@Summerlover Ти благодарам навистина многу, посебно за последната реченица што ми ја имаш пишано треба да почнам веднаш да ја применувам и да не си го трошам времето... Инаку доста жалење и кукање,личноста која ме повреди веќе е закопана и не постои во мојот живот! Инаку СДК дека со душа ја чекам сестра ми да си дојде од Америка, се немаме видено цели 4 години. Наредниот месец ке ни биде убав и исполнет на сите. Конечно сите заедно ке се собереме,не чека свадба на блиска личност,матура на братми, а најмногу ме радува што и сестра ми ке учествува во сето тоа!
Верувам дека секој од мака оди во болница. И да ти е досадно по дома е мака де. Ама има пациенти кои не го заслужуваат ни ова наше шугаво здравство. За нив само дивина. Кај што припаѓаат дивјаците. Ние цивилизираните и во шугави услови ќе се снајдеме.
Ма немој да се будалиш, јас прв си прашав и прв си добив одговор ДА, од каде излезе пак овај два да биде ? Ај ај ај да не тупам до толку, честитки маче и од мене, како ПРВ маж сакам да ја имам таа чест да го запознаам тој што е ДВА, да го опитвам неколку прашенца, таа чест ќе ја имам ли ?
Џабе што ќе пораснам една година, само бројкава ми се зголемува, ништо не сум научила од минатите години. Обавезно секоја година три дена пред роденден одлучувам дека ќе го славам, а ден пред роденденот ја правам тортата, и секако, мора да сум баксуз па нешто наопаку да излезе. Така и ми треба, место да си почнев некој ден порано со спремање. А тек што не може ништо совршено да излезе, а се нервирам и вријам место да уживам. Е многу сум паметна. Ај, веројатно за следна година ќе научам.
СДК ... колку е лесно да помислите за некого дека има моќ да добие што и да посака. Дека нема никаква пречка за да постигне нешто само со мрдање на малото прсте ... Зошто? Затоа што во неа сите гледаат комплетна личност, посебност и некаков магнетизам, цврстина .. А се запрашале дали таа се чувствува толку моќна?? Се запрашале ли колку се бори за да еднаш засекогаш се почувствува баш комплетно исполнета?? Знаат ли да погледнат подалеку од нивната претстава за неа и да видат дека е толку "слаба" ...
СДК... Кога се соочуваме со состојба на спротивно мислење е исто како да објаснуваме дека на небото има ѕвезди.
Кога Ава Карабатиќ стигна да биди водителка,тогаш и Сања Ристеска или Гулабица можи да биде мис на Македонија! -Поштено е!
Смачено ми е да губам драги личности. Да се навикнувам на нечие пристуство, да го отварам срцето, а потоа да морам да се подготвувам за разделба. Да морам да крадам време да уживам во нечие присуство. Не е ни прв ни последен пат, да морам да се задоволам само со спомените што ќе ми останат.
Вие тие што пишувате "загрев", уште малку па Загреб, не знам кој е тука баш за грев. Инаку, СДК, јас не сум емоционално созреана, туку презреана Малку ми е смачено од оние што сакаат да ме импресионираат со својот 'интелект' за да ме освојат. Никаде не барам да ми раскажуваат за квантна физика и одма ги читам. Најголема маана. И затоа, сега само треба да дојде еден Кен и уста да не отвара. Да ми допушти да уживам во погледот, а може и коктели да ми носи Малку на раат
Не знам како се вика, ама моментално сум во фаза од животот каде што кога ќе ми текне дека утре е сабота и ќе се наспијам, ми доаѓа да скокам од радост и едвај чекам да си легнам.
Дали некој прегеска на кеј виде една будала што трча по дождот? Јас бев! Сакате смејте ми се, сакате не. Ама ќе препукнев ако не излезев некаде да ја истурам негативната енергија. Да ви кажам, сега ми е убавини на душата. Ви посакувам убав викенд луѓенца
Абе деќќи, глејте сеа само беливе панталони, да не станат следната карирана кошула врзана околу струк. Да не биде не сум ви кажала!
Денес видов неколку работи што за прв пат сум ги видела во мојот живот, ама ете ќе издвојам две, што ми останаа во глава: 1. Асистенктка дојде со шливка на врат.... вработена во факултет и не е баш нешто млада да речеш, си дозволила со шливка да се појави. И убаво еден колега рече: Некој имал бурна ноќ...и таа нормално се правеше дека не слушнала, и само се обидуваше да ја покрие со косата ама ние веќе видовме. Мислам, хелллооуу, ние не сме појдени да учиме, туку да гледаме кој што направил, кај направил, како дошол, зошто дошол Не, стварно, мене како студент ми е глупо така да се појавам, а не таа..Господ да чува И 2. Гулаби се забавуваа во тројка (да да... не се толку наивни и добри ко што изгледаат, и тие знаеле да одлепат). Инаку немам спиено околу 26 часа и не ми се спие баш многу, еве можам да седам уште, ама сепак ми е страв да не ми пукне некој капилар во окото пошто чувствувам притисок, па не е лошо да си подлегнам...па и како врне надвор, таман ми се погоди за некој сон да врзам Ред бул ти дава крилјаааа
Current mood: Ни на живо се радувам, ни на мртво плачам... Периодов се изнаслушав пофалби и комплименти од типот: одлично сработено, добро совладано, како сум била разубавена, како сум ослабела... Ме прашуваат која е тајната на ,,успехот''... Што да им кажам? Дека за ваквиот навидум ,,добар'' изглед се погрижи константниот стрес и притисок од сите страни изминатите месеци? Дека позади добрите резултати стојат долги непроспиени ноќи? Не дека се жалам... Само доволно е да ме погледнат во очи и ќе им стане јасно, дека позади насмевката која се почесто е изнудена и исфорсирана, стои една празнина... Сум станала како робот, во секоја смисла за зборот... Без никаков проблем си ги извршувам секојдневните обврски и задолженија, си зацртувам нови цели, но сум станала толку индиферентна што не чувствувам никакво задоволство што и да направам, што и да слушнам, никаква пофалба, ниту кудење не допира до мене... Единствено што осеќам секоја вечер кога се обидувам да заспијам е една огромна празнина, празнина која ми предизвикува болка во стомакот и не знам како да си помогнам... Се појави и кога замина како да понесе со себе еден дел од мене... А позади себе ме остави скршена, со една тежина... Безброј прашања... Неизречени зборови... Недосонувани соништа... Неостварени желби.... Непроживеани денови... Можеби и го заслужив ова.... Можеби ова ми е казната за тоа што не те држев цврсто за рака како ти мене... За тоа што не те гушнав и не ти кажав никогаш да не ме пуштиш... Затоа што не ти подадов рака кога ми кажа да тргнам со тебе...
Ситни души ... Правиш се за нив! Ти се заблагодаруваат , те гушкаат и бацуваат , те сакаат најмногу на свет зашо си кретен , за нив си 24/7 тука, да ги слушаш ,тешиш , да им ги криеш гревовите, да те полнат со негативна енергија , да те боли глава и тебе ради нив. До кога ? -До кога имаат корист ,се разбира . После наоѓаат друга светиња да и се клањаат. Епа доста ми е од такви , нема веќе жал . Секој што си прави , ќе го удри по глава еден ден . Не сакам веќе да сум дел во нивните прљави и гнасни игри и ради нив и мене да ми е глупаво да гледам други невини лица кои појма немаат што им прават зад грб.
Izgor vreme, 27 stepena vo April koga spored zakonot na prirodata vrne sneg. 27 stepeni ne e ni vo Avgust. Na lugeto im se losese od vrukina. Kako i da e 1997 god na istiov den bilo -40. Globalno zatopluvanje nema sala