Какви чудни суштества сме. Еднаш вкоренет тригер, засекогаш вкоренет тригер. Ова хелихоптериве над глава одма не враќаат во времето на 2001 и стравот во коски.
Апатични денови расположени за молчење. Нанижани како стар, неизносен ѓердан од бисери ја декорираат релноста. Сончевите зраци таинствено го галат телото на ѕидовите од тивката просторија. Индиферентно ги гледам во нивната убавина и ја губам концентрацијата на подот од плановите. Наликуваат на обележана страница од недочитана содржина со мирис на пурпурно утро. Лавина од остри зборови ја крши приказната и создава ситен прав од прашалници врз мислите. Насмевки успиени во крошната на душата, а не ги чувствувам за свои. Ми се смее за нешта како некогаш... и сега.... Овој пат немам зошто...
Расположение - нула. Самодоверба - едвај ѕирка. Катастрофа ден. Едно нешто ми расипа расположение премногу. Плаќам и се траќам. Чувствувам дека ништо не ми оди. Лошо ми е и се гушам у сопствени солзи. Едвај некоја позитивна мислам имам во памет, едвај. Да ти се намочам, се е скапано. Ништо не ми оди деновиве да му се плукнам. Плаќам уште и не ми се сопира, не сакам. Се трудам ама идат и вакви денови кога се ти е за нигде, ама баш за нигде. И се што сакаш е да исчезнеш од државава. Да одиш некаде далеку. Доста ми е од исти фаци секој ден. Да си одам, да си одам, сакам да си одам !
Кога ти годи вниманието, ама конкретно личноста, сама, како таква, сеедно ти е, и бидејќи лесно е да манипулираш со чувствата, за доброто на сите, ја прекинуваш играта. Yup, I need благо, по можност рафаело и по можност една Пиња Колада. Доста со можностите, убаво е времето денес
Она кога ќе отвориш неколку заостанати страници од фемина инстаграм/поинаков фемина инстаграм/фемина готвач...
60% од пациентите не се појавиле во "Мој термин". -Ќе се казнат пациентите. 27 доктори редовно каснеле на прегледот. -Ќе се казнат лекарите. … Чекај, чекај …Не ми е јасно. Кога требаше да го прогласиме системот како Неуспешен? Сигурно кога ќе нема живи пациенти. Ах оваа моја луда земја.
Уште поодамна имав коменитрано на јт на песната од Кипар дека многу ми се допадна за Евровизија и до добив следниот коментар: Абе неможам и неможам да сфатам омраза по било која основа. И онака денот денес можи сончев ама цел на паника и нервоза ми е тргнат, ПМС припомага во тоа додуша, уште вакви коментари да добивам. Да, се си земам здраво за готово. Планирам да си прилегнам малце, некако смачено ми е од се. Ако не ќе проработам малце со моливот и онака имам малку време. Оф. Се надевам вие имате поубав ден, релаксиран, без проблеми па нешто како ова горе да ви е cherry on the top.
Полека полека све си доага на свое место све што сакав добив,сите работи ми се средија,и сакам да кажам дека ептен сум среќна,и радосна.
Сo oглед нa тoa штo имaм приличнo еднoличнo секојдневие, мнoгу сум среќнa штo земенo вo целoст, вooпштo немaм дoсaден живoт. , Вaшa М,
Секогаш сакав срцепарателни раскази. Сакав да ги пишувам. Денес, кога срцево ми се пара, сакам само да зборувам.... Но не можам... Затоа пак ќе пишувам. Ќе пишувам за мојот дедичко... Кога имав пет, на балконот ни посла за спиење, а пред тоа ни ги покажуваше ѕвездите. Јас бев најмалото врескало. Братучедите знаеја, затоа ме плашеа, како да не ми беа доволни чудните летни звуци. Јас леев крокодилски солзи, а тој на полноќ ме враќаше дома. Ме носеше на своите рамена. Уште еднаш ме носеше на рамена. Тогаш се качив на врвот на јаболкницата. Дете како дете- лакомо... Си ги сакав најубавите и најрумени јаболка од врвот. Неговата јаболкница беше најубава. Беше како него- посебна. Ми постави перниче меѓу големите гранки, за да не се качувам погоре. Убаво ми беше таму горе. Не сакав да слезам. Си се восхитував на розевиот божур што цутеше пред јаболкницата, а пеев и песни, но не се сеќавам кои... Не успеав да го прашам дали тој ги памети. Ме бодат ножеви во градиве, само болат повеќе од сувото стебло пченка, кога ја игравме нашата ,,специјална криенка" во капулињата. Капулињата си ги сакав најмногу. Постојано го прашував кога ќе ги направи. Не знам зошто, но никогаш не ми беше страв да се кријам во нивната темнина. Можеби зашто знаев дека тој е тука, ќе ме боцне и заедно ќе си се смееме. Пак сум во капуле дедичко... Нешто ме боцка, но не си ти... Твоето отсуство ме боцка. Сакам да знаеш дека пак не ми е страв. Ќе се сеќавам на венчињата од камилица што ми ги правеше секогаш кога ќе пијам чај. Ќе се сеќавам на твоите војнички приказни. Првпат ми ги раскажуваше во лозјето, дури јадевме диви јагоди. Тогаш првпат ги вкусив. Првпат слушнав и за подобран. Ти кажав дека уште сакам да скокам со подобран. Знам и дека знаеш- ќе скокнам... Не е шега. Јас секогаш ќе бидам твојата Ива- ДИВА. Сакам само да ти кажам да бидеш спокоен. Убаво ме научи дека ветувањата се исполнуваат. Не бегам од нив. Ти ветувам!!! Последен пат ти го праќам нашиот поздрав: Мммму дедичко!
СДК... Сакам убавоооо да се изнаспијам и за чудо уште само едаш да се видам себе во тоа старо-износените тренерки за по дома со грицки и благичко крај мене како си уживам гледајќи зимско(летно)рекреативна програма додека чкрткам во работната тетратка за домашни работи исцртувајќи ја со дрвени боички убавината на зимата/пролетта/летото/есента кое и да беше на тема годишно време. Кое чувство на слобода,уживанција во живеење на посакуваното препуштен сам на себе.Ух убави времиња.
Сакам да кажам дека ..... На денешен ден пред една година се зачленив на форумов. По повод 1-виот роденден го пишувам ова мислење. Некој ме знае повеќе, не кој ме знае помалку ама никој не ме знае доволно. Се изначитавте глупости и смешки од моја страна а и јас се изнаслушав коментари од ваша. Взнаемно сме си размениле информации па така незабележително прошла и првата година. Се сеќавам на мотивот кој ме натера да го креирам мојот профил и идејата за името "Читател" за кој погледод во последниве 365 дена ми се промени. Во последниве 4 дена под моја свесност ми се случија доста просветлувања на што се чувствувам прекрасно и си викам зарен роденденов требаше да е денеска ? Како и да е, можеби за истата причина која дојдов тука сега ми стои како причина да си заминам. хаха Ама нема потреба да си заминам, ни вие губите ни јас ниту вие добивате а за мене тоа е релативно. Торта немам затоа што сум мал, (1 година) да зборувам и пишувам знам и ако ова не беше виртуелно сега ќе ме даваа на вести за дете гениј подарено од бог или ќе измислеа теорија дека сум се реинкарнирал па знам нешто од античка доба. ПозЗ3³ ® и се најдобро
Никој не е совршен И критичарите има за што да ги критикуваат И научниците се научници во една област,ама не и во СЕ И врвните доктори се ,,тапа,, по математика И најубавиот маж има бело влакно И најсовршениот пар има скриен проблем И најбогатиот има сиромашно катче во душата Токму група од несовршености прави една целина. Да не се оптеретуваме секојдневно и да не се стремиме кон совршенство. Тоа е само мисловен глагол