Знаете она кога си ја градите долго време сопствената среќа и природата како да прави заговор и ви ја уништува за само еден миг. Периодов само ми се случуваат лоши работи кои малце по малце ме уништуваат. Се трудам да имам насмевка на моето лице, ама душата ми плаче. Сакам да заспијам и да помине се, а кога ќе се разбудам повторно да бидам среќна. Не се откажувам лесно секогаш се борам до крај, но не можам повеќе се изморив. Ништо не ми е потребно, сакам само моите најблиски да се до мене здрави и живи нема ништо повредно од тоа.
@macka91 Баш кога е најтешко, тогаш највеќе запни. Доброто во лошото е што и тоа има свој крај. Don't worry Инаку, СДК Се надевам дека денот е официјално завршен бидејќи уште некој да ми излезе пред очи со неговата паразитска глупавост, гарантирам дека тој ќе го извлече подебелиот крај.
И што дека времето е преубо, и дека е пролет? Што кога цел ден го поминувам на една клупа, во задушлива училница со неквалитетни прозорци ради кои се печиме како ракови?Што кога сум приморана да седам од 1 до 7ипол да слушам професори а надовр пука сонцето и цел свет живее? Па кога е така, ми е гајле дали сме пролет, зима лето или што било.Затворена во една безвоздушна просторија сеедно ми е кое годишно време е надвор.
Goooolem preokret mi se slucuva. Jas ni najmala promena vo zivotecov nemozam odma da ja prifatam a ne olku. Sto e be ova aman xD Ok, nemam vreme da dolzam. Sakam nakratko da kazam deka se veriv Neznam ni jas kako Ete taka Spoiler: I said yes!
Значи хејтери насекаде има! Онај бил онаков,она била ваква. Немал стомачни,немал убава кола,немал многу другари,не бил фраер... Таа била дебела,била исушена,излегувала со многу машки,незнаела да се облекува... До кога бе,до когаааа треба да ви стани јасно дека НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН!
СДК дека денес се чувствувам како најголем идиот, се понижив до толку што ке ми треба период да се соземам. Се потрудив повеќе за една личност, што со прст не мрдна за мене. Иако не требаше, денес повторно го побарав и покажав чувства за да добијам добро игнорирање и да сватам дека сум глупава! Денеска последен пат плачам за личности кои не го заслужуваат тоа, од денеска се раѓа новата Јас, доста се трудев и посветував внимание за некои што ме земаат здраво за готово. Тешко ке биде, но мора да продолжам напред со поголеми сили, да сватам дека јас треба секогаш да сум на прво место. Од сега кој како со мене така и јас. Благодарност до личноста денес што ми ги отвори очите, личноста која сигурно сега ме гледа како наивна и глупава со потегот што го направив за него! И незнам како ке продолжам напред, но морам! Самодовербата одсекогаш ми беше мала, денеска воопшто и ја немам. Никој неможе да ме свати како ми е, би ви била благодарна ако некој ме посоветува и ми каже како да го поминам овој период. Навистина паѓам во депресија...
@S.o.F.i Нема ништо срамно во искажување на чувствата и запомни дека од грешките се учи. Нема зошто да паѓаш во депресија ниту да се срамиш, никому лошо не си направила ниту пак искористила. Тоа што те понижиле и навредиле сметај го само за една вредна лекција и поука дека секогаш ти треба да се ставаш на прво место и ништо помалку. Сите сме ја имале таа ситуација каде сме помогнале на некој што не заслужува, ама на крај од денот знај дека си поразлична, бидејќи да вратиш со иста мера значи само дека си иста како тие што те повредиле. Simply, move on. Не си го троши времето на она што треба да биде игнорирано.
Уште еднаш ми се потврди дека сите компромиси што ги прави човек за да подобро се сложи со некого, или допадне, за да полесно комуникацијата оди оти ете имаш чувство дека вреди тој човек да за него направиш некои отстапки...е погрешно. Биди си тоа што си, со сите недостатоци. Многу луѓе ќе избркаш околу себе, ама тие што ќе останат ќе знаеш дека прави се. Освен ако не си тип на човек кој знае како сам со себе или само со неколкумина, тогаш немој. Продолжи да глумиш и да се трудиш околу секој и секого, за да имаш полно луѓе околу себе, верувајќи дека така не си сам.
СДК ова со Дејвид Гета ќе биде спектакл...На Саем тогаш беше добро ама сега со повеќе народ ќе биде совршено. Време беше во Мк да се донесе некој Д Џеј доста турбо фолк звезди се врткаа.
Само јас ли ги издетектирав оние нездрави, меѓусебно племенски релации кои одат во крајности ? Да не речете после, не ни кажа! Од ласкање до навредување А ги имаме, свака част!
Имам за полагање колоквиум за час и пол, колоквиум за кој немав никаква желба да учам. А во меѓувреме се нервирам зошто никако од сабајле неможам да победам ни една партија ЛоЛ.