Многу мразам луѓе што не си ги одржуваат ветувањата.И поради тоа се се менува и смешува.А и да не ветат,што и да кажат јас памтам.Ете таква сум до збор се ќе запаметам и после како да очекувам нешто.ЦЦЦ сама сум си крива епа да.
Дали има некој што успеал да заврши работа од прв пат во било која државна институција, а притоа да не оди преку врски, со мито и такви работи.
Ми пиша и една медицинско лице од форумов со некои предлози, ама џабе, во тие што ми се блиску нема, тие што се далеку не се исплати до таму да возам во гужвава. А и некои доктори ми пишаа на фб и твитер, дека квотите се потрошени.
Малите работи ме прават најсреќна а јас денеска рипам од среќа како мало детенце бидејќи го добив најубавиот подарок на цел свет од мојата мајка.Мајко моја ти благодарам за све не би можела без тебе,што и да кажам и да направам е малце за тебе но само едно знам дека ке те чувам и гледам како очите мои.Единствена си среќо моја.Животот би го дала за тебе, ништо повеќе несакам само биди ми жива и здрава ти тоа мие доволно.Те сакам највеќе
http://makfax.com.mk/crna-hronika/otisla-na-gosti-i-pocinala Дали се нормални со статииве? Ај насловот... ама почетокот - една жена била на гости...
„Една жена, била на гости кај пријатели во Скопје, но ненадејно, ноќеска околу полноќ починала.“ Тоа се тие ударни вести, тоа е тоа истражувачко новинарство...
Ја читам темата со твитовите и наидувам на оној: "Да бидеш верна на едно машко те прави дама" и ми текна на девицата со петката кај свекрвата, а после ми текна на Дана @danichap со нејзините коментари Увек nailed it со што и да кажеш
Сакам да кажам се испразнив, исфрлив се од себе, разговарав, искрено и чесно. Се исплакав и одам од ново. Можеби не од ново, новото ме плаши некако. Од подобро да кажеме. Исфрлив негативни мисли и чуства, она што ми пречеше. И веројатно ќе бидам ок. Уште ме боли душата ама имам верба. И не е се онака како што изгледа.
Си наоѓа маани на себе, а јас гледам совршенство. Чудно како поинаку може да те гледаат луѓето што те сакаат, од тоа како сам се гледаш.
Денес се успав за на работа па заборавив за си ги земам житариците од виталија за на работа. Као демек здрав живот. Нс работа имавме доста за средување и работање... дојдов дома и одма ми се јави мајка ми дека е Скопје и сака да пиеме кафе. Заминав со неа на кафенце, потоа дојде кај мене...јадевме, порачав пица и си заминаа.. Се искапив и си ја вратив енергијата. сега малце да одморам и да излезам со љубовта.
Добро, по материјални работи ќе губиме нерви? Има болни луѓе кои копнеат да го имат твоето здравје, сиромашни кои се би дале да го имаат твоето штотуку излитано парче облека и твојот вчерашен ручек. Свесен си колку си среќен? И ај кажи ми, дали овој еден живот кој го имаш на располагање ќе го трошиш да се нервираш и себе си и другите околу тебе со непотребни глупости?! Толку имам да кажам.