СДК Нема ништо поубаво кога ќе му погледнеш преку очи во длабочината на душата и гледаш едно мало машко детенце желно за љубов,разбирање истото она што го гледаш преку твоите очи во длабочината на твојата душа а е од женски пол.Е овој е да си го фатиш и бегаш со него на пуст остров и да го населите со ваши уникатни потомци. п.с.не сум свесна колку сум среќна,нека постои ова да ме потсетува за навек 10.4.16.
Секоја шанса која ја имам за да излезам и да шетам надвор од град - ја користам. Бев Вруток, Лешок, Матка. Абе како дете си се радував и си трчкав наоколу. Енергијата од свежиот воздух ме држи уште, и веќе 20h и јас пак неможам да спијам Ама ова, убавина, мир, повлеченост - ме привлекува. Мислам дека си ги наполнав батериите за наредни 20 години. И сакам пак. Што поскоро.
Имам де4ко не се наоѓаат јас сум уникат Хаха за колачињата нека ги грицка нив, за мене малку потешко. Фала з пофалбата. Јас на диета сум па не се стрвам, ја отворив темата вечерва после неколку дена, па благото ме привлечува повеќе зошто не смеам да го јадам, инаку се е перфектно таму. Апни си ти, и за мене апни благо. Го пишав овде постот, таму да не е офф.
Денов ми беше прекрасен полн со обврски од утре иста песна ама ако до душа ми фалеа многу,многу обврските добра ноќ
Ќе се разминеш со некои луѓе, со некои нешта, ситуации, можности и... остатокот од животот ќе го минеш помислувајќи на истите, еднакво толку потиснувајќи ги сите мисли плус, убедувајќи се: „така требало..“ ма, “и подобро!“. Со какви само срања си се рани човек. Nighty, night!
жабо си слави мозокот Бајрам со такви мисли.не дека сум ги немала/немам и јас ама повеќе не им обрнувам внимание.тука сум и сега и таму живеам.не ме интересира веќе што било или како би било нит што ме чека.
Среќен си кога си среќен со тоа што го имаш, а не тоа што сакаш да го имаш. Извикано и кажано милијарда пати, ама осетено вистински колку пати?! Тука спијат стравовите, тука е незадоволството. Ја чувам ноќва како утре да не е понеделник. До душа слободна сум...ама тоа не збачи дека треба низок старт на неделата и се расправам сама со себе.
Понекогаш сакам да имам камено срце. Не за да бидам лош према луѓето... Чисто онака... заради сопствена заштита.
Да да, малку мешани се сликите зошто ги редев по големина, тие од инста ги ставав ахахха Имаше и натпревар си гледав аааа
Сакам изненадувања само да не се многу емотивни. Пред неколку дена му кажав на брат ми една непријатност што ми се случи на факултет и како имам грижа на совеста. По еден час доаѓа и ми фрла на кревет две ливчиња. Нееее бееее, нема шансиии леелееее... ги држам во така и не можам да поверувам. Ми купил карта за Дејвид Гета. Пресреќна бев и едвај чекам. Брат брата не рани, тешко кој го нема