!
Она што останува неколку слоеви во нас, постанало тајно и владетелско, е зборот. Наше внатрешно гласче, длабока меморија. Или пак, нечиј збор, нечиј шепот... А ние, војсководци на зборот, во бекство, сопствено. Да сме си на чисто со себеси. Како и во чевлите, па нанагоре и во ноктите, образот... Во континуитет.
Пред неколку години почина син на многу блиски пријатели на мајка ми и татко ми. Пред месец и некој ден почина вториот син на истите. Не знам ни каква утеха да кажам, не знам ни дали смеам да го спомнам, боли што не можам да им помогнам. Што се кажува после загуба на две деца? И срце ми се кине кога јас си доаѓам дома после еден месец на факултет, цела фамилија ме чека, сите се радосни, ама тие двајцата се во исто време и среќни и со солзи во очите бидејќи колку и да го чекаат нивниот син не доаѓа од никаде и никогаш...
На моменти ми доаѓа да отфрлам се и да заминам некаде далеку од сите што ме повредуваат.Но ајде си викам ќе помине се,ќе си дојде на свое место. Мора сите да платат за својата грешка,дали покасно или порано,мора да се соочат со последиците. Добра ноќ !
Зошто бе луѓе сакате да наштетите на некој нешто, да навредувате, да се мешате кај шо не ви е местото ЗОШТО ??
Дојде летно сметање на времето, а јас уште го немам изедено новогодишното пакетче Нешто не е во ред со мене.
Си смислив имиња за моите деца (оддалечени светлосни години од зачнување ). 2 женсκи и 2 машκи. Не ми е во план да бидам глувчица, но за сеκој случај...
Значи овај дечко ми дури не ме изнервира не можи. Како бре тоа на 24 да се однесува ко на 14. Срамота. Ама јас имам поќе инает. Нема веќе игри и попуштање. Преку глава ми дојде одамна. Или ќе се научи да се однесува како ВОЗРАСЕН МАЖ или упм нека фати. Ако сакав детенце ќе си фатев некој од 18. Барем очекувано однесувањето ќе му беше.
Те крева,те треска од земја,морници те лазат,срцето ти препукнува од убавини,те смирува,расплакува,врескаш од среќа,да среќа.Ми се протнува до најмалиот атом. Едноставно,музика.
Не смееме да дозволиме ниту минатото ниту иднината да ни ја уништат среќата од сегашноста ! Гледањето назад во минатото и планирањето за ден потоа во иднината само прават да се чуствуваме лошо и да се грижиме што ќе биде, а среќата е сега во овој момент затоа да го искористиме секој момент најдобро што знаеме и да живееме во сегашноста.
Сакам да кажам,ова малтретирање со часовникот два пати во годината,ништо не му значи на времето.Гајле му е на времето кој и како го мери.Времето си постои и тече.Некои го убиваат,на некои им фали,некои го губат...а тоа без разлика како го мериме час напред или назад има моќ да не надживее нас кои се трудиме да го скротиме и контролираме иако сме свесни дека такво нешто е невозможно.
Sekogas sum mrazela "kukavici" koi nemozat da kazat vo lice se sto im lezi i te izbegnuvaat..Ne e fer jas da sum iskrena , a drugata strana da molci . Ne e fer jas da gradam,a drugata strana kontinuirano da rushi.
Сакам да кажам дека ... 1. Дали само јас јадам палента без да ја гризам ? 2. На начинот на кој што сакам да живеам нема да преживеам 3. Додека ја читаш 3тава точка обрни внимание на твојата положба во која седиш. Фиксирај ако има неправилности, ако сега не боли, може во иднина ќе .. 4. Подобро е сега ? 5. Многу сакам кога нашите познати пејачи пеат заедно, како на пример за преизборен партиски спот. 8. Во дискотека едно пиво 0.33л го даваат 100-120 денари. Да можат абе ќе произведад шише 0.12л ќе го продаваат 150 денари. 8. Нема да посвветам ниту една точка за политичарите. 8. Imam zabelezano deka mislenjata na temava sto se napisani na latinica se pomalku rejtuvani od mislenjata na kirilica. Каде е логиката ?!? 9. Напишав три точки по реден број 8. Што би рекле Американците, Whoa, that's Amazing !!!! 10. Ова е мој втор обид да напишам на тепава. Прееска специјално пуштив компјутер да напишам нешто, имав инспирација и таман дојдов тука ми спласна. Па ова е вака 2 обид може малце вештачки инспирирано. 11. Што да се прави, битно да се живее.................... или како ќе се изживее ?!? хаха ПозЗ3³ ®
Колку убаво и сплотено се чуствувам викендов. Сакам да кажам дека секој си има лоши периоди, периоди полни со многу обврски, работа, променливо време што резултира со замор и монотоност проткаена со спиење, јадење, работа и вежбање. Знаете, она кога механички ги извршувате тековните активности... Не ги сакам таквите периоди, не верувам дека постои некој кој воопшто на некој начин ги милува но мора да ги има... Кога не би биле тие животот би бил совршен и здодевен. Изминативе две недели просто посакував да застанам, да грабнам кит кет и да хибернирам. И конечно викендов се наспав, се изнауживав во пролетта. Ги сакам викендите кога можам да се пофалам дека се сум стигнала, дека сум одморена, полна со позитивни расположенија. Кафиња и муабети со драги другарки и другари, настани, сонце... И денес неделно кафе па ручек со најмилите... Се чуствувам навистина пријатно во сопствената кожа... Сакам да ги споделам чуствата, да сакам, љубам, гушкам! Пролет луѓенца!!!
Си слушнав муабет во Ве-Це вчера вечер. Да, да за мене. Се поздравив со една познаничка еднаш, два пати имам излезено со нејзиното друштво. Таа безобразно почна со поусул да и кажува на една девојка( најверојатно другарка) за мене. Со кого сум одела и чиј брат е тој. Девојчето ја прашува која година е родена и замислете ја кажа 1991 и месецот.Боже, немам зборови А, да почнев јас да и кажувам дека таа му се пушта на газдата од кафичот? Женет со дете? И ги зборува како таа е млада 25 колку нас а тој 35. Ох, Прилепе мој напатен. ПП- Прилепски Простотилак А мене мува не ме лази си терам по свое Шубидуби Ду
@zhap4e нај секси нешто шо може да го има жена е интелигенција (т.е. ако не изгледа / мириса offensive) претпоставувам дека си околу 40год шо ме тера да се чудам уште толку од кај знаеш таквија рабоќе (освен ако потајно си маж...тоа ке објасни мн)
33 имам child, по женско од ова што сум...не можеше да бидам. Јас радо би била 1.000 годишен старец, не старица...оти,нели битно е како се осеќаш. Налетувам на секакви луѓе.. френдзонирам и дознавам. Кој одбива да каже, google ретко лаже. Трагови луѓе оставаат тук-таме. А, да..треба њух да се има за ствари